Book Now!
esc


Вила Polichrono apartments - Полихроно лето 2026


Во срцето на Касандра, на околу 4 часа возење од Скопје, во заливот Торонеос, се наоѓа едно од најживописните летувалишта на Халкидики – Полихроно.
Познато е по кристалното, тиркизно море, плитко, создадено за детски водени лудувања, како и по бујната медитеранска вегетација. Тука ќе најдете некои од најубавите плажи на првиот крак на Халкидики, место совршено за семеен одмор. Во можност сте да уживате во големиот број крајбрежни таверни и барови, но и да се прошетате низ околните места и плажи, бидејќи локацијата е навистина идеална. Многубројни супермаркети и пекари ви се на дофат, така што нема да ви недостига ништо. Во Полихроно има аптека и амбуланта, па сигурни сте во секој поглед. Во продолжение ви ја претставуваме вилата „Polichrono apartments“ нова вила во нашата понуда!


Термин 1/4 app
23.05-30.05 149
30.05-06.06 186
06.06-13.06 214
13.06-20.06 278
20.06-27.06 349
27.06-04.07 536
04.07-11.07 649
11.07-18.07 800
18.07-25.07 800
25.07-01.08 800
01.08-08.08 800
08.08-15.08 800
15.08-22.08 800
22.08-29.08 800
29.08-05.09 694
05.09-12.09 589
12.09-19.09 455
19.09-26.09 395
26.09-03.10 310

Што е вклучено во цената:

-7 ноќевања во вила (цени за наем)

-Користење на клима

-Користење на базен

-Сопствен паркинг

-WI-FI

Што не е вклучено во цената

-Доплата за туристичка такса 14 евра од апартман за цел престој (Се плаќа во вилата)
-Превоз Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија
-Превоз за возрасен повратен билет 50 еур / 45 еур во еден правец
-Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 40Еур / 35 еур во еден правец
-Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно
-Патничко осигурување

Важно:

-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
-Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
-Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5.99год.
-Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
-За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
-Попустите Не се комбинираат.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
-Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
-Сместување во собите е по 14.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 09.00час.
-По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
-Доколку е за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата.
-Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
-Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
-За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.