Duration: 09 Oct 2026 - 12 Oct 2026
Price: 619€Рана резервација до 25.06.2026 : 579€
Book Now!
mag


ТОСКАНА
Фиренца – Сиена - Сан Џимињано – Пиза - Болоња
Авион  / 4 дена / 3 ноќевања


09.10 (петок) СКОПЈЕ – БОЛОЊА - ФИРЕНЦА
Состанок  на група на аеродромот во Скопје во 17.00 часот. Авионот за Болоња на Визер полетува во 19.05 часот. Слетување во Болоња во 20.55 часот. Трансфер до Фиренца и сместување во хотел. Ноќевање.

10.10 (сабота) ФИРЕНЦА - ПИЗА
Појадок. Разглед на градот со водич: плоштадот Санта Марија Новела, Базиликата Сан Лоренцо, дворецот Медичи-Рикарди, Катедралата Дуомо - вистинско ремек дело на ренесансната архитектура и главна туристичка атракција на Тоскана, Плоштадот Сињорија, палатата Пити, Понте Векио најстариот сочуван средновековен мост на реката Арно-покриен и распослан со златарници и продавници за сувенири... Слободно време за посета на Галеријата Уфици, една од најголемите и најстарите во светот, која содржи голем број бесценети ликовни дела од ренесансата и други периоди, посета на трговскиот центар Mercato Centrale или пак да седнете на ручек во ресторан на некој плоштад, да пробате традиционален Фирентонски стек и да се засладите со десертно вино во кое ќе натопувате cantuccini- класични тоскански колачи со бадеми. Факултативен излет до Пиза, дом на познатиот математичар и физичар Галилео Галилеј. Најголемата атракција во Пиза е секако полето на чудата каде се наоѓаат: катедралата (Cattedrale di Pisa), гробиштата на Светците (Campo Santo) и кривата кула од Пиза (Torre di Pisa) висока 56 метри - всушност камбанаријата на катедралата, која иако било планирано да стои вертикално, поради лошите темели и слабата почва, се накривила. Со својата светски прочуена накривеност, кулата привлекува стотици илјади туристи годишно. Ноќевање.

11.10 (недела) ФИРЕНЦА–СИЕНА-САН ЏИМИЊАНО– ВИНАРИЈА
Појадок. Целодневен излет во живописните предели на областа Кјанти, светски познати по производството на врвни вина. Пристигнување во Сиена. Главна карактеристика на градот е нејзиниот средновековен изглед, што ја прави магична и посебна, горд сопственик на еден од најубавите европски средновековни плоштади  Ил Кампо, направен во облик на школка, а опкружен со палати на богати семејства од Сиена (palazzi signorili). Во целиот свет познат по својата уникатна архитектура и традиција за најголемата забава со луди коњски трки Палио, која се одржува два пати годишно. Разглед на градот: Катедралата Сиена, Палатата Публико, кулата Мангија…  Патувањето продолжува кон Сан Џимињано, типично тосканско гратче опкружено со винови насади и маслинови градини. Градот е познат и по белото вино Vernaccia di San Gimignano, кое се добива само од винови лози кои растат во околината и најдобриот сладолед во светот што можете да го најдете во Gelateria Dondoli. Потоа, посета на винарија - дегустација на вина, закуски и можност да се купи маслиново масло и вино по пристапна цена. Враќање во Фиренца. Ноќевање.

12.10 (понеделник) ФИРЕНЦА  –БОЛОЊА - СКОПЈЕ
Појадок. Прошетка во главниот град и срцето на регионот Тоскана – Фиренца, еден од најпосетените градови во светот кој за италијаните, но и за целиот западен свет има огромно историско, културно, образовно и уметничко значење. Овој град се смета и за колевка на ренесансата, во него живееле и создавале многу уметници од XV и XVI век:  Брунолески, Ботичели, Рафаел, Леонардо, Микеланџело... Трансфер до Болоња. Во Италија се вели дека Болоња е „la dotta, la rossa e la grassa“, што би значело „црвена, учена и дебела“. “Црвена“ поради бојата на циглите на зградите и улиците, “учена“ односно образована, во чест на нејзиниот универзитет прв во Европа и “дебела“ поради неодоливите гастрономски производи. Прошетка во градот: плоштадот Маџоре, Катедралата Св. Петар најпознатата и најграндиозна црква во Болоња, фонтаната на Нептун, двете кули Garisenda и Asinelli кои претставуваат симбол на градот... Трансфер до аеродромот во Болоња. Летот кон Скопје е во 21.35 часот. Пристигнување во 23.20 часот.


Попуст за ранa уплатa до 25.06: Arcadia GuestHouse - 579 €

Хотел Arcadia 3* - 619


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   Arcadia GuestHouse - 629

Хотел Arcadia 3* 669 €


 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-Авионски превоз на релација Скопје-Болоња-Скопје

-Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

-Сместување во хотел Arcadia 3* и Arcadia GuestHouse во центарот на Фиренца на база 3 ноќевања со појадок.

Хотелските соби и GuestHouse собите се во истиот објект но на различен кат и го користат истиот ресторан за појадок. GuestHouse собите се поедноставно опремени. www.hotelarcadiaflorence.com

-Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

-Посета на Болоња

-Организација на аранжманот и придружник на патувањето


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг  / чекиран багаж - куфер до 20кг

*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање)

-Посета на Сиена, Сан Џимињано, винарија  “Fattoria Poggio Alloro” (дегустација на 4 сортни вина во комбинација со италијанско мезе) 110 евра

-Разглед на Фиренца со локален водич 20 евра

-Посета на Пиза 45 евра

-Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотел)

-Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

-Патничко – здравствено осигурување

-Доплата за еднокреветна соба 6.720 мкд (GuestHouse)


Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби. Дете од 2 до 4 год. плаќа 400 евра. Дете над 4 год. плаќа полна сума и добива легло.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.