Duration: 01 Oct 2026 - 04 Oct 2026
Price: 459€
Book Now!
фиб


Штутгарт и Стразбург
Базел, Баден-Баден, Штутгарт, Карлсруе, Стразбург, Колмар, Мулхауз


Програма

1 ден – 01.10.2026 (четврток)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје два саати пред време за лет. Лет за Базел. Поаѓање од Скапје во 06.30 часот. Пристигнување во Базел во 08:50часот. Поаѓање за Баден Баден. Патувањето трае околу 2 часа. Посета на Баден-Баден, сместен на брегот на реката Ос, познат по своите римски термални бањи. Посети: Rathaus – Градско собрание, споменикот на Otto von Bismarck, Festspielhaus – најголемата оперска куќа во Германија, Stiftskirche – црква, и Fabergé Museum – музеј со околу 700 уметнички дела. Трансфер до Штутгард. Патувањето трае околу 2 часа. Кратки паузи за време на патувањето. Сместување и ноќевање во хотел. Ноќевање.

2 ден – 01.10.2026 (петок)
Појадок. Организирана посета на Штутгарт, каде што ги посетуваме: Altes Schloss – замокот Алтес Шлосе и седиштето на династијата Виртемберг, Schlossplatz – централниот плоштад со замокот Neues Schloss, Rathaus – градското собрание, Fernsehturm – телевизиската кула со висина од 216 м, Mercedes-Benz Museum и Wilhelma Zoo & Botanical Garden – зоолошка и ботаничка градина. Попладне, заминување за Карлсруе. Патувањето трае околу 1 час и 20 минути. Разглед на градот: Karlsruhe Palace – поранешна резиденција на војводите од Баден, Marktplatz – плоштад со старата пирамида, Rathaus – градското собрание со фонтаната и статуата на војводата Лудвиг, St. Stephan’s Church – католичка црква, и Place des Droits de l’Homme – Плоштадот на основните права. Вечерта, заминување за Стразбур. Патувањето трае 2 часа. Сместување и ноќевање во хотел.

3 ден – 03.10.2026 (сабота)
Појадок. Организирана посета на Стразбур, град на УНЕСКО, на бреговите на реката Рајна. Разглед на: Ponts Couverts – покриените мостови, Cathédrale Notre-Dame – катедралата Нотр Дам, имитација на катедралата Нотр Дам де Парис, Maison Kammerzell – трговска куќа од 15 век, Place Gutenberg – плоштадот Гутенберг, La Petite France – занаетчискиот кварт Мала Франција, најголемата џамија во Франција отворена во 2012 година, и European Court & Parliament – седиштето на Европскиот суд и Парламентот. Поаѓање кон Колмар (околу 1 час). Разглед на: Quartier de la Krutenau – познат како Мала Венеција покрај каналот Lauch, центарот на градот, Rathaus – градското собрание, Église Saint-Martin – црквата Свети Мартин, Старата воена стражарска куќа, куќата на Адолф од 1350 година и Maison des Têtes. Потоа поаѓање кон Милуз (околу 30 минути), со разглед на: Rathaus – градското собрание, Place de la Réunion – Плоштадот на берзата и Cité du Train – Музејот на возовите. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден – 04.10.2026 (недела)
Појадок. Заминување за Колмар Трансфер до аеродромот во Базел. Лет Базел - Скопje. Поаѓање во 13:45 часот. Пристигнување во 16:00 часот.


ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ - 459 евра


Вклучено

  • Авио-билет на релација Скопје–Базел–Скопје со Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен багаж 40 × 30 × 20 cm
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3★
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи според програмата
  • Организација на патувањето и придружник од агенцијата за целиот престој

Не е вклучено

  • Сѐ што не е наведено во програмата
  • Влезници за во објектите и културно-историски споменици
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

Напомена

  • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување, но во секој случај.
  • Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
  • Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.

Потребни документи за патување

  • Биометриски пасош валиден минимум 6 месеци од датумот на патување
  • Задолжително патничко осигурување од било која осигурителна компанија
  • Авио билети и ваучер во печатена форма

Останати информации за патување

  • Патниците треба да се на аеродром најмалку 2 часа пред полетување
  • Дозволен чекиран багаж: еден куфер до 20 кг по лице и рачен багаж до 7 кг по лице
  • За влез во Египет потребна е виза која се добива на аеродром во Хургада и чини $30 по лице
  • На излез од аеродром патниците ги пречекуваат претставници на Фибула и ги упатуваат на трансфер
  • Во автобус патниците добиваат брошура со датум и време за состанок со водичот, како и телефонски број за контакт
  • Информативниот состанок со водичот е задолжителен за сите, за информации за дестинацијата, факултативните излети, асистенција, и повратниот лет
  • Ваучерот од Фибула се приложува во хотел. Патниците треба да добијат исти тип на соба и услуга како што е наведено во ваучерот
  • Патниците добиваат детали за хотелскиот концепт при check-in. Хотелот може да менува содржини без претходна најава
  • Пријавување и влегување во собите: околу 14:00, одјавување: околу 12:00. Можно е рано пријавување или доцно одјавување со доплата
  • За проблеми со сместувањето или факултативи контактирајте го водичот
  • Хотелот може да престане со услуги по одјавување или да побара надомест
  • Информација за трансфер до аеродром достапна на рецепција или по порака последниот ден
  • Во случај на оштетен или изгубен багаж, треба да се земе записник од аеродром. Агенцијата не е одговорна за багаж
  • Секој багаж треба да биде означен со име и презиме

Општи услови за европски дестинации со WizzAir

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
  • Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 100%
  • Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
  • Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
  • Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
  • Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
  • Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Ви Травел .