Рибарска Бања, позната и како Кралевска Бања, е една од најубавите и најстарите бањи во Србија, сместена на падините на Копаоник, блиску до градот Крушевац. Бањата е славна по своите лековити термални води, чист планински воздух и мирна природа.
Името „Кралевска Бања“ потекнува од историската традиција – бањата често ја посетувале српските кралеви и кнезови, кои овде доаѓале за одмор и лекување. Денес, таа продолжува да биде место за релаксација, рехабилитација и wellness активности.
Градот Крушевац, оддалечен само 12–15 км од Рибарска Бања, е срцето на средновековната српска историја. Тој е основан во 1371 година и служел како престолнина на кнез Лазар.
Главни атракции во Крушевац:
Манастир Свети Роман
Историја и значење:
Архитектура и убавини:
Манастир Ѓунис
Локација: Село Ђунис, околина на Крушевац, во долината на Јужна Морава.
Историја и чудотворна вода:
1 ДЕН: 10.10.2026 ( Сабота ) или 23.10.2026 ( петок )
Состанок со групата во 06.30 час., поаѓање за Рибарска Бања во 07.00 час. Од главната автобуска станица во Скопје. Се патува преку граничен премин Табановце со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Рибарска Бања во пладневните часови, сместување во центарот на Рибарска Бања во Apartments DeLux, слободно време за одмор. Во попладневните часови разглед на Рибарска Бања: прпшетка низ големиот бањски парк, споменикот на Крал Петар I, Царева Чешма – најголемиот симбол на Рибарска Бања – природно термална чешма со лековита вода, можност за прошетка убаво уредени пешачки патеки и природа или уживање во гастрономијата во локалните ресторани и кафулиња со традиционална српска кујна. Посета на термални базени и спа ( факултативно ) , ќе уживаме во термалните води со температура од 38–39°C, релакс масажи, сауна, парна бања и модерни велнес содржини. Вечера. Ноќевање.
2 ДЕН: 11.10.2026 ( Недела ) или 24.10.2026 ( Сабота )
Појадок. После појадокот поаѓање за Кручевац. Посета на Царев двор (Лазарев град) – средновековна тврдина и археолошки локалитет, потоа посета на Манастир Лазарица – црква во моравски стил со фрески и иконостас. Слободно време за прошетка низ Крушевац, можност за ручек. Во попладневните часови поаѓање за Рибарска Бања. Вечера. Ноќевање.
3 ДЕН: 12.10.2026 ( Понеделник ) или 25.10.2026 ( Недела )
Појадок. После појадокот напуштање на апартманите и поаѓање за Манастирите Св.Роман и Ѓунис. Свети Роман – духовен центар со убави фрески и мирен двор, потоа се упатуваме кон Манастир Ѓунис.– женски манастир со чудотворен извор и духовна атмосфера.Лесна прошетка и фотографирање. Во договорено време поаѓање за Скопје. Попатна пауза во Врање кај Лидл, пристигнување во Македонија во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА: 119€ ( по лице )
РЕДОВНА ЦЕНА: 139€ ( по лице )
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНА: