Барселона – град на уметноста, сонцето и медитеранскиот шарм – Барселона е еден од најубавите и најживописните градови во Европа, каде што историјата, уметноста и модерниот начин на живот се спојуваат во совршена хармонија. Позната по уникатната архитектура на Гауди, величествената Саграда Фамилија, шармантните улици и прекрасните медитерански плажи, Барселона плени со својата неповторлива атмосфера. Град исполнет со боја, култура, гастрономија и незаборавни доживувања, кој ве поканува да го откриете неговиот посебен шарм!
Термин 13-16 Март
1 ден 13.03.2027 • Скопје – Барселона
Состанок на групата на еародромот во Скопје во 10.30 часот. Полетување за Барселона во 12.35ч. и пристигнување во 15.30 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.
2 ден 14.03.2027 • Барселона Панорамика + Poble Espanyol (Шпанско село)
Појадок.. Препорачуваме организиран панорамски разглед на градот: Ремек делата на Антони Гауди се неизбежни во обиколка на Барселона, на најелегантната авенија Passeig de Gracia ќе ги видите неговите куќи како од бајка, Casa Batllo и Casa Mila. Неговото најголемо ремек дело e црквата Sagrada Familia (индивидуални влезници). Нема да ве остават рамнодушни ни плоштадите Каталуња и Еспања, Магичните фонтани, Националната палата, арените за корида… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки. Можност да се искачите на брдото Монжуик со фуникулар и да уживате во прекрасната панорама на градот или да прошетате по по најшарената улица на светот Ла Рамбла, улица која ќе посакате да нема крај… Барселона нуди вистинска можност за истражување и уживање во нејзините убавини, музеи, шпанската кујна, шопинг…
По разгледот, препорачуваме посета на Шпанското село, една од големите атракции во Барселона изградени за Светската изложба во 1929 год.Иако било планирано селото да се сруши по завршување на изложбата, заради неочекувано големиот интерес тоа не е сторено. Денес Poble Espanyol е своевиден музеј на архитектурата и културата на Шпанија, со 117 градби, плоштади, улици, продавници… типични за 15 различни области во Шпанија. Во составот на селото се наоѓа и театар, музеј на современа уметност, уметнички работилници и ресторани со специјалитети кои потекнуваат од различни региони на Шпанија. Ноќевање.
3 ден 15.03.2027 • Барселона – Парк Гуел – Готкса Четврт
Појадок.. Препорачуваме посета на импресивниот парк Гуел, во кој генијалниот Гауди ја реализирал идејата за единството на природата и уметноста…. Парк Гуел е еден од најпознатите симболи на Барселона кој привлекува со својата шарена керамика и луда архитектура. Сместен во Ла Салут, на падините на планините Колсерола, претставува единствена мешавина од природата и урбанизмот. Еузеби Гуел е богат каталонски индустријалец, кој во историјата ќе биде познат како човек кој ја финансирал оваа голема идеа на Гауди, дело на кое и денес се восхитуваме.
Можност за прошетка со водичот (факултативно) низ историското срце на Барселона (со јавен превоз) , каде што тесните калдрмисани улички, средновековните градби и живописните плоштади ја раскажуваат богатата историја на градот. Разглед на величествената Катедрала на Барселона, Плоштадот Сант Жауме и прекрасниот Плоштад Реал (Plaça Reial), познат по своите елегантни аркади, палми, шармантни кафулиња и декоративни улични светилки дизајнирани од Антони Гауди. Прошетка низ скриените катчиња на оваа автентична четврт, која претставува вистинско патување низ времето, исполнето со историја, архитектура и неповторлив медитерански шарм.
Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ центарот на Барселона, Ноќевање.
4 ден 16.03.2027 • Барселона
Слободно претпладне за индивидуални активности. Состанок на групата во договорено време. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување во 16.00 часот и пристигнување во 18.45 часот.
Цена на аранжманот за рана резервација до 15.12.2026: 559 евра / 34.660 денари
Редовна цена на аранжманот: 659 € / 40.860 ден