БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА НОВА ГОДИНА 2027
Термин:30.12-03.01.2027
Романија е земја со богата историја, прекрасни пејзажи и посебен шарм. Од величествените Карпати и легендите на Трансилванија, до живописните градови и бреговите на Црното Море, таа нуди интересен спој на природа, култура и традиција.
Букурешт, главниот и најголем град на Романија, е познат по својата впечатлива архитектура и интересниот спој на историјата и модерниот урбан живот. Некогаш нарекуван „Малиот Париз“, денес градот привлекува со своите монументални градби, прекрасни булевари, знаменитости, ресторани, кафулиња и динамичен ноќен живот.
РЕДОВНА ЦЕНА: 199 € / 12.340 ден.
ПРОМО ЦЕНА: 159 € / 9.860 ден.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-Автобуски превоз
-2 ноќевања со појадок во хотел 3*
-Разгледување на Букурешт со водич
-Туристички придружник за време на целото патување
-Организиран превоз од Кочани, Штип, Велес и Куманово
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-Факултативен излет „Трансилванија“ – посета на Бран и истоимениот Замок на Дракула, како и посета на градот Брашов, со превоз и пратител – 50 €
-Влезницата за Замокот Бран не е вклучена во цената на факултативниот излет. Цена за возрасни: 100 леи / 19 €, за студенти: 50 леи / 9 €
-Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт – 50 € (превоз и влезница за бањите со користење на сите простории во времетраење од 3 часа)
-Патничко осигурување – 200 ден.
-Туристичка такса – 5 € по лице (се плаќа во автобус)
Напомена: Секој патник при уплата ЗАДОЛЖИТЕЛНО се изјаснува за посетата на факултативните излети. Доколку патникот дополнително се пријави, а нема расположливи влезници, агенцијата не презема одговорност.
ПРОГРАМА
ПРВ ДЕН 30.12.2026 (СРЕДА) СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ
Собир на групата пред хотел „Русија“. Поаѓање кон Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија до Романија.
За точното време на поаѓање патниците ќе бидат известени 2 дена пред реализацијата на аранжманот.
ВТОР ДЕН 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) БУКУРЕШТ
Очекувано пристигнување во Букурешт во утринските часови, по што веднаш започнуваме со разгледување на градот со водич. Се упатуваме кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот, или како што порано иронично била нарекувана „Палатата на народот“. Слободно време за фотографирање пред ова импозантно архитектонско дело.
Плоштадот на Револуцијата
Плоштадот на Револуцијата е следното место што ќе го посетиме. Тука ќе се запознаеме со богатата историја на Букурешт. Овој плоштад станал светски познат кога телевизиските станици низ целиот свет ги пренесувале последните моменти од владеењето на Николае Чаушеску.
Токму тука, од балконот на поранешното седиште на Комунистичката партија, тој сведочел како насобраната маса се свртува против него. Протестите излегле од контрола, по што Чаушеску го напуштил местото со хеликоптер.
Плоштадот е опкружен со значајни знаменитости: Кралската палата, во која денес се наоѓа Националниот музеј на уметноста, Романскиот атенеум – седиште на филхармонијата, Централната универзитетска библиотека, црквата Крецулеску и почетокот на познатата авенија Calea Victoriei.
Calea Victoriei
Продолжуваме со кратко возење по авенијата Calea Victoriei, една од најстарите и најшармантните улици во Букурешт. Порано била позната како „Големата улица“ или „Брашовски пат“, бидејќи била дел од трговската рута што водела од Букурешт кон Брашов во Трансилванија.
По оваа авенија можат да се видат голем број значајни историски и архитектонски знаменитости на Букурешт: Палатата CEC, Националниот музеј на историјата, Палатата на националниот војнички круг, Музејот на уметноста и плоштадот Викторија.
Продолжуваме кон еден од најголемите плоштади во центарот на градот – плоштадот Унири, од каде што ја посетуваме Патријаршиската катедрала, со својот впечатлив византиски ентериер и иконостас.
