Будимпешта 3НП (Братислава- Ѓор-Естергом - Сент Андреа-Виена) - Нова Година
Термин: 29 Декември
1 ден 29.12.2026 • Скопје – Будимпешта
Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 15.00 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.
2 ден 30.12.2026 • Будимпешта
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина… Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел… Ноќевање.
3 ден 31.12.2026 • Будимпешта – Виена со Outlet Shopping Center Parndroff
Појадок. Препорачуваме целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Дочек на Нова Година на плоштадот во Будимпешта. Враќање во хотел. Ноќевање
4 ден 01.12.2027 • Будимпешта – Братислава- Ѓор
Појадок. Предлагаме целодневен излет до Братислава и Ѓор. Разглед на градот со локален туристички водич: средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт. Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето го продолжуваме накај Ѓор, град во Западна Трансданубиа, лежи на средината на златниот триаголник, помеѓу Братилава, Будимпешта и Виена… наречен Град на Барокот, бидејќи во стариот дел на градот ќе се воодушевувате на безброј монументални градби и скулптури од 18-ти век. И чќе уживате во атмосферата на малите ресторанќиња, пабови и барови. Враќање во хотел. Ноќевање.
10 ден 02.01.2027 • Будимпешта – Ст. Андреа
Појадок. По појадокот, одјавување од хотел. Препорачуваме факултативен излет до Сент Андреа, живописното градче каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови со можност за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта . Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
6 ден 03.01.2027 • Скопје
Планирано пристигнување во Скопје на паркингот спроти Борис Трајковски во утринските часови.
Цена на аранжманот за резервации до 15.11.2026: 259 €/ 16.060 денари
Редовна цена на аранжманот: 279€ / 17.300 денари
НАПОМЕНИ: