Duration: 16 Nov 2025 - 20 Nov 2025
Price: 499€
Book Now!
fib


термин 16.11.2025 - 5 дена / 4 ноќевања со појадок


Програма

1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје. Директен лет до Барселона со авиокомпанијата  WIZZ AIR во 17.20 ч. Пристигнување во 20.10 ч. Организиран превоз со автобус до хотелот. Сместување. Ноќевање.

2 ден
Појадок. Организиран разглед на Барселона: Plaza España, Montjuic Hill, Olympic Stadiums, Mirador de Colom, главниот булевар Las Ramblas, Barceloneta, Marina Olympic, Sagrada Familia, Camp Nou. Попладнето прошетка по најубавиот булевар  Passeig de Gracia каде што се наоѓаат најпознатите брендови, и место каде што се најубавите вили во градот со уникатна архитектура: Casa Mila, Majestic hotel, Casa Batllo, Casa Amatller, Casa Lleo i Morera. Се посетува Placa Catalunya, Готскиот кварт, Палатата на Каталонската музика, посета на Placita de la Seu square, Cathedral of Saint Eulalia. Патувањето продолжува за Сарагоза, после пристигнување сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден
Појадок. Организиран панорамски разглед на еден од најважните градови во Шпанија - Сарагоса. Се започнува со пешачка тура по Macanath Park, кој се наоѓа на брегот од реката Ебро, се поминува преку  монументалниот мост Puente de Piedhra bridge. Посета на Platja del Pilar Square, каде што се наоѓа базиликата на  Мадона Пилар,како и катедралата Ел Салвадор. Подоцна се посетува музејот на Франциско Гоја. Се посетува и познатиот парк Grande Jose Antonio Labordeta Park. Во ноќните часови се поаѓа за Мадрид, главниот град на Шпанија. Сместување во хотел. Ноќевање.

4 ден
Појадок. Организиран разглед на Мадрид. Се посетува:  Gran Via and Castellana авениите, Plaza de España, Puerta Del Sol и Puerta de Alcalá, Platja de Oriente, Mayor, Puerta de la Opera, Ramales, Sacramento, и Plaza Colon. Разгледот продолжува со посета на Кралската Палата (од надвор). Разгледувањето завршува со посета на Santiago Bernabeu stadium. Ноќевање.

5 ден
Појадок. Организирана посета на Толедо, која трае 1 час. Посета на градските споменици: Тoledo Cathedral, Alcazar Fortress, Juan de los Reyes Monastery, Puerta Bisagra, Puente de San Martin, Mirador del Valle, Juderia Synagogue, El Greco Museum. Трансфер до аеродром. Директен лет Мадрид – Скопје, поаѓање со авиокомпанијата WIZZ AIR во 21.25 ч. Пристигнување во Скопје во 00.55 ч.


Цена на аражманот - 499 евра


Вклучено

  • Авионска карта на релација Скопје - Барселона - Мадрид - Скопје со Wizzai
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен багаж 10 кг
  • 4 ноќевања со појадок - по 1 ноќ Барселона (Хотел BB Rubi или сличен) и Сарагоса (Хотел Zaragoza Estación Los Enlace или сличен), 2 ноќи во Мадрид (B&B Hotel Madrid Tres Cantos или сличен).
  • Цена и расположливост за еднокреветна соба е на барање.
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градот со автобус и пратител
  • Претставник на македонски јазик
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Барселона

Не е вклучено

  • Патничко осигурување
  • Дополнителен багаж
  • Индивидуални трошоци
  • Влез во туристичките знаменитости и музеи
  • Факултативни излети
  • Останати трошоци кои не се спомнати
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

Општи Услови

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ =62 ден) ;
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
  • За рзервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
  • За реализација на аранжманот и екскурзиите потребен е минимум од 20 патници
  • Цените кои се горе наведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани. Редоследот на разгледувања во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците

БАРСЕЛОНА - главниот град на Каталонија и едно од најпопуларните туристички места во Шпанија. Сместена на брегот на Средоземното Море, Барселона се гордее со богата историја, прекрасна архитектура и културен живот кој трае преку целата година. Град во кој се  спојува модерното со традиционалното, град кој нуди забава, уживање на плажа, а шопингот и ноќниот живот се двете алки кои го прават градот незаборавен.
САРАГОСА - град маѓепсан од убавина, античка историја, знаменитости кои ги задржале трагите од минатите векови, град во кој на секој чекор дишете историја.
МАДРИД - жив музеј, музеј на отворено, полн со енергија, уметност и историја. Мадрид не е препознатлив само по палатите и парковите, туку и по музеите, Пикасо, Дали, Гоја, Веласкуез. Многу повеќе значи шармот на неговите жители - љубезни, горди и гостопримливи кои имаат спечифичен  животен стил во оваа светска метропола.
ТОЛЕДО - Сместен на реката Тајо,со векови останал непроменет, прогласен за национален споменик, град на три култури (христијанска, арапска и еврејска). Позади своите тврдини го чува своето наследство од цркви, џамии и синагоги. Славниот сликар и скулптор Ел Греко е симбол на овој град, чија славна слика се наоѓа во малата капела на црквата Свети Тома