holi*ay
Андалузија – сончевиот бисер на јужна Шпанија, регион на уметност, историја и автентичен медитерански шарм. Еден од најбогатите и најразновидни региони во Европа, Андалузија нуди совршен спој на море, култура и гастрономија, каде традицијата и современиот дух живеат во хармонија.
Регионот е дом на импресивно културно наследство – од маварски палати, тврдини и римски споменици, до величествени катедрали, историски градови и светски познати уметници. Со повеќе од 300 сончеви денови годишно, Андалузија привлекува со своите долги плажи, топло море и жив ритам на живот.
Патувањето ги опфаќа Севиља – домот на кралските палати и фламенкото, Ронда – драматичен град поставен над кањон, Гранада – со величествената Алхамбра, Марбеља – елеганција покрај морето и Малага – престолнината на Коста дел Сол и роден град на Пабло Пикасо.
| Датум |
21.10 – 25.10.2026 |
| Цена |
549 € по лице
80 € за деца до 2 години |
Во цената е вклучено
- Трансфер Скопје – Тирана – Скопје
- Повратен авионски лет од Тирана cо рачен багаж
- Аеродромска такса
- 4 ноќевања со појадок во Tent Torremolinos 3*
- Продолжен појадок до 13:30 часот
- Придружник од агенцијата
- Трансфер од аеродром – хотел – аеродром
Во цената не е вклучено
- Туристичка такса по лице / ден
- Факултативни излети
- Патничко осигурување
- Локален транспорт: метро или автобуски билети
Програма
21.10.2026
- Собир со групата во Скопје и тргнување кон Тирана.
- Полетување за Малага во 17:25 часот, слетување во 20:50 часот. Ноќевање.
22.10.2026
- Посета на Марбеља – старата чаршија, плоштадите и марината.
- Продолжување кон Ронда – мостот Puente Nuevo, арената за корида, арапските бањи и палатата Mondragón.
23.10.2026
- Појадок.
- Целодневна посета на Севиља – Катедралата со гробницата на Колумбо, кулата Гиралда, Кралскиот Алказар, Златната кула и Плоштад Шпанија.
24.10.2026
- Појадок.
- Целодневна посета на Гранада и величествената Алхамбра – маварски палати, тврдини и Генералифе градините.
25.10.2026
- Појадок и напуштање на собите.
- Краток разглед на Малага – Катедралата, Римскиот театар и Calle Larios.
- Трансфер до аеродромот. Полетување за Тирана во 21:35 часот, слетување во 00:50 часот.
Факултативни излети
Марбеља и Ронда 85 €
Целодневна тура: старата чаршија и марината во Марбеља, потоа Ронда со мостот Puente Nuevo, арената за корида, арапските бањи и палатата Mondragón.
Севиља 100 €
Катедралата со гробницата на Кристофер Колумбо, кулата Гиралда, Кралскиот Алказар, Златната кула, Паркот Марија Луиза и Плоштад Шпанија.
Гранада 85 € + доплата за влезница во Алхамбра 45 €
Целодневна посета на Алхамбра со маварските палати, тврдините и Генералифе градините, со локален водич.
Малага 40 €
Катедралата, Римскиот театар, старата чаршија Calle Larios и панорамски поглед на тврдините Алкасаба и Гибралфаро.
Пакет за сите факултативи 315 € наместо 355 €
Комбиниран пакет за сите четири екскурзии по попустена цена.
Дополнителни информации
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
- Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од расположливоста.
- Пасошот мора да важи најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.
- Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.
- При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.
- Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
- Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.
- Организаторот може да ги понуди слободните места по специјални „ultra first“ или „last minute“ цени.
- Патниците кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на поврат при разлика во цена.