Куртија Веке
Следува слободно време за разгледување на најстариот дел од градот – Куртија Веке, поврзан со периодот на владетелот Влад III Цепеш – Дракула, а денес дел од познатата и шармантна област Липскани.
Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на Букурешт и контрастот помеѓу старото и новото. Липскани уште од средниот век била една од најзначајните трговски области на градот, а денес претставува едно од најживите места во Букурешт. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта – дочек на Нова Година на плоштад.
Враќање во хотел. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН 01.01.2027 (ПЕТОК) БУКУРЕШТ – ТРАНСИЛВАНИЈА
Појадок. По појадокот се упатуваме на факултативен излет кон Трансилванија. Посета на Замокот Бран и магичното гратче Брашов.
БРАН – „ДОМОТ НА ДРАКУЛА“
Бајковитиот Замок Бран е светски познат по поврзаноста со легендата за Дракула и романот на Брам Стокер. Историски гледано, замокот најпрво бил користен за одбрана, а подоцна служел и како царинска точка на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Влашка. Владетелот и воин Влад Цепеш не живеел во овој замок, но неговото име и легендата за Дракула денес се нераскинливо поврзани со Бран. Од 1920 година замокот станал кралска резиденција и дом на кралицата Марија. Подоцна бил преземен од комунистичкиот режим, а денес претставува музеј и една од најпознатите туристички атракции во Романија, посветена на историјата, митовите, интригите и легендата за Дракула.
БРАШОВ
Брашов се наоѓа во централниот дел на Романија, опкружен со Јужните Карпати. Познат е и по своето саксонско наследство, а неговиот Стар град е еден од најубавите и најдобро зачуваните во Романија. Архитектурата на градот ги отсликува различните историски влијанија, а центарот е препознатлив по прекрасните градби, плоштадите и старите куќи. Меѓу најпознатите знаменитости се Casa Sfatului, централниот плоштад и познатата Црна црква, една од најзначајните готски градби во овој дел од Европа. Слободно време за индивидуална прошетка и уживање во атмосферата на Брашов.
Враќање во хотелот во Букурешт во доцните вечерни часови. Ноќевање.
ПОСЛЕДЕН ДЕН 02.01.2027 (САБОТА) ТЕРМАЛНИ БАЊИ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот и упатување на факултативна посета на Термалните бањи, кои се наоѓаат во северниот дел на Букурешт, на околу 30 километри од центарот на градот. Дозволете си едно поинакво утро и 3 часа целосна релаксација во Термалните бањи. Комплексот располага со базени со термална вода, сауни, парни бањи и водени лизгалки. Во склоп на комплексот се наоѓа и прекрасна ботаничка градина со голем број растенија, палми, орхидеи и други уникатни растителни видови – идеално место за релаксација и бегство од секојдневието. За патниците кои нема да ги посетат бањите ќе има можност за шопинг во трговски центар. Во попладневните часови –поаѓање кон Македонија.
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 03.01.2027 година (недела).
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
-Деца до 2,99 години, во придружба на две возрасни лица, плаќаат само превоз во износ од 50 € (не користат посебно легло).
-Деца од 3 до 11,99 години плаќаат полна сума за аранжманот (попуст добиваат само на факултативните излети).
-Доплата за еднокреветна соба – 60 € за двете ноќевања
НАПОМЕНИ:
-Агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред тргнувањето.
-За реализација на патувањето потребни се минимум 45 патници.
-Цените се дадени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
-Патните документи треба да имаат важност од минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
-Целосната доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнувањето.
-Во случај на отказ на еден од патниците, за сместувањето нема поврат на средства.
-Агенцијата го задржува правото преку ultra first minute или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од веќе објавените во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовниот ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
-Агенцијата го задржува правото на промена на хотелот/апартманот во случај на технички причини или overbooking. Организаторот ќе го смести патникот, согласно расположливите можности во дадениот момент, во објект од иста или повисока категорија, без дополнителен надомест.
-Реализацијата на излетите зависи од временските услови. Организаторот го задржува правото, во случај на неповолни временски услови, да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.