ДУБАИ И АБУ ДАБИ 30.10
7 дена/ 6 ноќи
30.10.2025 (Четврток) СКОПЈЕ – ДУБАИ
Состанок на групата во Скопје во 14.40 часот. Полетување во 16.40 и пристигнување во Истанбул во 20.05. Полетување за Шарџа во 22.55 часот и пристигнување во 04.15 (локално време). Организиран трансфер (40 km) до хотелот во Дубаи.
31.10-04.11.2025 ДУБАИ
Сместување во хотел. Појадок. Целодневен разглед на Дубаи со локален водич на македонски јазик. (ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНА)
Можност за посета на плажа или индивидуална посета на музеи и други знаменитости. Ноќевање.
05.11.2025 (Среда) ДУБАИ - СКОПЈЕ
Појадок (breakfast box). Организиран трансфер до аеродром. Авионот од Шарџа кон Скопје преку Истанбул полетува во 07.20 часот. Авионот во Скопје слетува во 15.45 часот.
Цена на аранжманот: 879 евра
Промо цена ( последни места ) : 679 евра
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Напомена:
***Целодневен разглед на Дубаи со локален водич на македонски јазик. (ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНА)
Во текот на оваа екскурзија следува запознавање со фасцинантната приказна за издигнувањето на Дубаи од суровите пустински услови во еден модерен, луксузен свет со јасна визија за иднината.
На патот кон стариот дел на градот, ќе се види: Музејот на Иднината (фото стоп) (Museum Of The Future), Златната рамка на Дубаи (фото стоп) (Frame Dubai), Посета на стариот дел на градот, Пазарите за зачини, злато и текстил, возење со традиционална абра преку стариот канал (вклучено во цената), Средба со најголемиот златен прстен на светот направен од 24 каратно злато со огромен дијамант...
Разгледувањето продолжува со посета на: Souk Madinat, Jumeirah Madinat или Малата Арапска Венеција со поглед на луксузниот хотел Burj Al Arab. А од популарниот панорамски видиковец на Палмата: The View At The Palm (влезницата вклучена во цената) ќе може да се види: Приватниот остров на Шеикот на Дубаи, Островите “Свет“. Се продолжува кон Marina The Walk и зградата Cayan или Infinity - една од најпопуларните на оваа локација и кратка посета/фото стоп на локацијата Bluewaters, многу познато место во новиот дел на Дубаи; На оваа локација има можност да се видат: Ain Dubai, JBR и музејот на восочни фигури Мадам Тисо.
Вечерна прошетка во Дубаи
Посета на раскошниот Дубаи Мол, со локален водич каде што следува посета на : Бурџ Калифа (Burj Khalifa) – највисоката кула на светот, Фонтаната Дубаи (Dubai Fountain), Дубајската Опера (Dubai Opera), Модерниот безистен (souk) – Souk Al Bahar, Бурџ Калифа парк (Burj Khalifa Park), Авенијата на Глуварчето (Dandrellion Light Sculpture@ Dubai Mall), Мексичките крилја (Wings of Mexico), Хотелот Палас (Palace Downtown)... Индивидуално враќање назад во хотелот во Дубаи.
Факултативни излети:
***ПУСТИНСКО САФАРИ (вклучен трансфер, вечера, безалкохолни пијалоци, водич) 65 евра
Попладне (15:00 ч.) поаѓање на ЏИП - САФАРИ ВО ПУСТИНАТА. За време на оваа тура може да се согледа убавината на бескрајната пустина и нејзините прекрасни дини. Се започнува со авантуристичко возење низ златната пустина по големите песочни дини и завршува со уживање во зајдисонцето. Оваа импресија вклучува и можност да се јава на камила, да се направи тетоважа со Хена или да се проба наргиле пред да се послужи вечерата во кампот. Традиционално забавата ќе биде комплетирана со изведувачи на стомачен танц. Враќање во Дубаи околу 21:00 часот.
***Можност за посета на највисоката зграда во светот BURJ KHALIFA 124 кат 50евра
***MIRACLE GARDEN” И “GLOBAL VILLAGE” (трансфер, влезници, водич) 70 евра
Поаѓање од хотелот околу 14:00 часот. Посета на две значајни атракции на Дубаи - Miracle Gardens и Global Village. Дали некогаш сте замислиле како изгледаат рајските градини?
Навистина, овде може да се види целата вештина на градинарот, целото богатство на владетелите на Дубаи, сета моќ, раскош, желба за разлика и екстраваганција. Среде пустина, на местото каде што порано имало сув пустински песок, се појавува оваа разновидност на бои и богатство на мириси... Сетилото за слух не може да се занемари, со самото присуство на саксофонист, чија музика одекнува низ градината... Miracle Gardens е најголемата цветна градина во светот направена од природни цвеќиња. Овој парк има над 110 милиони цветови кои се распространети на 72.000 квадратни метри и обликувани во различни форми. Оваа градина започна со работа на 14 Февруари, 2014 година на Денот на вљубените.
По посетата на Miracle Garden следува обиколка на Global Village. Глобалното село е исклучително популарна атракција во Дубаи, каде на едно место се изградени павилјони кои ја претставуваат секоја земја со нивните карактеристични знаменитости, храна, производи и културни специјалитети. Идејата на креаторите на Дубаи била да ги соберат сите култури на едно место, да ги донесат сите убавини на светот во овој град. Па така убавините на Ирак, Иран, Кина, африканските земји, како да се присутни во еден момент, на едно место - така всушност е создадено Global village. Сите значајни земји во светот се претставени со некоја зграда како порта, во чии ѕидови се крие пазар, каде што можете да најдете производи поврзани со дадената земја - национална облека, храна, зачини, чаеви, традиционални танци со традиционална музика. Различните претстави организирани на главната сцена во оваа атракција уште повеќе ја надополнуваат сликата на шарениот колорит од стилови на живеење, музика,танц, песна, храна, знаменитости ...... место за потполно узивање на сите сетила...
Целодневна екскурзија до АБУ ДАБИ и посета на плажа (трансфер, водич на македонски јазик) 80 евра
Излет до Абу Даби
-Посета на стариот центар на градот, можност да се види хотелот „Emirates Palace“, зграда со седум ѕвезди
-Посета на луксузната претседателска палата Каср ал Ватан (Qasr Al Watan) (влезница вклучена во цена)
-Разгледување на новите делови на градот, посета на островот Садијат, каде во моментов се градат нови проекти како Louvre и музејот Guggenheim, Abraham House и до островот ,,Јас” каде се наоѓа тркачката патека Формула 1 и забавниот парк „Ферари Свет“
-Посета на џамијата Шеик Зајед, (Sheikh Zayed Mosque) една од најголемите во светот. Уникатно архитектонско чудо е и Мавзолејот каде се наоѓа телото на таткото на нацијата Шеик Зајед – направена од македонски бел мермер
-Набљудување контрасти на старата и новата архитектура: Народната банка на Дубаи, Стопанската комора, куќата на Шеик Зајед... Посета на плажа.
***КРСТАРЕЊЕ ПО ДУБАИ МАРИНА (трансфер, вклучена вечера, безалкохолни пијалоци, водич) 65 евра
Во вечерните часови следува крстарење со брод по Дубајската Марина.
Во текот на крстарењето има можност да се искуси сјајот на модерното Дубаи и да се проследат прекрасните модерни облакодери, панорамското тркало Аин Дубаи и останатите атракции на оваа локација. Сето тоа надополнето со вечера и забавна програма организирана на самиот брод.