Азурен Брег- (Ница-Кан-Антиб-Сен Тропе- Фрагонард - Монако-Монте Карло) 3НП
Термин 24 Мај 2026
1 ДЕН 24.05.2026 СКОПЈЕ
Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.
2 ДЕН 25.05.2026 КАН
Oчекувано пристигнување во Кан околу пладневните часови. , започнуваме со прошетка и запознавање на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината.... Слободно време за индивидуални прошетки, кафе во кафуле со автентичен француски амбиент. Сместување во хотел. попладне можност за индивидуални прошетки и вечера во центарот на Кан. Ноќевање.
03 ДЕН 26.05.2026 СЕН ТРОПЕ – МОНТЕ КАРЛО
По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien, катедралата... Во попладневните часови враќање во Ница. Слободно време за одмор. Вечерта предлагаме излет до гламурозниот Монте Карло... слободно време за прошетки и посета на најлуксузната коцкарница во светот. Враќање во хотел. Ноќевање.
04 ДЕН 27.05.2026 АНТИБ – НИЦА :
Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб... Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани... несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 12 еур)... Потоа продолжуваме накај Ница... започнуваме со прошетка низ кралицата на Азурниот брег. Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, катедралата, променадата... Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Ница, препорачуваме ручек во некој од автентичните провансалски ресторани во центарот на градот. Во вечерните часови враќање во Кан. Ноќевање.
05 ДЕН 28.05.2026 ЕЗ – МОНАКО - СКОПЈЕ:
Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Можност за посета на Океанографскиот институт и аквариум во Монако ( влезница 23 Еур). Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
06 ДЕН 29.05.2026 СКОПЈЕ:
Очекувано Пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во попладневните часови.
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 299 €
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ Азурен брег (Ст. Тропе, Ница и Антиб, Монте Карло) - 130€
НАПОМЕНИ: