Duration: 15 Apr 2027 - 20 Apr 2027
Price: 299€Промо цена : 269€
Book Now!
нех


Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови… Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот… Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот… Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег – најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата…


1 ден  15.04.2027 • Скопје – Кан

Состанок на групата во 09:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.

 2 ден  16.04.2027 • Кан

Oчекувано пристигнување во Кан околу пладневните часови. Почнуваме со запознавање на монденскиот  Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината..Сместување во хотел.  Слободно време за индивидуални прошетки, можност за капење на градската песочна плажа, кафе во кафуле со автентичен француски амбиент  или вечера во центарот на Кан. Индивидуално враќање во хотел.  Ноќевање.

03 ден  17.04.2027 • Антиб – Ница

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб…

• Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани… несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 12 еур)…и потоа посета на кралицата на Азурниот брег.

• Ница –  продолжуваме со посета на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, катедралата, променадата… Слободно време за  индивидуални прошетки низ центарот на Ница, можност за капење на градската плажа, препорачуваме ручек во некој од автентичните провансалски ресторани во центарот на градот. Во вечерните часови враќање во Кан.  Ноќевање.

04 ден  18.04.2027  • Кан – Сен Тропе – Монте Карло

По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег

• Сент Тропе – Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien, катедралата… Во попладневните часови враќање во Кан. Слободно време за одмор.   Вечерта предлагаме излет до гламурозниот Монте Карло… слободно време за прошетки  и посета на најлуксузната коцкарница во светот. Враќање во хотел. Ноќевање.

Посета на прекрасниот Плоштад Лис (Place des Lices), опкружен со вековни платани, каде може да се почувствува вистинскиот дух на Прованса. Уживање во медитеранскиот амбиент, прекрасните погледи кон морето и шармот на градот кој со децении ги привлекува светските ѕвезди.

Слободно време за прошетка покрај пристаништето, француско кафе и дегустација на прочуениот локален специјалитет Tarte Tropézienne.

Во попладневните часови враќање во Кан. Слободно време за одмор.

Вечерта предлагаме излет до гламурозниот Монте Карло – вистински бисер на Кнежевството Монако, место каде што раскошот, гламурот и медитеранската убавина се спојуваат во неповторливо доживување, место каде што луксузот има своја адреса, елеганцијата е начин на живот, а секој поглед открива нова убавина на Медитеранот Прошетка низ еден од најпрестижните делови на француската ривиера, познат по своите луксузни хотели, елегантни бутици, прекрасни градини и ексклузивни автомобили. Разглед на светски познатото Казино Монте Карло, архитектонско ремек-дело и симбол на гламурот, како и прекрасниот Плоштад на казиното (Place du Casino), опкружен со раскошни градби и прекрасни цветни аранжмани.

Уживање во прекрасните панорамски погледи кон Средоземното Море, луксузните јахти и живописното крајбрежје. Можност за прошетка по дел од легендарната патека на Формула 1 – Големата награда на Монако, која поминува низ улиците на оваа престижна дестинација.

Слободно време за фотографирање, кафе во некое од елегантните кафулиња и уживање во единствената атмосфера на Монте Карло.

05 ден  19.04.2027 • Кан – Фрагонард во Ез – Монако – Скопје

Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез, Фрагонард (Fragonard), сместена во живописното француско гратче Ез, високо над тиркизните води на Средоземното Море.
Вистинско патување во волшебниот свет на француските парфеми, каде традицијата, уметноста и префинетоста се спојуваат во незаборавно мирисно доживување.
За време на посетата ќе имаме можност да се запознаеме со тајните на создавањето парфеми, внимателниот избор на мирисни есенции и традиционалните техники што ја прават француската парфимерија светски позната.
Ќе откриеме како нежните цветни ноти, ароматичните билки и медитеранските мириси се претвораат во уникатни парфемски композиции. Можност за разгледување и купување оригинални француски парфеми, козметички производи и мирисни сувенири.
Фрагонард е место каде што секој мирис раскажува своја приказна, а магијата на француската елеганција останува во сеќавањето долго по патувањето!

Продолжуваме накај Монако, мала, но волшебна кнежевска држава на брегот на Средоземното Море, позната по својата раскошна архитектура, кралска историја, прекрасни панорами и неповторлив медитерански шарм.
Прошетка низ живописниот стар град Монако-Вил (Monaco-Ville), сместен на карпа високо над морето, со тесни калдрмисани улички, шарени фасади и романтични плоштади. Разглед на величествената Кнежевска палата (Palais Princier), официјалната резиденција на кнежевското семејство Грималди, од каде се отвораат прекрасни погледи кон пристаништето и Азурниот Брег.
Посета на познатата Катедрала Свети Никола, каде почиваат принцезата Грејс Кели и кнезот Рение III, како и прошетка покрај прекрасните градини и видиковци со незаборавни панорами кон Средоземното Море.
Можност за разглед на импресивниот Океанографски музеј и аквариум Монако ( влезница 23 Еур). , една од најпознатите знаменитости на Монако, и уживање во прекрасната атмосфера на оваа единствена медитеранска дестинација.

Слободно време за фотографирање, прошетка низ шармантните улички и уживање во погледите кон луксузните јахти и живописното крајбрежје.

Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

06 ден  20.04.2027 • Скопје

Очекувано пристигнување во Скопје во вечерните часови.


Промо цена за резервација до 31.01.2027: 269€ / 16.680 ден

Редовна цена на аранжманот: 299 € /18.540 ден


Аранжманот вклучува

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во хотел Hotel Ibis Budget Cannes Centre Viile во Кан, на база 3 ноќевања со појадок,
  • Разглед на Кан
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

Не е вклучено

  • Задолжително патничко осигурување 300 мкд (цената важи за лица до 60 години)
  • Туристичка такса во Кан (5€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  • Задолжителна посета на Монако, последниот ден (40€) се плаќа во агенција
  • Посета на Ст. Тропе - 50€
  • Посета на Ница и Антиб - 50€
  • Вечерна посета на Монте Карло и коцкарниците - 50€
  • ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Ст. Тропе+Ница и Антиб+Монте Карло - 140€
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
  • Доплата за избор на седиште 20€
  • Доплата за празно седиште 150€

Сместување

Hotel Ibis Budget Cannes Centre Viile 3*

Ibis Budget Cannes Centre Ville е хотел со одлична локација во центарот на Кан. Се наоѓа на околу 10–15 минути пешачење од познатата плажа и шеталиштето Кроазет, како и од Фестивалската палата. Хотелот располага со едноставни, модерно уредени и климатизирани соби за 1, 2 или 3 лица, опремени со ТВ, бесплатен Wi-Fi и сопствена бања. Гостите можат да користат појадок на шведска маса, а во близина се наоѓаат бројни ресторани, продавници и железничката станица. Хотелот е добар избор за патници кои бараат практично сместување и одлична поврзаност со главните атракции во Кан.


 Напомени и услови:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
  • Бројот на собата, катот и позицијата на собата се доделуваат од страна на хотелот при пристигнување и не можат однапред да се гарантираат.