Чао Италија 3НП (Рим-Ватикан-Тиволи-Арбелобело-Помпеја-Неапол-) со брод Драч- Бари-Драч
Термин 08 Октомври
1 ден 08.10.2026 СКОПЈЕ - ДРАЧ - БАРИ - РИМ:
Состанок на групата во 10.00ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање во 10:30ч.Се патува преку Косово и Албанија кон Драч. Сместување на брод. Бродот испловува во 22:30ч. Ноќно возење кон Бари.
2 ден 09.10.2026 БАРИ – ПОМПЕЈА - НЕАПОЛ - РИМ:
Пристигнување во Бари во 08.00. Продолжуваме кон Рим, предлагаме факултативна посета на античкиот град Помпеја кој бил комплетно уништен и затрупан под пепел по катастрофалната ерупција на вулканот Везув во 79 г. Потоа одиме на прошетка низ Неапол: Новиот замок, галерија Умберто I, Плоштадот Плабисцито со базиликата и кралската палата... Слободно време за индивидуални прошетки.
Патувањето продолжува накај Рим. Пристигнување во Рим во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден 10.10.2026 РИМ - ВАТИКАН – ROME BY NIGHT:
Појадок. Предпладне посета на Ватикан и Ватиканските музеи, Црквата во Ватикан, Сикстинската Капела, Катедралата Св.Петар со локален водич. Слободно време за индивидуални прошетки и активности во центарот на Рим... Предлагаме и вечерна прошетка Romе by night (панорамски разглед со автобус). Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден 11.10.2026 РИМ – ТИВОЛИ: Појадок.
Предпладне предлагаме разглед на Рим со локален водич: плоштадот на Републиката, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Фонтана Ди Треви, Виа Венето, мостовите на Тибар, Колосеумот... Потоа одиме на прекрасен факултативен излет до Тиволи. Посета на волшебните паркови и фонтани на вилата Д Есте. Враќање во Рим. Слободно попладне за ручек, кафе и индивидуални активности.... Ноќевање.
5 ден 12.10.2026 РИМ - АРБЕЛОБЕЛО - БАРИ:
Појадок. Одјавување од хотел. Заминуваме на факултативна посета на Арбелобело. Во самото срце на Пулија, се наоѓа сликовитото гратче Алберобело, познато по карактеристичните бели куќички со конусни кровови, познати како трули, заштитен знак на Арбелобело но и на целата регија... куќи направени од варовник со кровови во облик на купа и целото село потсетува на селото на Штрумфовите. Со својата единствена и уникатна архитектура Алберобело се наоѓа на листат на УНЕСКО. Куќите се градени на начин да можат многу брзо да се демонтираат за да се избегне феудалниот порез... кога кралевите порезници ќе заминат, преку ноќ се граделе нови куќички. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договор со водичот заминуваме кон Бари. Следи процедура за качување на брод. Ноќно пловење.
6 ден 13.10.2026 СКОПЈЕ:
Пристигнување во Драч во претпладневните часови. Патувањето продолжува кон Македонија. Очекувано пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 30.06.2025 : 349€
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 369€
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
НАПОМЕНИ: