Duration: 05 Mar 2027 - 10 Mar 2027
Price: 299€Промо цена : 259€
Book Now!
нех


Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови… Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот… Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот… Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег – најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата…


Аранжманот вклучува

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во хотел Hotel Ibis Budget Cannes Centre Viile во Кан, на база 3 ноќевања со појадок,
  • Разглед на Кан
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

Не е вклучено

  • Задолжително патничко осигурување 300 мкд (цената важи за лица до 60 години)
  • Туристичка такса во Кан (5€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  • Задолжителна посета на Монако, последниот ден (40€) се плаќа во агенција
  • Посета на Ст. Тропе - 50€
  • Посета на Ница и Антиб - 50€
  • Крстарење кон островот Св. Маргарита, вклучен билет за Музејот посветен на затвореникот со железна маска - 35€
  • Вечерна посета на Монте Карло и коцкарниците - 50€
  • ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Ст. Тропе+Ница и Антиб+Монте Карло+Св. Маргарита - 170€
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
  • Доплата за избор на седиште 20€
  • Доплата за празно седиште 150€

Сместување

Hotel Ibis Budget Cannes Centre Viile 3*

Ibis Budget Cannes Centre Ville е хотел со одлична локација во центарот на Кан. Се наоѓа на околу 10–15 минути пешачење од познатата плажа и шеталиштето Кроазет, како и од Фестивалската палата. Хотелот располага со едноставни, модерно уредени и климатизирани соби за 1, 2 или 3 лица, опремени со ТВ, бесплатен Wi-Fi и сопствена бања. Гостите можат да користат појадок на шведска маса, а во близина се наоѓаат бројни ресторани, продавници и железничката станица. Хотелот е добар избор за патници кои бараат практично сместување и одлична поврзаност со главните атракции во Кан.


Напомени и услови:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
  • Бројот на собата, катот и позицијата на собата се доделуваат од страна на хотелот при пристигнување и не можат однапред да се гарантираат.