neh
Bella Puglia (Бари - Арбелобело-Полињано а Маре - Остуни- -Матера- Лече) 3НП - 8-ми Март
Термин 06 Март
1 ден 06.03.2026 СКОПЈЕ-ДРАЧ-БАРИ:Состанок на групата во 10.00ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски.. Поаѓање во 10:30ч.Се патува преку Албанија гр.Ќафасан кон Драч. Сместување на брод. Бродот испловува во 22:30ч. Ноќно возење кон Бари.
2 ден 07.03.2026 БАРИ:Пристигнување во Бари во 08.00. По царинските формалности заминуваме на разгледување на главниот град на Италијанската покраина Апулија ... тврдината, романичката црква, катедралата на Бари, базиликата Св. Никола, заштитничка на морнарите... прошетка низ срцето на градот - квартот Murattiano . Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден 08.03.2026 БАРИ-АЛБЕРОБЕЛО-ПОЛИЊАНО А МАРЕ: Појадок. По појадокот предлагаме целодневен факултативен излет со водич во Полињано а Маре и Алберобело .
- Полињано а Маре - гратче со фасцинантен поглед и преубава плажа, тесни улички, бели фасади, барови на карпите на брегот...вброено е меѓу најубавите летувалишта во Италија. .. разглед со водич, слободно време за кафе и индивидуални прошетки.
- Алберобело - Градче како од бајка , распослано на две брда, познато по белите автентични куќички изградени од неправилен варовнички камен во 14 век - наречени трули кои се главната туристичка атракција на Апулија.. Денес има уште 1500 вакви куќички кои се под заштита на УНЕСКО од 1996 год. ... разглед со водич, слободно време за ручек и индивидуални прошетки.
Во доцните попладневни часови враќање во Бари. Ноќевање.
4 ден 09.03.2026 БАРИ – МАТЕРА - ОСТУНИ – МАРТИНА ФРАНКА: Појадок. По појадокот предлагаме целодневен факултативен излет
- Матера, планински град познат по старите населби кои датираат уште од палеолитот. Матера плени со необичниот изглед...таа е незаборавна, единствена, посебнаи полна со изненадувања... шетајќи низ нејзините улици на момент ќе се прашате дали сте залутале во некоја филмска сцена. Матера е сосема поразлична од се што до сега сте виделе во Италија, затоа што повеќе потсетува на Блискоисточно одколку на европско место. Стариот град е под заштита на УНЕСКО и во него се наоѓаат старите пештери sassi во кои во минатото живееле луѓе, а подоцна во средниот век пештерите служеле како основа за градење на средновековните куќи.
- Остуни - Англичаните го нарекуваат “ chic градче”, а Италијаните „La Città Bianca“ – бел град... сместено е на три брда со интересна местоположба, бели средновековни фасади, палати на древните италијански племски семејства, тесни поплочени улички и величенствена готска катедрала во срцето на градот. Разглед со водич, слободно време за кафе и индивидуални прошетки.
- Мартина Франка – Инспиративно градче оивичено со старите градски зидини со барокна капија, која води до плоштадите, колоритните поплочени улички и импресивната Дуждева палата. ... разглед со водич, слободно време за ручек и индивидуални прошетки. Враќање во хотел во Бари. Ноќевање.
5 ден 10.03.2026 БАРИ – ЛЕЧЕ :Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме излетсо водич во Лече
Лече Барокен бисер во југоисточниот дел на петата на Италија,познат и како Фиренца на југот заради типичната архитектура од 17. век, како расцветан цвет цвета со резбаниот песочен камен на своите катедрали и плоштади. Во градот доминираат ремек дела на античката, средновековната и барокната архитектура а атмосферата и кујната се главните атракции … ќе уживате во рустична апулска кујна што се нуди во безбројните вински барови и кафулиња распослани по калдрмите на градот.. Во договор со водичот состанок на групата и поаѓање кон пристаништето во Бари. Бродот испловува во 22 00ч.
6 ден 11.03.2026 ДРАЧ - СКОПЈЕ: Пристигнување на пристаништето во Драч во 08 00ч. По царинските формалности патувањето продолжува кон Скопје. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 30.12.2025 : 429€
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 459€
БЕСПЛАТЕН ТРАНСФЕР од Битола, Прилеп, Неготино и Велес.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Драч –-Скопје
- Превоз со брод на релација Драч-Бари- Драч (седиште на брод)
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3*/4* во Бари
- Прошетка низ центарот на Бари
- Организација и водство на програмата
- Лиценциран туристички придружник
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Задолжително патничко осигурување 300 денари (за лица до 60 год)
ПАКЕТ ИЗЛЕТИ - 130€
Излет Алберобело – Полињано а Маре- 50€
Излет Матера -Остуни – Мартина Франка - 50€
Излет Лече - 40€
- Доплата за бродска кабина Драч- Бари - Драч -25 € (на барање)
- Туристичка такса Бари 3€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)
- Доплата за еднокреветна соба – 10.200 ден
- Доплата за еднокреветна кабина – 4.500 ден
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Попустите не се комбинираат
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.