Book Now!

Хотелот Копаоник важи за еден од најкомплетните хотели во Луковска Бања и е идеален за гости кои бараат високо ниво на комфор и разновидни содржини. Сместувањето го сочинува комбинација од 63 модерно опремени соби и 4 апартмани, функционално уредени со цел престојот да биде пријатен и практичен, без разлика дали станува збор за краток одмор или подолг престој во бањата.

Во рамките на хотелот на гостите им е на располагање медицински центар, каде што секојдневно, вклучувајќи ги викендите и празниците, се извршуваат медицински прегледи и различни терапии. Овој центар е особено погодeн за гости кои сакаат да ја спојат релаксацијата со здравствените третмани и зачувувањето на виталноста.

Хотелот располага со базени со термална вода, идеални за опуштање и рехабилитација, како и простран велнес центар со разновидни содржини за регенерација на телото и духот. Гостите можат да уживаат во сауна, маисажи и други третмани кои придонесуваат за целосна релаксација.

За уживање во гастрономските содржини, хотелот нуди пансионски ресторан, како и кафе-барови кај базенот и рецепцијата, обезбедувајќи пријатна атмосфера за оброци и опуштање во текот на денот. Особено е погодна понудата за семејства и гости кои сакаат да ги комбинираат велнесот, терапиите и дружењето во пријатен амбиент.

Целокупниот амбиент на хотелот Копаоник ги спојува удобното сместување, богатата понуда на содржини и лековитите термални извори на Луковска Бања, правејќи го престојот целосно искуство на опуштање и регенерација. Ова го прави одличен избор за семеен одмор, подолги бањски аранжмани и гости кои сакаат квалитетен и релаксирачки престој.


ЦЕНОВНИК НА ПАНСИОНСКИ УСЛУГИ НА ХОТЕЛОТ КОПАОНИК

За периодот јули – декември 2026 година

Период Основен БО ден Екстра БО ден
јули – септември 70 €  85 € 
октомври 68 €  83 €
ноември – декември 66 €   81 €  

* БО ден подразбира престој од 2 и повеќе дена.


Основниoт БО ден вклучува:

  • Лекарски прегледи кај дежурните лекари во текот на престојот.

  • Балнеотерапија: капење во лековита вода, затворен базен во хотелот Копаоник (температура 35°C), надворешен базен кај хотелот Копаоник, хидрокинезитерапија (групови вежби во базените со лековита вода), лековити капења во базените и „вировите“ во Горна Бања.

  • Користење на Велнес центарот.

  • Сместување во стандардни соби.

  • Исхрана на база на полн пансион: појадок – избор до 10 јадења, ручек и вечера по принцип на анкетирање (3 пансионски јадења + диетално јадење).

  • Секојдневно користење на спортските терени.

  • Користење на салата за рекреација и забава.

  • Прошетки по патеките на здравјето.

  • Бесплатен безжичен интернет (Wireless).


Доплати:

  • Еднокреветна соба: 13 €  дневно.

  • Престој во комфор соби: 5 €  по лице дневно.

  • Престој во апартман: 13 € по лице дневно.


Намалување за полупансион:

  • Полупансион – без ручек: 2,5 € по лице дневно, или

  • Полупансион – без вечера: 2 € по лице дневно.

Услови за деца:

  • До 7 години: престојуваат бесплатно.

  • Од 7 до 12 години: се плаќа 50% од наведените цени.

  • 12 и повеќе години: плаќаат целосна цена на престојот.

    * Напомена: посебниот попуст за деца ги исклучува другите попусти и промотивни акции.


ПОПУСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИ:

  • 5% попуст со последен чек од пензија во периодите: јануари – мај и октомври – декември.

  • Плаќање на 6 месечни рати со административна забрана во текот на целата година за престој од 5 и повеќе дена (потребен е последен чек од пензија).

Основен БО ден екстра вклучува: Основен БО ден + 4 терапии дневно:

  • Електротерапија (дијадинамик, интерферентни струи, ТЕНС, мускулен стимулатор, солукс лампа).

  • Хидромасажа во лековита вода (бисерна бања во лековита вода).

  • Аплицирање на лековита кал (до две апликации).

  • Мануелна (рачна масажа) – сегментна во траење од 10 минути.

Терапиите ги одредува бањскиот лекар според индикациите, а се извршуваат секојдневно – и за време на викенди и празници.

Цените се дадени по лице дневно на база на полн пансион во двокреветни соби.

  • Врз основа на промените на пазарот, Специјалната болница за рехабилитација Пролом Бања го задржува правото за корекција на цените.

  • Редовните цени не се однесуваат на специјални датуми (Нова година, Божиќ, Сретење, Велигден, Први мај, Есенски распуст).