Duration: 21 May 2025 - 25 May 2025
Price: 139€Промо цена : 119€
Book Now!

го


Термин 21.05 – 25.05


ПРОГРАМА:

21.05.2025 (четврток)
ПРВ ДЕН: Состанок на групата кај Хотел Континентал во вечерите часови. Ноќно возење преку граничниот Меџитлија – Битола, со попатни паузи на секои 3-4 часа.

22.05.2025 (петок)
ВТОР ДЕН: Пристигнување на пристаништето во Игуменица од каде патот го продолжуваме со траект до островот Крф. Предвидено пристигнување на пристаништето на Крф во попладневните часови. Следувa возење до местото Ипсос, каде групата ќе биде сместена во сместувачките капацитети. Следува одмор и можност за запознавање со околината. Некаде околу 17-18 часот, се упатуваме кон градот Крф. Попатно ќе имате прилика да слушнете се за островот, градот, традициите, историјата, а потоа и панорамски разглед на стариот дел од градот, новата тврдина, старата тврдина, пристаништето. Следува кратка прошетка низ стариот дел од градот, покрај црквата на најзначајниот светец на островот, Свети Спиридон каде се наоѓаат и неговите мошти. Потоа слободно време за прошетка и запознавање со градот Во договорено време, следува враќање во сместувачките капацитети, ноќевање.

23.05.2025 (сабота)
ТРЕТ ДЕН: Ипсос е место кое во текот на летниот период изобилува со туристи, но во месецот мај, местото изгледа сосема поинаку, мирно и идеално за убав сон, кое ќе ви овозможи да се разбудите свежи и одморени за да го истражуваме островот. Групата ќе има можност, факултативно да го посети местото кое е најголемата атракција на осторовот, местото Палеокастрица. Оваа посета не би била комплетна доколку попатно не се застане во фабриката „Мавроматис“, за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Куат. Ова овошје е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за дегустација каде ќе имаат прилика да ги пробаат ликерите кои се произведуваат од овошјето и исто така да си купат дел од истите. Потоа се упатуваме кон Палеокастрица, местото кое се смета за вистински рај на земјата. Неговите плажи со години го добиваат епитетот „најубави“ во Европа, поради неверојатно тиркизната боја на морето, која се должи на тоа што пределот е доста карпест, а тоа носи и доста поладна вода за разлика од другите плажи на островот. Ќе имате прилика да уживате токму во тие убавини. На благ видиковец над Палеокастрица се наоѓа и манастирот од 13-век, Света Богодорица, од кој се пружа прекрасен поглед на заливите и самото место, како и аквариум со терариум каде ќе можете да се запознаете со животинскиот свет на островот, но и светот. По завршувањето на посетата, се враќаме во Ипсос.

24.05.2025 (недела)
ЧЕТВРТ ДЕН: Во договорено време, групата се упатува кон местото Сидари, каде ќе има доволно време да се прошета малото градче и да се ужива на плажа. Сидари е место познато по тунелот на љубовта, по глинените карпи, место каде секој турист задолжително доаѓа при посетата на Крф. Градчето е живописно и има бројни ресторанчиња и таверни. Слободно време за истражување и во договорено време, групата се враќа во Ипсос.

25.05.2025 (понеделник)
ПЕТТИ ДЕН: Последниот ден е резервиран за уживање во Ипсос. Голема е веројатноста во тој период времето да е веќе доволоно топло за да може да се искористат и придобивките на морето. Во договорено време се прави чек аут од апартманите и се упатуваме кон пристаништето каде ќе се качиме на траект кон Игуменица. Потоа следува враќање во Македонија, со попатни паузи. Пристигнувањето е планирано во утринските часови на 26.05.


ПРОМО ЦЕНА 119 евра

Редовна цена 139 евра.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Три ноќевања во приватни вили на Ипсос, Крф
  • Автобуски превоз
  • Разглед и прошетка на градот Крф
  • Туристички придружник/водич за време на престојот и патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Повратен билет за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица – 30 евра по лице
  • Туристичка такса 2 евра од ден по соба
  • Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис – 20 евра (аквариум опционално 10 евра)
  • Посета на местото Сидари – 25 евра по лице
  • Задолжително патничко осигурување – 400 денари по лице
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ:

  • За да направите резервација, потребно е да уплатите 30% аконтација, а до 10 дена пред тргнување да биде целосно исплатена сумата на аранжманот.
  • Доплата за сингл соба е 70% дополнително од цената на аранжманот
  • Деца од 0-03 години – бесплатно
  • Деца од 3 до 10 години (со двајца возрасни) плаќаат 70% од сумата на аранжманот

Апартманско сместување:

  • Апартманите се наоѓаат во местото Ипсос/Пирги.
  • Сите соби имаат мини кујна со основен прибор, тераса, тоалет
  • Климата се употребува по желба (со доплата)