Duration: 20 Mar 2026 - 22 Mar 2026
Price: 99€Промо цена : 99€
Book Now!
сав


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 3 дена / 2 ноќевања со појадок


20 март (петок)  СКОПЈЕ – СОЛУН – ПАРАЛИЈА
Состанок на групата на паркингот спроти СЦ “Борис Трајковски” во 06:30 часот наутро. Поаѓање за Грција во 07:00ч. кон граничниот премин Богородица - Евзони. Попатна посета на Солун. Разглед на градот; Виа Игнатиа, црквата Св. Димитрија со познатите мермерни капители и прекрасни мозаици од 7-ми век, Римскиот форум, црквите Ротонда, Св.Софија, плоштадот Аристотелис, Белата кула... можност за посета на Археолошкиот музеј во кој се изложени значајни ископини пронајдени на македонските - антички локалитети. Попладне, патувањето продолжува кон Паралија. Сметување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.

21 март (сабота)     ДИОН  ОЛИМП – ЛИТОХОРО
Појадок. Заминување на прошетка низ регионот Пиерија. Посета на археолошки локалитет Дион со бројните ископини и остатоци од трите цивилизаци, посета на планинското градче Литохоро сместено во подножјето на планината Олимп кое нуди прекрасна можност за запознавање со старата архитектура во регионот Македонија, како и на етно селото “Palaios Panteleimonas” со можност за ручек во некоја од бројните таверни, или купување на етно-сувенири од домашно производство на локалните жители. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

22 март (недела) ВЕРГИНА  ПЕЛА – ВОДЕН – СКОПЈЕ
Појадок. Заминување на целодневен излет низ регионот на Македонија со посета на археолошкиот локалитет Вергина (Кутлеш) - древната престолнина на македонскиот крал Филип Втори, локалитетот Пела (Постол) - престолнината на Античка Македонија од времето на Александар Македонски, градот Едеса (Воден) со неговите познати водопади како и Флорина (Лерин) со можност за куса пауза и попладневен ручек. Патувањето продолжува кон Скопје со пристугнување во вечерните часови.


Цена на аранжманот: 99


Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** во Паралија, на база на 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи и посети според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето


Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезници при посета на музеите и археолошките локалитети
- Патничко здраствено осигуривање
- Туристичка такса од 5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотелот


НАПОМЕНИ:
- Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице за сместување во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- Цените се дадени во EUR, за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета
- Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на Ви Травел