Duration: 06 Mar 2027 - 10 Mar 2027
Price: 649€
Book Now!

neh


Термин: 06 Март 2027 / 27 Март 2027

Термин: 30 Април 2027

Термин: 30 Мај 2027

Термин: 06 Септември 2027


1 ден  • Скопје – Сирмионе (Италија)

Состанок на групата и поаѓање во 09:00 часот од спортската сала „Борис Трајковски“. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, низ Србија, Хрватска и Словенија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи.

2 ден  • Сирмионе – Теглио / Тирано

Пристигнување во Сирмионе во утринските часови. Прошетка низ ова прекрасно мало место, сместено на полуостров во езерото Гарда. Сирмионе е познато по своите лековити термални води и прекрасната средновековна архитектура.

Патувањето продолжува кон Теглио/Тирано, каде што пристигнуваме во попладневните часови. Тирано се наоѓа во Ломбардија, во северна Италија, во близина на границата со Швајцарија.

Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки.

Тирано – град на легенди и духовност

Една од највпечатливите знаменитости на Тирано е базиликата „Сантуарио дела Мадона ди Тирано“ (Santuario della Madonna di Tirano), една од најзначајните ренесансни градби од 16 век. Во тој период регионот бил погоден од страшната болест – чумата. Легендата раскажува дека на 29 септември 1504 година, додека се враќал од поле, на еден побожен човек по име Марио Ормодеи (Mario Omodei) му се појавила блескава светлина. Во неа ја здогледал Света Марија, која му рекла да подигне црква во нејзина чест и му ветила дека градот ќе биде заштитен од чумата. Така, мештаните ја подигнале денешната базилика Santuario della Madonna di Tirano. Според легендата, епидемијата на чума престанала.И денес, кога ѕвоната одекнуваат над Тирано, верниците ги доживуваат како потсетник на ветената заштита од пред повеќе од пет века, додека величествените планини се неми сведоци на оваа легендарна средба. Уште една локална легенда вели дека кога ќе се слушне звукот на возот Бернина, треба да се замисли желба. Се верува дека меѓу лозјата и Алпите желбите полесно го наоѓаат патот до вас.

03 ден • Тирано – Бернина Воз – Сент Мориц – Луцерн

Појадок. Со возбуда го дочекуваме утрото и се подготвуваме за едно незаборавно доживување. Се качуваме во легендарниот црвен воз Bernina, кој ќе нè однесе до монденското швајцарско одморалиште Сент Мориц.

Патувањето со Бернина возот на релацијата Тирано – Сент Мориц трае приближно 2,5 часа.

Клучни знаменитости на оваа неверојатна железничка рута:

За време на патувањето ќе ги видиме глечерот Мортерач, спиралниот вијадукт Брузио и прекрасните швајцарски Алпи. Железничката линија Албула/Бернина е прогласена за светско наследство на УНЕСКО во 2008 година, благодарение на своите извонредни технички и инженерски достигнувања.

Оваа живописна железничка рута минува низ 55 тунели и преку 196 мостови, вклучувајќи го и познатиот спирален вијадукт Брузио.

Со широко отворени очи и насмевка го започнуваме ова незаборавно патување. На почетокот нè пречекуваат медитерански пејзажи, тесни долини и лозја, додека возот постепено се искачува кон кружниот вијадукт Брузио, каде што железничката композиција прави впечатлив круг низ пејзажот.

Потоа пејзажот постепено се менува и станува сè повеличествен. Се појавуваат карпести предели, долги планински гребени и прекрасни глетки кон Алпите, вклучувајќи ги глечерот Палу и езерото Палу, со панорамски поглед кон Каваља и италијанските Алпи.

Следува станицата Оспицио Бернина, која се наоѓа на 2.253 метри надморска височина и претставува највисока станица на железничката мрежа на Ретската железница.

Ова подрачје е особено интересно и поради јазичната граница меѓу италијанското говорно подрачје Валпоскијаво и регионот Енгадин, каде што се зборуваат ретороманскиот и германскиот јазик.

Поминувајќи покрај езерата Бјанко и Леј Наир, дознаваме интересен природен феномен: водите северно од превојот Бернина се слеваат кон Дунав и Црното Море, додека водите јужно од превојот завршуваат во реката По и Јадранското Море.

Го здогледуваме и глечерот Мортерач, зад кој се издига величествениот масив Бернина. Во него се наоѓа Пиц Бернина, највисокиот врв на Источните Алпи, со височина од 4.049 метри.

Тешко е да се замисли толку прекрасен пејзаж во само неколку часа возење со воз!

Бернина не е само патување до одредена дестинација, туку вистинско доживување само по себе – возење кое го одзема здивот и останува во сеќавањата засекогаш.

Возот пристигнува во Сент Мориц, на надморска височина од 1.822 метри.

Сент Мориц – Гламур Луксуз и Алпска убавина

Сент Мориц е луксузно алпско одморалиште во кантонот Граубинден, Швајцарија. Познат е по зимските спортови, гламурот, врвните хотели и спектакуларната природа.

Градот бил домаќин на Зимските олимписки игри во 1928 и 1948 година и е познат по големиот број сончеви денови во текот на годината. Тој е еден од најстарите зимски туристички центри во светот, со стотици километри скијачки патеки.

Тука се наоѓа и познатото езеро Сент Мориц, кое во текот на зимата целосно замрзнува. На неговата површина се одржуваат трки со коњи, поло на мраз и различни ексклузивни настани.

Сент Мориц е синоним за ексклузивен туризам. Го посетуваат светски ѕвезди, кралски семејства и претставници на светската бизнис-елита.

Следува прошетка низ гламурозното место, при што ќе ги видиме општинската зграда, музејот Сент Мориц, сместен во впечатлива историска зграда, споменикот на Санкачот, како и навалената кула – еден од најпознатите симболи на градот.

Кулата потекнува од 12 век и била дел од старата црква St. Mauritius. Црквата била урната во 1893 година поради нестабилност на тлото, но кулата останала зачувана и подоцна била зајакната. Денес е позната по својот наклон од околу пет степени.

Ќе ги видиме и легендарните ексклузивни хотели Badrutt’s Palace и Kulm, чии основачи имаат големи заслуги за развојот на денешниот елитен Сент Мориц.

Слободно време за индивидуални прошетки.

Патувањето го продолжуваме со автобус кон Луцерн (225 км). Патуваме преку легендарниот превој Јулиер (Julierpass), кој се користел уште од времето на Римската Империја.

Додека се движиме низ прекрасните алпски предели, мислите ни се враќаат на незаборавните моменти од денот и фотографиите што ги направивме.

Пристигнување во Луцерн во вечерните часови. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

4 ден  • Луцерн – Инсбрук

Појадок.

Луцерн – Романтична Швајцарска Разгледница

Претпладне прошетка низ еден од најубавите и најромантичните градови во Швајцарија.

Луцерн се наоѓа покрај истоименото езеро, опкружен со величествените Алпи, со прекрасно зачуван стар град и богата историја.

Нашата прошетка ја започнуваме со Споменикот на лавот (Löwendenkmal), познат и како Лавот од Луцерн, еден од најтрогателните споменици во Швајцарија.

Издлабен директно во карпа од песочник над мирно езерце во јавен парк, овој импозантен релјеф претставува споменик на швајцарските гардисти кои загинале во 1792 година, бранејќи го кралот Луј XVI во палатата Тилери за време на Француската револуција.

Продолжуваме со прошетка низ стариот град кон мостот Капел, изграден во 14 век, кој се смета за еден од најстарите покриени дрвени мостови во Европа.

Светски познатиот дрвен мост е една од најпрепознатливите знаменитости на Луцерн и омилено место за фотографирање. Заедно со Водената кула, го обликува препознатливиот градски пејзаж. Во неговата внатрешност се наоѓаат историски слики кои раскажуваат дел од богатата историја на градот.

