Duration: 19.01.2025
Price: 699€
Book Now!
fib


ПАРИЗ -ВЕРСАЈ ДИЗНИЛЕНД
19.01.2025 – 23.01.2025
Авионски превоз +Аеродромски такси+ багаж
4 ноќи + појадок +трансфер +разглед + над 10 пешачки тури


1 ден – 19.01.2025 (Петок)
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 03.50 часот. Полетување за Париз преку Загреб во 05:50 ч од Скопје. Слетување во Париз во 10:30 ч. Организиран трансфер со автобус  до градот со вклучен панорамски двочасовен разглед: Елисејски полиња, Триумфална капија, Конкорд, црквата Мадлена, опера Гарние, Вандом, Лувр, Орсеј, Нотр Дам, Латински кварт, Инвалиди, Воена Школа, Ајфелова кула, мостот Александар III. Сместување во хотел. Слободно време за ручек. Во 19 часот организирана прошетка по Елисејските полиња, крстарење со брод по Сена (факултативно). Слободно време за вечера (факултативно). Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

2 ден – 20.01.2025 (Сабота)
Појадок. Организирана прошетка до Лувр (со метро). Од Конкорд преку паркот Тујлери се доаѓа до малата Триумфална Капија и Пирамидата пред Лувр. Слободно време за влез во Лувр со претходно резервирани влезници. Посетата трае 2 часа. Слободно време за ручек. Посета на Операта Гарние, галеријата Лафајет и музејот за парфеми Фрагонар. Прошетката продолжува пешки до плоштадот Вандом и хотелот Риц. Прошетка и слободно време за сликање на плоштадот Конкорд. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

3 ден – 21,01,2025 (Недела)
Појадок. Во 08.00 часот поаѓање за Версај. Организирана посета и влез во дворецот. Слободно време за прошетка по парковите. Враќање во Париз и организирана заедничка посета на латинскиот кварт, посета на Богородичната црква. Слободно време за ручек. Организирана посета на Мон Мартр (со метро). Слободно време и прошетка во квартот на уметниците и посета на црквата Свето Срце. Слободно време за сликање пред најпознатото кабаре Мулен Руж. Организирана прошетка до Ајфеловата Кула и слободно време за посета на истата Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

4 ден – 22,01,2025 (Понеделник)
Појадок. Слободен ден за индивидуална посета на забавниот парк Дизниленд. Се патува со брз воз, влезниците се купуваат преку интернет. За оние кои остануваат во Париз има организирана прошетка до квартот Маре, Општината, Бастиља, центарот Помпиду. За љубителите на кабареа можност за организирана вечерна посета на Мулен Руж или Крејзи Хорс (факултативно). Ноќевање.

5 ден – 23,01,2023 (Вторник)
Појадок. Организиран превоз до аеродром од хотелот во 07:30 часот. Полетување за Загреб во 11:20 часот, слетување во 13.10 ч Слободно попладне за посета на Загреб. Полетување за Скопје во 22.00, слетување во 23.25 часот.


Цена на аражманот 699 €


Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Авио билет на релација Скопје – Париз – Скопје со Croatia Airlines
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен багаж 20 кг
  • 4 ноќевања со појадок во хотел со 3* Ibis La Defence или сличен
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организиран панорамски разглед на градот со автобус
  • Организирани пешачки разгледувања на градот со пратител на група: Ла Дефанс, Елисејски Полиња, Триумфална Капија, плоштад Конкорд, Елисејска Палата, Мала и Голема Палата, музеј Лувр однадвор и паркот Тујлери, музејот Орсеј однадвор, плоштад Вандом, операта Гарние, галерија Лафајет, Фрагонард музејот (со влез), латинскиот кварт и Нотр Дам однадвор, Сорбона, Пантеон, Луксембуршки градини, Мон Мартр и Пигал, Мулен Руж, Ајфеловата Кула, Дом На Инвалиди, Трокадеро…
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Превоз со метро и автобус во Париз (цена околу 17€ карнет за 10 возења)
  • Влезница за Ајфелова Кула (влезница до 2-риот кат 60€, до врвот 28.30€)
  • Посета на Лувр 22€ влезница (се купува билет преку интернет или во музејот при влез)
  • Посета на Версај – 85€ (влезница + водич), за лица до 18 год. 45€ (се патува со автобус од хотел), не е вклучена влезница за парковите и се плаќа на лице место ,чини околу 11€
  • Влезница за брод по Сена 25€ (се патува со метро) организирано
  • Посета на Операта Гарние 15€, музејот Орсеј околу 16€
  • Посета на Мулен Руж со претстава (цена од 100-150€ со пијалок ½ шампањ), Крејзи Хорс ( 80-100 €)
  • Посета на Дизниленд – влезниците се купуваат преку интернет (99 € возрасен, дете до 12 год. 91 €, но, цената зависи од период кога ке се резервира и е променлива). Цена на RER 10 € повратна карта
  • Вечера или ручек во ресторан од 20 € без пијалок
  • Задолжително здравствено и патничко осигурување 180 мкд.
  • Туристичка такса 5 € по лице – се плаќа кај претставникот на групата

Општи услови:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ =62 ден);
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
  • За реализација на аранжманот и екскурзиите потребен е минимум од 20 патници
  • Цените кои се горе наведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани и редоследот на разгледувања во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел