Book Now!


Лето 2021
Хотел Интернационал 4*, Охрид

Под падините на планините Петрино и Галичица, непосредно до познатите Билјанини извори, од кои според легендата настанало познатото Охридско Езеро, на излезот од булеварот „Туристичка” кој води до најубавите плажи на источното крајбрежје, се наоѓа хотелот „Интернационал”.
На атрактивна локација, изграден во модерен стил, хотелот „Интернационал” е идеално место за вашиот престој во Охрид. Оддалечен на 5 минути од Езерото и само 15 минути од центарот на градот, хотелот „Интернационал”нуди извонредни услови за престој на гостите.
Располага со 35 стилски уредени соби, од кои 28 се двокреветни, 2 се четворокреветни, а 5 апартмани. Сите имаат клима уред, интернет и телевизија. Се издаваат по принципот ноќевање со доручек кој се реализира во специјалниот интерен ресторан наменет само за гостите кои користат сместување во хотелот.