Duration: 08 Oct 2026 - 13 Oct 2026
Price: 309€Рана резервација до 30.06.2026 : 269€
Book Now!
нех


Азурен Брег( Ница-Кан-Антиб -Ст. Тропе- Монако-Монте Карло) 3НП


Термин 08 Октомври

1 ДЕН 08.10.2026 СКОПЈЕ
Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.

 2 ДЕН  09.10.2026 КАН
Oчекувано пристигнување во  Кан околу пладневните часови. Почнуваме со запознавање на монденскиот  Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината..Сместување во хотел.  Слободно време за индивидуални прошетки,  кафе во кафуле со автентичен француски амбиент  или вечера во центарот на Кан. Индивидуално враќање во хотел.  Ноќевање.

03 ДЕН  10.10.2026 АНТИБ –НИЦА :
Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб... Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани... несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 12 еур)...и потоа посета на кралицата на Азурниот брег - Ница. ..   продолжуваме со посета на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, катедралата, променадата... Слободно време за  индивидуални прошетки низ центарот на Ница, препорачуваме ручек во некој од автентичните провансалски ресторани во центарот на градот. Во вечерните часови враќање во Кан.  Ноќевање.

04 ДЕН 11.10.2026  КАН - СЕН ТРОПЕ – МОНТЕ КАРЛО
По појадокот препорачуваме  посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien, катедралата...    Во попладневните часови враќање во Кан. Слободно време за одмор.   Вечерта предлагаме излет до гламурозниот Монте Карло... слободно време за прошетки  и посета на најлуксузната коцкарница во светот. Враќање во хотел. Ноќевање.

05 ДЕН 12.10.2026 КАН – ФРАГОНАРД во ЕЗ – МОНАКО  - СКОПЈЕ:
Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Можност за посета на Океанографскиот институт и аквариум во Монако ( влезница 23 Еур).  Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно и денско  возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности. 

06 ДЕН 13.10.2026 СКОПЈЕ:
Очекувано 
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.


ЦЕНА ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 30.06.2026 : 269€ 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  309 € 


ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во хотел Hotel Ibis Styles во Кан, на база 3 ноќевања со појадок,
  • Разглед на Кан
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 300 мкд (цената важи за лица до 60 години)
  • Туристичка такса во Кан (5€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  • Задолжителна посета на Монако, последниот ден (40€) се плаќа во агенција
  • Посета на Ст. Тропе (50€)
  • Посета на Ница и Антиб(50€)
  • Вечерна посета на Монте Карло и коцкарниците (40€)

*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Ст. Тропе+Ница и Антиб+Монте Карло - 130€

  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
  • Доплата за избор на седиште 20€
  • Доплата за празно седиште 150€

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.