Импозантната Водена кула е изградена околу 1290–1300 година, дури и пред мостот Капел. Низ историјата имала повеќе намени – служела како набљудувачница и градски архив, а до крајот на 18 век и како затвор. Денес во неа се наоѓа колекција на оружје.

Продолжуваме кон Језуитската црква во Луцерн, посветена на Свети Франциск Ксавер. Таа се смета за една од првите големи сакрални градби во барокен стил во Швајцарија.

Ова католичко ремек-дело од 17 век е елегантно сместено покрај брегот на реката Ројс, во срцето на Луцерн. Препознатлива е по своите впечатливи кули со куполи во форма на кромид, уникатниот ентериер во пастелен барокен стил, розово-белите штуко-украси и исклучителната акустика.

Ќе го видиме и познатиот мост Шпројер (Spreuerbrücke), еден од најфасцинантните историски споменици во Луцерн. Иако често е во сенка на светски познатиот мост Капел, многумина го сметаат за вистински градски скапоцен камен. Познат е по зачуваните средновековни дрвени елементи и историските слики.

Ќе ја посетиме и капелата „Свети Петар“ (Peterskapelle), мала средновековна капела првпат спомената во 1178 година, која се смета за една од најстарите зачувани религиозни градби во градот. Се наоѓа во близина на мостот Капел, по кој го добила своето име.

Ќе ја видиме и црквата „Свети Леодегар“ (Hofkirche St. Leodegar), римокатоличка црква која претставува еден од најзначајните и уметнички најбогатите примери на црковна архитектура од периодот на доцната германска ренесанса во Швајцарија.

Луцерн – Рај за љубителите на шопингот 

Кратките растојанија и разновидната понуда го прават Луцерн совршено место за шопинг. Без разлика дали барате подарок за сакана личност, нова облека или сладок десерт, сигурно ќе го најдете она што го барате.

Во продавницата Casagrande може да најдете типични швајцарски производи и сувенири – од чоколади до часовници.

Прошетајте низ стариот град со шарени фасади украсени со фрески, калдрмисани улички, средновековни кули и историски градски ѕидини.

Во 16:00 часот го продолжуваме патувањето кон Инсбрук (315 км).

По пристигнувањето во Инсбрук, сместување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.

5 ден  • Инсбрук – Салзбург

Иинсбрук – Градот на срцето на Алпите

Појадок. Во срцето на Алпите, во регионот Тирол, опкружен со високи планини, се наоѓа прекрасниот град Инсбрук.

Велат дека настанал таму каде што планините шепотат со небото, а реката Ин ја носи нивната тајна низ долината.

Најраните археолошки траги укажуваат на населување на ова подрачје уште во каменото доба. Во четвртиот век Римјаните основале воена станица Велдидена. Инсбрук станал главен град на Тирол во 1429 година, а во 15 век прераснал во важен центар на европската политика и култура. И царот Максимилијан I живеел во Инсбрук во 1490-тите години.

Следува пешачка прошетка низ стариот град, исполнет со прекрасни историски градби и автентична алпска атмосфера.

  • Goldenes Dachl (Златниот кров) – најпознатиот симбол на градот, изграден во 15 век. Неговиот покрив е украсен со 2.657 позлатени бакарни плочи и се наоѓа во срцето на стариот град.
  • Hofburg (Царската палата) – една од најзначајните културно-историски градби во Австрија, позната по раскошниот барокен ентериер. Првично претставувала комплекс од средновековни замоци, а подоцна била проширена во палата. Нејзиниот денешен изглед главно потекнува од барокните доградби направени за време на царицата Марија Терезија.
  • Hofkirche (Дворската црква) – позната по монументалниот гробен споменик на царот Максимилијан I, опкружен со впечатливи бронзени статуи.
  • Swarovski Crystal Worlds – можност за посета на продавницата и разгледување на производите од познатиот кристал Сваровски, како и купување по фабрички цени.

Слободно време за индивидуални прошетки. Секако, препорачуваме да го пробате и традиционалниот австриски специјалитет Kaiserschmarrn – кралска палачинка, десерт кој традиционално се поврзува со хабсбуршкиот двор, правена специјално за Хабсбурговата фамилија.

Во 16:00 часот тргнуваме кон Салцбург (190 км).

Салзбург

Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.

6 ден  Салзбург – Халштат – Скопје

Појадок.

Салзбург – Алпската убавица

Еден од најубавите градови во Австрија, сместен покрај реката Салцах и опкружен со Алпите. Салцбург изгледа како да излегол од бајка, со својата барокна архитектура, величествената тврдина на ридот и тесните калдрмисани улички. Стариот град (Altstadt) е впишан на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. По појадокот следува пешачка прошетка и разгледување на стариот град. Ќе ја видиме родната куќа-музеј на Волфганг Амадеус Моцарт (Wolfgang Amadeus Mozart), стариот плоштад со една од најмалите куќи во градот, катедралата, часовник-кулата со музичките ѕвона, Бискупската резиденција и прекрасните градини на палатата индивидуални прошетки. Во 14:30 часот тргнуваме кон Халштат. (1,5часа возење)

Халштад – Бајката о крај езерото – Мало, но неверојатно живописно место во Австрија, сместено меѓу величествените планини и мирното Халштатско Езеро. Се смета за едно од најубавите села во светот, а штом ќе го видите, веднаш ќе разберете зошто.                Што го прави Халштат толку посебен?

  • Дрвени куќички потпрени на стрмните планински падини, со балкони исполнети со цвеќиња.
  • Кристално чисто езеро кое ги одразува Алпите како огледало.
  • Тесни, романтични улички со автентична архитектура.
  • Утринска магла која полека се издигнува од водата и создава нереална, мистична глетка.
  • Во близина се наоѓа и познатиот рудник за сол, дел од едно од најстарите соларски подрачја во светот.

Време е за кафе и уживање во оваа прекрасна глетка, за да ги средиме впечатоците и да ги зачуваме спомените од оваа бајковита дестинација.

Ех… би сакале да останеме уште долго во оваа прекрасна сцена од бајката наречена Халштат!

Во вечерните часови, исполнети со незаборавни впечатоци и емоции од изминатите денови, го започнуваме патувањето кон Скопје.    Се патува низ Австрија, Словенија, Хрватска и Србија. Ноќно и дневно возење со попатни паузи.

7 ден  • Скопје

Пристигнување во попладневните часови.


Цена на аранжманот:

Март: 649€ / 40.240 ден.
Април: 659€ / 40.860 ден.
Мај: 669€ / 42.480 ден.


Аранжманот вклучува

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • 1 ноќевања со појадок, во Теглио/Тирано, хотел со 3* (околина)
  • 1 ноќевања со појадок, во Луцерн, хотел со 3* (околина)
  • 1 ноќевања со појадок, во Инсбрук, хотел со 3* (околина)
  • 1 ноќевања со појадок, во Салзбург, хотел со 3* (околина)
  • Билет за легендарниот црвен воз Бернина, втора класа, на релација Тирано – Сент Мориц.
  • Прошетка низ Сирмионе.
  • Прошетка низ Луцерн.
  • Прошетка низ Инсбрук со локален водич.
  • Прошетка низ Салцбург со локален водич.
  • Посета и прошетка низ Халштат.
  • Лиценциран туристички придружник за цело време на патувањето

Не е вклучено

  • Туристичка такса 20€ по лице, се плаќа во агенција
  • Задолжително патничко осигурување 350 мкд,
  • Влезници за културно историски споменици, музеи, локален транспорт.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 50% од основната цена на аранжманот.
  • Доплата за седиште по избор 20€ по лице

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 20 дена пред поаѓање
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.(Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај (ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи (ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
  • Со доплата од 20 евра по лице може да се избере конкретен број на седиште во автобусот (мин.2), со исклучок на седиштата од 1 до 4.
  • Распоредот на седење во автобусот се определува според датумот на уплатата
  • Хотелите се лоцирани надвор од градските центри.