Duration: 06 Mar 2027 - 10 Mar 2027
Price: 179€Промо цена : 159€ 
Book Now!
нех


„Лулката на западната цивилизација“, Атина е град каде што античката историја се спојува со современиот живот. Градот на боговите и филозофите ќе ве воодушеви со величествениот Акропол, прочуениот Партенон, живописните улички на Плака и познатиот плоштад Синтагма. А вечерите уживајте во традиционалните грчки таверни, звуците на бузуки и неповторливата медитеранска атмосфера.


Термин: 06 Март 2027

 

1 ден  06.03.2027 • Македонија – Атина

 Состанок на групата на договорено место во 17.00 часот. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

2 ден  07.03.2027 • Атина

Очекувано пристигнување во Атина во утринските часови. Атина, главниот град на Грција, е едно од најстарите постојано населени места во светот и вистинска ризница на историјата, културата и уметноста. Позната како лулка на демократијата и западната цивилизација, Атина ги спојува величествените антички споменици со динамичниот ритам на современиот град. Над градот гордо се издига Акропол со прочуениот Партенон – симбол на античка Грција и едно од најзначајните културни наследства во светот.

Прошетајте низ живописните улици на Плака и Монастираки, уживајте во традиционалната грчка кујна, посетете ги бројните музеи и почувствувајте ја неповторливата атмосфера што ја прави Атина една од најпосетуваните европски дестинации. Без разлика дали сте љубител на историјата, гастрономијата или градските прошетки, Атина ќе ве воодушеви со својата автентичност, гостопримливост и медитерански шарм. Ве водиме на панорамски разглед на градот. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол (Влезница за Акропол не е вклучена во цената) … Сместување во хотел. Слободно попладне.  Ноќевање.

3 ден  08.03.2027 • Атина – Пелопонез

Појадок. Целодневен излет на Пелопонез.

Пелопонез е еден од највпечатливите региони во Грција, познат по својата богата историја, антички локалитети, живописни крајбрежја и традиционални градови. Тука се наоѓаат некои од најзначајните споменици на античката цивилизација, како античка Олимпија – родното место на Олимписките игри, Микена, Епидаур и византискиот град Мистра.

Покрај историските богатства, Пелопонез плени со кристално чистите плажи, тиркизното Јонско и Егејско Море, маслиновите насади и планинските предели. Живописните градови Нафплио, Каламата и Монемвасија нудат уникатна атмосфера, прекрасни прошетки и автентична грчка кујна.

Пелопонез е идеална дестинација за оние кои сакаат да ја откријат вистинската Грција – место каде историјата, природата и медитеранскиот начин на живот создаваат незаборавно патувачко искуство.

Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафлион – Првата престолнина на Грција, Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Враќање во Атина. Враќање во хотел. Вечерта предлагаме посета на таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол…  Ноќевање.

4 ден  09.03.2027 • Атина – Пиреја – Сунион – Скопје

Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место  Пиреја и нејзините Марини. Пиреја е најголемото пристаниште во Грција и едно од најважните на Медитеранот. Денес е модерно крајбрежно место со прекрасни марини, рибни таверни и живописно шеталиште, а воедно претставува главната порта кон грчките острови. Посетителите можат да уживаат во прошетка покрај морето, да ја почувствуваат автентичната атмосфера и да уживаат во прекрасниот поглед кон Егејското Море. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до  Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон.

• Сунион – местото каде морето го бакнува храмот на Посејдон

На јужниот рт на Атика се наоѓа Сунион – едно од најмагичните места во Грција. Познат е по величествениот Храм на Посејдон, изграден на висока карпа која се издига над Егејското Море. Освен богатата историја и митологија, Сунион е светски познат по спектакуларните зајдисонца, кога сонцето полека тоне во морето, создавајќи незаборавна глетка. Ова место претставува совршен спој на античкото наследство, природната убавина и романтичната атмосфера.

По посетата, патувањето продолжува кон Македонија, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.

05 ден 10.03.2027 • Македонија

Очекувано пристигнување во Македонија  во  утринските часови.


Цена на аранжманот за резервации до 30.11.2026: 159€ (9.860 ден.)

Редовна цена: 179€ (11.100 ден.)


Аранжманот вклучува

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Атина (околина)
  • Организација и водство на програмата
  • Лиценциран туристички придружник
  • Организација на аранжманот

Не е вклучено

  • Задолжително патничко осигурување 300 денари
  • Разглед на Атина 20€
  • Факултативна посета на Пелопонез (Епидариус, Микена, Нафплион) - 50€
  • Влезниците за Епидариус и Микена не се вклучени во цената
  • Вечера во Таверна - 60€
  • Задолжителна посета на Пиреја и Сунион 30€ (се плаќа во агенција)
  • Туристичка такса 5€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)
  • Доплата за еднокреветна соба – 3.500 ден
  • Доплата за избор на седиште 20€
  • Доплата за дополнително седиште 150€
  • Влезници за локалитетите и други факултативни посети

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.