jk
Богутовачка Бања
Поминете ја Новата година во прекрасната природна околина на Богутовачка Бања, сместена на падините на планината Троглав, на неполни 25 километри од Краљево. Позната по својата лековита минерална вода, чистиот планински воздух и долгогодишната бањска традиција, Богутовачка Бања е идеално место за празничен одмор, релаксација и дружење. Новогодишни празници, добра атмосфера и незаборавно дружење со нас!
ПРЕВОЗ | ПОЛУПАНСИОН | 2 СВЕЧЕНИ ВЕЧЕРИ СО НЕОГРАНИЧЕНИ ПИЈАЛАЦИ | БАЗЕН | ЛЕКОВИТА МИНЕРАЛНА ВОДА
ПРВ ДЕН – 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) БИТОЛА/СКОПЈЕ/БОГУТОВАЧКА БАЊА
Состанок на групата во Битола во 2:45 мин. Поаѓање кон Скопје во 03:00ч. Патувањето продолжува преку Велес, со организиран прием на патници од наведените градови. Поаѓање Скопје во 05:00 ч со попатни паузи за одмор и гранични формалности. Патувањето се одвива преку Граничен премин Табановце. Пристигнување во Богутовачка Бања околу пладне, сместување по соби. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот (Користење на базен со лековита минерална вода , рекреативни базен со температура на водата до 28 степени, тепидариум и парно купатило. Во 20.00 часот почеток на свечената вечера-прослава за Дочек на Новата 2027 Година со музика и неограничени домашни пијалоци! Ноќевање
ВТОР ДЕН – 01.01.2027 (ПЕТОК)-БОГУТОВАЧКА БАЊА-МАНАСТИР ЖИЧА
Појадок. Организирана посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Враќање назад во хотелот. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на содржините на хотелот вклучени во цената. Во 20.00 часот свечена вечера реприза со музика и неограничен домашни пијалоци! Ноќевање
ТРЕТ ДЕН – 02.01.2027 (САБОТА)-БОГУТОВАЧКА БАЊА-КРАЉЕВО
Појадок. По појадокот мoжност за факултативна посета на градот Краљево, градот со богата историја и култура. Разглед на градот (Трг српских ратника, господар Васин Конак, Аџиќа куќа, Музеј на градот Краљево, Соборна Црква Света Тројица, …) Слободно време за освежување и индивидуални активности. Во договорено време враќање во хотел. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот. Вечера. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН – 03.01.2027 (НЕДЕЛА) - БОГУТОВАЧКА БАЊА-СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување.. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА ДО 01.12.2026 - 359€
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 379 €
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНИ: