Термин: 04 Декември
1 ден 04.12.2026 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок на групата на Скопскиот аеродром во 10.45 часот. Полетување на авионот за Будимпешта во 12.55 часот. Пристигнување во Будимпешта во 14.20ч. Денот го започнуваме со панорамски разглед на плоштадот на хероите, ланчениот мост, разглед на Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина… Операта, улиците Ваци, Андраши и Ракочи, Парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав кои ги спојуваат Будим и Пешта, Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден 05.12.2026 БУДИМПЕШТА –ВИЕНА СО аутлет шопинг центар PARNDORFF
Појадок. Препорачуваме целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Прошетајте низ елегантните виенски булевари, уживајте во вкусот на традиционалната Sacher торта, посетете ги импресивните палати и почувствувајте ја магијата на градот кој за време на Божиќ изгледа како од разгледница.Во текот на декември, Виена блеска во најубавото празнично издание и со причина се смета за еден од најромантичните градови за Божиќ во Европа. Илјадници светилки, величествено украсени улици и мирисот на печени костени, ванила и топло греено вино создаваат атмосфера што ќе ја паметите долго.
Виена за време на Божиќните маркети е совршен избор за незаборавно празнично патување, исполнето со традиција, елеганција и вистинска зимска магија!
Враќање во Будимпешта.Враќање во хотел. Ноќевање
3 ден 06.12.2026 БУДИМПЕШТА – СТ. АНДРЕА
Појадок. Препорачуваме посета на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови… Кога ќе пристигне декември, Будимпешта се претвора во вистинска зимска бајка. Плоштадите се украсени со илјадници светилки, мирисот на варено вино, цимет и традиционални унгарски специјалитети се шири низ градот, а божиќните мелодии создаваат незаборавна празнична атмосфера.Најпознатите Божиќни маркети, на плоштадите Ворошмарти и пред Базиликата Свети Стефан, нудат рачно изработени подароци, празнични украси, локални деликатеси и богата музичка програма. Вечерните часови се особено магични, кога фасадата на базиликата оживува со спектакуларно светлосно шоу.
Прошетајте покрај романтичниот Дунав, фотографирајте се покрај Парламентот осветлен во празничен сјај, посетете ги историските знаменитости и уживајте во една од најубавите божиќни атмосфери во Европа.Слободно време за индивидуални прошетки и посета на божиќниот пазар. Во вечерните часови можност за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден 07.12.2026 БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување во центарот на градот. Прошетка по улицата Ваци и Божиќниот пазар. Во 12.00ч. состанок на групата и поаѓање кон аеродром. Полетување за Скопје во 14.55ч. Пристигнување на Скопскиот аеродром во 16.20ч.
Редовна цена: 449€ (27.840 ден.)
НАПОМЕНИ: