Duration: 28.12.2025
Price: 1190€ 
Book Now!
voy*er


ДУБАИ НОВА ГОДИНА
СО АВИОН ОД СКОПЈЕ


Детали од лет
VF 264  28DEC  SKPSAW 1240 1605/ VF 143  28DEC  SAWDXB 2215 0350+1
VF 144  03JAN  DXBSAW 0510 0915/ VF 263  03JAN  SAWSKP 1155 1125


28-29.12/25
Полетување од Скопје во 12:40. Слетување во Истанбул на аердором Sabiha Gökçen во 16:05 часот. Полетување за Дубаи во 22:15 часот и слетување во Дубаи во 03:50 на 28.12. Трансфер до хотел во Дубаи. Ноќевање.

29.12/25-31.1.2025
Појадок и слободно време за индивидуални активности или организација на факултативни излети со доплата со локална асистенција и водич на српски јазик (доколку истите се резервираат и платат пред поагање заради организација на истите во висока сезона) или можност за посета на плажа или индивидуална посета на музеи и други знаменитости. Ноќевање.

31.12.2025
Појадок и слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови има Гала Новогодижна вечера во хотелот, согласно мени и програма на хотелот. Ноќевање.

01.01/26-02.01/26
Појадок и слободно време за индивидуални активности или организација на факултативни излети со доплата со локална асистенција и водич на српски јазик (доколку истите се резервираат и платат пред поагање заради организација на истите во висока сезона) или можност за посета на плажа или индивидуална посета на музеи и други знаменитости. Ноќевање.

03.01/26
Трансфер за аеродром 3 часа пред лет. Полетување од Дубаи за Истанбул во 05:10 часот. Слетување во Истанбул во 09:15 часот и полетување за Скопје во 11:55 часот. Слетување во Скопје во 11:25 часот.


ХОТЕЛ УСЛУГА ТИП НА СОБА   ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ
  28.12/25 - 03.01/26 (6 НОЌИ)
Citymax Al Barsha At The Mall 3* НП* Standard Room - за минимум 2 лица (нема место за дете) по лице 1190 € 

Задолжителна новогодишна гала вечера во хотел која изнесува 90€ од човек


ДАТИ НА ПАТУВАЊЕ 28.12.2025-03.01.2026/ ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ 28.12/25-03.01/26 (6 НОЌИ)


Цените се пакет цени по лице изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по дадени цени на авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места – на барање). Цените се по лице, за сместување минимум 2 возрасни лица во стандард двокреветна соба (плаќаат полна сума)


Програма на патувањето - авиокомпанија AJET од Скопје, со вклучен 8 кг рачен багаж. (55x40x23 димензии). Саатници на полетување и слетување се по локално време и согласно моменталнен ред на летање на AJET.


Цената вклучува:

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ДУБАИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ со AJET со вклучен 8 кг рачен багаж. (55x40x23 димензии).
  • Трансфер аеродром Дубаи – хотел Дубаи – аеродром Дубаи;
  • 6 ноќевања во избраниот хотел / тип на соба/ на база ноќевање со појадок согласно наведена услуга (согласно саатници на check-in & check-out)
  • Задолжителна новогодишна гала вечера во хотел која изнесува 90€ од човек
  • Организација и реализација на патувањето
  • локална асистенција во Дубаи (овластен претставник на српски јазик доколку се земат екскурзии пред поаѓање или за дополнителни екскурзии со уплата на лице место на барање)

Цената НЕ вклучува:

  • Доплата за чекиран багаж – ДОПОЛНИТЕЛНО (на барање)
  • Оброк за време на лет (со доплата на лице место)
  • Патничко здравствено осигурување
  • ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ - НА БАРАЊЕ (зависат од број на пријавени лица и протоколи за време на престој, редослед на екскурзии и саатници се подложни на промени согласно инфо на организатор)
  • ПОЛУДНЕВНА ДУБАИ ГРАДСКА ТУРА со водич на српски јазик – 60 ЕУР по лице (за мин 6 пријавени лица)
  • ПУСТИНСКО САФАРИ со вклучена вечера – 70 ЕУР по лице
  • КРСТАРЕЊЕ ПО МАРИНА со вклучена вечера – 70 ЕУР по лице
  • ОСТАНАТИ ЕКСКУРЗИИ – на барање
  • Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот
  • туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR  по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба).
  • Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.
  • Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ. Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба СТАНДАРДНА ДВОКРЕВЕТНА за минимум 2 лица во соба (две полноплатежни суми)

Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:

  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Дополнително возрасно лице или дете во соба со две возрасни лица – ЦЕНА НА БАРАЊЕ (без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба)
  • Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч.  Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
  • Сите оброци во хотелите се на база шведска маса
  • Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност