АМАЛФИ Ривиера 3НП ( Соренто - Капри - Поситано - Амалфи - Неапол- Бари)
1 ДЕН: 11.10.2026 СКОПЈЕ – ДРАЧ
Состанок на групата во 10.00ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски.. Поаѓање во 10:30ч.Се патува преку Косово кон Драч. Сместување на брод. Бродот испловува во 22:30ч. Ноќно возење кон Бари.
2 ДЕН 12.10.2026 БАРИ -СОРЕНТО:
Пристигнување во Бари во 08.00. По царинските формалности заминуваме кон Бари, главниот град на регионот Апулија и едно од најважните пристаништа на Јужна Италија. Бари има посебен шарм, бидејќи ги комбинира старото и новото, тесните улички на стариот град се мешаат со модерниот град и живата атмосфера на Медитеранот. Бари е духовен центар но и жив град полн со живот, место каде историјата, верата, и секојдневниот живот се спојуваат во една топла медитеранска приказна. Срцето на градот, познат како Bari Vecchia, крие вистинско богатство - Базиликата Свети Никола, една од најзначајните цркви во цела Италија но и во целиот Христијански свет. Изградена е во 11 век во романски стил, со цел да ги чува моштите на Св. Никола, светец почитуван и од православните и од католиците. Застанување кај црквата Св. Никола, прошетка низ историскиот центар на градот и слободно врема за кафе пауза. Патувањето продолжува накај Соренто. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ДЕН 13.10.2026 ПОСИТАНО – АМАЛФИ:
Појадок. Препорачуваме целодневен излет долж колоритниот брег Амалфи, една од најпопуларните туристички ривиери на Италија, начичкана со шарените италијански села и живописни патеки кои водат до мирисните плантажи со лимони и портокали а која се протега од Поситано до градот Салерно. Една од најубавите разгледници од брегот на Амалфи е панорамскиот поглед на Поситано, некогаш рибарско селце, всечено во брегот... романтично и сликовито. Прошетка низ колоритните улички на Поситано. Слободно време за индивидуални прошетки. Продолжуваме накај Амалфи, некогашна поморска сила по која и целата ривиера го добила името. Градот е под заштита на УНЕСКО и е бисер на средновековната архитектура. Прошетка до катедралата со впечатлива и декоративна фасада - Св. Андреја и централниот плоштад. Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Соренто и прошетка низ центарот. Соренто е бисерот на Неаполскиот залив, познат по огромните лимони од кои се прави Лимончело... Овде се мириса на лимони- од сладиоледи до сапуни и парфеми. Соренто не е место, Соренто е чувство... тука се доаѓа ако барате нешто повеќе од патување. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ДЕН 14.10.2026 КАПРИ :
Појадок. Препорачуваме излет до островот Капри, остров кој ќе Ве освои штом ќе зачекорите на него. Тиркизно море, мирис на лимони, улички кои како да се создадени за лутање и погледи од кои застанува здивот. Не пропуштајте да пробате свежи морски плодови, локална риба, капресе салата и домашна паста или пица печена на печка на дрва а за крај освежете се со лимончело, џелато или торта капрезе.
Marina Grandeе главното пристаниште на Капри и првото место на кое ќе зачекорите по пристигнувањето на островот... традиционални куќи во пастелни бои, мали продавнички со рачно изработени сувенири и бројни ресторани кои нудат локални кулинарски специјалитети. Тука се наоѓа и најголемата јавна плажа на Капри.
“Piazza Umberto I”Секој италијански град има свој централен плоштад а на Капри тоа е “Piazza Umberto I” позната како Ла Пјацета... некогаш пазар за риба, денес главно собиралиште и на мештаните и на туристите.
“Monte Solaro” е највисоката точка на Капри со своите 589 метри и место кое дефинитивно не треба да го пропуштите. Од врвот се пружа спектакуларен панорамски поглед на целиот остров, на Тиренско море а кога времето е убаво дури и на брегот Амалфи.
“Градините Август”Мирна оаза со бујно зеленило, цвеќиња во сите бои и панорамски балкони од кои се пружа величенствен поглед на “Marina Piccola” и на кривите патеки на “Via Krupp”. (влезот се наплаќа 2,5 еур исклучиво со платна картичка). По прошетката следи слободно време за индивидуални активности и ручек. Враќање во Соренто и прошетка низ центарот. Враќање во хотел. Ноќевање.
5 ДЕН 15.10.2026 СОРЕНТО – НЕАПОЛ - БАРИ :
Појадок. По појадокот заминуваме накај Неапол, прошетка низ историскиот центар на градот Piazza del Plebiscito, Кралската палата, Teatro di San Carlo и галеријата Umberto I... слободно време за индивидуални прошетки и ручек, прошетајте по тесните улички полни со живот, бои, вкусови и автентична атмосфера. Пробајте ја прочуената Наполитанска пица Маргарита и уживајте во еден од најколоритните градови на Италија. Во договор со водичот заминуваме кон Бари. Следи процедура за качување на брод. Ноќно пловење.
6 ДЕН 16.10.2026 ДРАЧ - СКОПЈЕ :
Пристигнување во Драч во претпладневните часови. Патувањето продолжува кон Македонија. Очекувано пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во попладневните/вечерните часови часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 30.06.2026 : 359€
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 389€
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
НАПОМЕНИ: