фиб
Скандинавски престолнини
Малме – Копенхаген – Хелсингор - Гетеборг – Осло – Оребро - Стокхолм
06.11.2026 - 10.11.2026
5 ДЕНА / 4 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ
ЦЕНА : 649€
- КОПЕНХАГЕН: Главниот град на Данска и еден од најубавите, најорганизирани и најживи градови во Европа. Копенхаген е модерен, зелен и дизајнерски град, често рангиран меѓу најдобрите во светот по квалитет на живот.
- ГЕТЕБОРГ: Вториот по големина град во Шведска, познат по својата поморска историја, зелени паркови, пријателски дух и вкусна храна. Gетеборг често го нарекуваат „поопуштениот брат“ на Стокхолм, бидејќи е град со помалку формалност, повеќе топлина и хумор, каде жителите се познати по својот пријателски и духовит карактер.
- ОСЛО: Главниот град на Норвешка е познат по својата комбинација на модерна архитектура, природа и богата културна сцена. Овој град, еден од најстарите градови во Скандинавија, денес е пример за одржлив урбан развој — полн со паркови, велосипедски патеки и културни центри.
- СТОКХОЛМ: Главниот град на Шведска, град на острови, мостови и бескрајна скандинавска елеганција. Денес е модерен, зелен и уреден град, каде старото се меша со новото — средновековни улички стојат веднаш до современи стаклени згради.
Цена на аранжманот:
649€ / 40.238 ден
Дневна програма:
1 ден Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред време за лет. Полетување за Стокхолм во 17:55 часот, слетување во 21:10. Трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден Појадок. Панорамска посета на спомениците во Стокхолм, дворецот Drottningholms со посета на неговите прекрасни градини, Градското собрание, стариот град и централниот остров Gamla Stan каде што се наоѓа стариот кралски дворец, централниот плоштад на градот и најубавиот Stortorget каде што се наоѓа Шведската академија и Музејот на Нобел. Поаѓање за Оребро. Ноќевање.
3 ден Појадок. Краток разглед на Оребро. Поаѓање за Осло. Патувањето трае околу 3 часа. Организиран разглед на Осло: Akershus замок, Rådhuset - градско собрание и место на доделување на Нобеловите награди; Карл Јохан главна улица со Националниот Театар, парламент и кралска палата, Park Vigeland и Frogner, Holmenkollen скијачка патека и панорама. Сместување во хотел. Ноќевање.
4 ден Појадок. Поаѓање за Гетеборг (околу 2 часа). Организиран разглед на Гетеборг: плоштадот Густав Адолф, Градското собрание, Stortorget и Domkyrkan, кралските градини Kungsparken, стариот холандски кварт „Haga“ и Götaplatsen плоштадот, Nordstan најголемиот шопинг центар во Скандинавија. Патувањето продолжува кон Хелсингор. Сместување во хотел. Ноќевање.
5 ден Појадок. Поаѓање за Хелсингор со ферибод каде што се наоѓа замокот во кој се одвиваат настани од делото на Шекспир, Хамлет. Патувањето трае околу еден час. Посета на замокот околу еден час. Продолжуваме за Копенхаген, патувањето трае околу 1 час. Организиран разглед на градот: катедралата на Копенхаген, каде што се наоѓа Универзитетот, како и Rundetaarn (Округлата кула) стара опсерваторија; Rådhuspladsen градскиот плоштад и градското собрание; Christiansborg Palace актуелниот дански парламент; Rosenborg Palace кралска палата со колекција на крунски накити; Amalienborg - резиденција на кралската фамилија; Frederick's Church - впечатлива барокна црква; Малата сирена позната статуа инспирирана од Ханс Кристијан Андерсен. Продолжуваме до Малме преку мостот Оресунд. Посета на центарот во Малме. Поаѓање за аеродром. Поаѓање од Малме во 21:20 часот. Пристигнување во Скопје во 23:55 часот.
Во цената е вклучено:
- Авионски превоз
- 4 ноќевања со појадок во хотел со 3*
- Трансфер од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
- Туристичка такса
Во цената не се вклучени следниве услуги:
- Се што не е наведено во програмата
- Влезници за објектите и културно-историски споменици
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
Важна напомена:
- Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
- Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
- Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.
Општи услови:
- Плаќањето е задолжително во денари ($1€ = 62$ ден).
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето.
- Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување.
- За резервација задолжителна уплата од 100%.
- Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали.
- Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали.
- Промена на име на патникот може да се направи до 7 дена пред патување со доплата од 150€.
- Цените кои се горенаведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани. Редоследот на разгледувањата во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени во зависност од временските услови или договор со патниците.