Book Now!
sup


Неи Пори е место, кое сеуште претставува најурбанизирано, а со тоа и најсредено летувалиште во областа Пиериа. Како релативно нов туристички центар, со својата планска поставеност, Неи Пори има неограничен потенцијал за развој. Листата на негови карактеристики ги започнува долгата и широка песочна плажа, зелените појаси и паркови, широките градски улици, како и големиот број на ресторани и кафетерии со прекрасен поглед кон синото море. Како дополнителни соджини за забава и рекреација, во местото се наоѓа и Луна парк, kартинг патека, спортски центар и водени спортови. Близината на Платамона и на Лептокарија, се само дополнителен мотив за секој негов потенцијален гостин. Позитивните мислења на нашите туристи, оваа дестинација со години ја вбројуваат меѓу најбараните.
Вила ЕВГЕНИЈА   се наоѓоa во новиот дел во Неи Пори .Располага со 1/4 студија .Вилата се наоѓа 200 м одалечена од плажа. Студијата се опремени со кујна,ТВ, WI-
Кординати: 39.97372, 22.6555


Вила Евгенија се наоѓоa во новиот дел во Неи Пори на околу 200 метри одалеченост од плажа.

Располага со 1/4 студио (2+2, 3+1). Сите студија се опремени со кујна, тоалет, ТВ И wi-fi.

  • Користење на клима уредот е со доплата 6 евра на ден.

  • Туристичката такса се плаќа во вилата – 2 евра од ноќ.


-10% на термини во мај и јуни за резервација и 50% уплата до 28.02.2026
Попустот НЕ важи за промо цeните!
Цени за наем на студио за наем на 7 ноќи


термин

ноќи

студио

24.05.2026

7

140 промо

31.05.2026

7

200

07.06.2026

7

250

14.06.2026

7

330

21.06.2026

7

410

28.06.2026

7

440

05.07.2026

7

470

12.07.2026

7

480

19.07.2026

7

490

26.07.2026

7

500

02.08.2026

7

500

09.08.2026

7

500

16.08.2026

7

480

23.08.2026

7

440

30.08.2026

7

410

06.09.2026

7

350

13.09.2026

7

240

20.09.2026

7

170 Промо

ОПИС


Цените во табелата се дадени за наем на студио / апартман за 7 ноќи.

ОПИС

1/2 СТУДИО БР.1 Се наоѓа на приземје, има заграден дел од дворот кој се користи како тераса и е од десната страна при влез на вилата. Во влезот на студиото се наоѓа помала кујна со решо и мал фрижидер, има сопствено мало WC, од кујната се влегува во собата каде има два поединечни кревети и има врата за на терасата.

1/4 СТУДИО БР.2 - Се наоѓа на приземје, има заграден дел од дворот кој се користи како тераса и е од левата страна при влез во самата вила. Кујната е одделена од собата со врата и е опремена со решо и мал фрижидер. Студиото располага со два дупли кревети. Од собата се излегува на терасата. Има сопствено WC.

1/4 СТУДИО БР.3 Се наоѓа на приземје, има заграден дел од дворот кој се користи како тераса и е од левата страна при влез во самата вила. Кујната е одделена од собата со врата и е опремена со решо и мал фрижидер. Студиото располага со еден дупли и два единечни кревети. Од собата се излегува на терасата. Има сопствено WC.

1/2 СТУДИО БР 4 Се наоѓа на приземје, има дел од дворот кој се користи како тераса Во влезот на студиото се наоѓаа помала кујна со решо и мал фрижидер, има сопствено мало WC, од кујната се влегува во собата каде има два поединечни кревети и има врата за на терасата која гледа во соседната куќа (ѕид).

1/3 СТУДИО БР.5 Се наоѓа на првиот кат во вилата, има сопствена тераса и WC. Студиото располага со 3 единечни кревети и во истата просторија се наоѓа и кујната опремена со решо и голем фрижидер.

1/4 СТУДИО БР.6Се наоѓа на првиот кат во вилата, има сопатвена тераса и WC Студиото располага со еден дупли и два единечни кревети и во истата просторија се наоѓа и кујната опремена со решо и голем фрижидер.

1/5 ДУПЛЕКС БР.7 - Се наоѓа на првиот кат од вилата има долга тераса на која се излегува од двете спални и од кујната. Кујната се наоѓа во ходникот на дуплексот помеѓу двете спални соби и е оремена со решо и голем фрижидер . Дуплексот има сопствено WC. Во едната спална има 1 дупли и 1 единечен кревет, а во другата спална соба има 2 единечни кревети и ТВ. Во дуплексот има 2 клими по една во секоја спална соба .

1/4 СТУДИО БР.8 Се наоѓа на првиот кат во вилата, има сопствена тераса која гледа во соседната куќа (ѕид), WC. Располага со 3 единечни кревети и во истата просторија се наоѓа и кујната опремена со решо и голем фрижидер.


Услови под кои важи аранжманот

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.
  • За уплата на два последователни термини 7+7(еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин попустите не се комбинираат.
  • Доплата на туристичка такса 2 еур на студио од ноќ (се плаќа во објектот )
  • WI-FI интернет -БЕСПЛАТНО (за јачина на сигнал не гарантираме).

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

  • 3а возрасни 3.100 мкд. (50 евра) / еден правец 2.480 (40 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра) / еден правец 2.170 мкд ( 35 евра)
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата
  • Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е ЗАДОЛЖИТЕЛНО најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман 
  • Доколку гостите не го почитуваат куќниот ред истите може да бидат избркани од страна на сопственикот на вилата и за тоа не добиваат обештетување од агенцијата.