НОВИ САД,СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
со посета на СОМБОР ,СУБОТИЦА и БЕЛГРАД
Прв ден 30.04.2026(Четврток)
Поаѓање во 23:30 ч од Кавадарци, преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.
Втор ден. -01.05.2026(Петок)
Пристигнување во Сремски Карловци кратка обиколка на градот кој е познат по своето вино.Посета на Патријаршијата црквата св.Никола фонтаната Четири Лава и Карловачката гимназија. Потоа се продолжува кон Нови Сад - разгледување на градот со локален водич. Посета на Петро- Варадинската тврдина која се наоѓа на 120 хектари површина со безброј подземни тунели чии темели се поставени во 17 век а изградбата траела 88 години .Ремек дело на тврдината е пијаниот часовник кој гордо стои на тврдината. Посетата продожува по улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква. Слободно време . Смесување во хотел. Можност за факултативна вечера на Салаш.Ноќевање.
Трет ден. 02.05.2026(Сабота)
Појадок. Факултативен целодневен излет до Сомбор и Суботица .Возење низ идилата на Бачкa. Средба со историја и култура на Војводина и Бачка. Војводина е Европа во минијатура, во неа живеат речиси 30 различни народи. Бачката Низина е една од најплодните почви во Европа. Во оваа екскурзија ќе истражиме два нејзини бисери на архитектурата и културата. Пристигнување во Сомбор, еден од најзелените градови во цела Србија,градот на фиакерите. Посета на импозантната општинска жупаниска зграда. Впечатокот од убавината на архитектурата ја збогатува и огромната слика која 120 години е изложена во Сомбор. Сликата е од битката кај Сента во 1697 година со која била одмерена судбината на овој дел од Европа. Потоа следи обиколка на централниот дел на Сомбор и уживање во мирот што го нуди: српска читална, куќата на Лаза Костиќ, градско собрание, галерија „Милан Коњовиќ“ и многу повеќе што ги нуди овој мал град. По разгледот, следува слободно време, а потоа продолжување на возењето до Суботица. Суботица е град со најголема концентрација на архитектура во Србија. До половина век бил најголемиот град во Војводина. По пристигнувањето во Суботица, го посетуваме Градското собрание, каде што се кријат многу убави архитектурни мотиви. По обиколката на Градското собрание, следува обиколка на старото јадро: споменикот до царот Јован Ненад, Сино-зелената фонтана, синагогата, катедралата Марија Авила... Слободно време за истражувајќи го овој прекрасен град. . Враќање во Нови Сад. Пристигнување во вечерните часови. Ноќевање.
Четврти ден 03.05.2026(Недела)
Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање за Белград, разглед на градот со локален водич: храмот Св. Сава, плоштадите Теразије, Славија, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Воениот музеј, Споменикот на победникот. Можност за факултативно крстарење со сплав по Сава и Дунав. . Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.
Петти ден 04.05.2026(Понеделник)
Пристигнување во Македонија во раните утрински(ноќни) часови.
Цена на аражманот: 169 евра
Во цената на аранжманот е вклучено:
Превоз на наведената релација со високо туристички автобус,
2 Ноќевања со појадок во Хотел во Нови Сад,
Пешачки разглед со локален водич на Сремски Карловци и Нови Сад
Профисионален туристички придружник,
Организација и реализација на патувањето
Туристичка такса
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Целодневен излет до Сомбор и Суботица 30 евра(миниум 30 патници)
Пешачки разглед со локален водич на Белград 10 евра(задолжителна доплата)
Вечера на традиционален Салаш(дополнително цена)
Здраствено патничко осигурување (задолжително) 200 ден.
Напомена: