Duration: 04 Dec 2026 - 07 Dec 2026
Price: 419€
Book Now!
holi*ay


Мадрид не е само главен град – тој е жив музеј, динамична сцена, топло добредојде и вистинскиот ритам на шпанскиот живот. Град полн со енергија, уметност и историја, кој во декември блеска со посебна магија – светлата на празниците ги осветлуваат неговите булевари, а воздухот мириса на печени костени, топло чоколадо и свеченост.

Со своите импресивни музеи како Прадо, Реина Софија и Тисен-Борнемиса, Мадрид останува рај за љубителите на уметноста. Делата на Гоја, Веласкез, Пикасо и Дали се само дел од безвременската културна ризница што градот ја нуди во секој период од годината.

Плоштадот Пуерта дел Сол свети во илјадници бои, Пласа Мајор станува дом на традиционалниот Божиќен пазар, а парковите како Ретиро нудат тивки прошетки во свеж зимски воздух. Кујната на Мадрид во овој период плени со вкусот на традицијата – чуроси со топло чоколадо, тапаси со шпанско вино и мирис на празнични специјалитети.


Датум 04.12 – 07.12.2026
Цена 419 € по лице

80 € за деца до 2 години


Во цената е вклучено

  • Повратен авионски лет од Скопје со рачен багаж
  • Аеродромска такса
  • 3 ноќевања со појадок во Porcel Torre Garden 3*
  • Трансфер од аеродром – хотел – аеродром

Во цената не е вклучено

  • Туристичка такса по лице / ден
  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Локален транспорт: метро или автобуски билети

Програма

04.12.2026

  • Полетување од Скопје во 16:50 часот, пристигнување во Мадрид во 20:40 часот.
  • Организиран приватен трансфер до хотелот Porcel Torre Garden 3* и сместување.

05.12.2026

  • Појадок.
  • Факултативна пешачка тура (4 часа): Puerta de Alcalá, Ретиро Парк, Фонтана Нептун, Плоштадот Сибелес, Гран Виа, Пуерта дел Сол, Плаза Мајор и Сан Мигел Маркет.
  • Слободно време и враќање кон хотелот.

06.12.2026

  • Појадок.
  • Факултативна еднодневна тура до Толедо (9:00–17:00) – Катедралата, Музејот на Ел Греко, Еврејската четврт.
  • Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг.

07.12.2026

  • Појадок и одјавување.
  • Факултативна посета на Кралската палата, музејот Прадо, музејот Реина Софија и Плоштадот Еспанија.
  • Организиран трансфер до аеродромот. Полетување од Мадрид во 21:25 часот, враќање во Скопје во 00:50 часот.

Факултативни излети

Пешачка тура во срцето на Мадрид со водич   40 €

Четиричасовна тура: Порта Алкала, Ретиро Парк, Фонтана Нептун, Плоштадот Сибелес, Гран Виа, Пуерта дел Сол, Плаза Мајор и Сан Мигел Маркет.

Толедо „Градот на трите култури“   80 €

Еднодневна тура (9:00–17:00) до Толедо со Катедралата, Музејот на Ел Греко, Еврејската четврт и дегустација на манчего сирење. Вклучени водич и превоз.

Кралска палата во Мадрид   40 €

Разглед на една од најголемите кралски резиденции во Европа – кралски сали, уметнички галерии и церемонијални простории.

Музеј Прадо   20 €

Посета на еден од најпознатите уметнички музеи во светот, со дела на Веласкез, Гоја, Ел Греко и Рубенс.

Музеј Реина Софија   15 €

Модерна и современа уметност, вклучувајќи ја „Герника“ од Пикасо, како и дела на Дали и Миро.

Сантијаго Бернабеу   45 €

Посета на стадионот на Реал Мадрид – музеј, соблекувални и тунелот на играчите.

Вечерна фламенко програма   зависно од бројот на заинтересирани

Традиционална шпанска музичко-танцова изведба полна со емоции, енергија и страст.


Дополнителни информации

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
  • Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од расположливоста.
  • Пасошот мора да важи најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.
  • Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.
  • При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.
  • Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
  • Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.
  • Организаторот може да ги понуди слободните места по специјални „ultra first“ или „last minute“ цени.
  • Патниците кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на поврат при разлика во цена.