1 ден 28.12 Четврток СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 15:30 и паѓање за Истанбул во 16:00 часот. Се патува преку Р. Грција – граничен премин Евзони со попатни паузи. Ноќно возење.
2 ден 29.12 Петок ИСТАНБУЛ НА ДЛАНКА – КРСТАРЕЊЕ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Сулејманија, Фатих џамија… Факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi, висока (238м), од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја. Потоа, предлагаме возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Сместување во хотел… Факултативно, во попладневните часови предлагаме посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар – Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор… Европа – Азија). Слободно време да се ужива во ова прекрасно место за да се испие кафе и да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на Белербеј. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.
3 ден 30.12 Сабота СУЛТАН АХМЕТ ПЛОШТАД-ТОПКАПИ ПАЛАТА-КАПАЛИ ЧАРШИЈА
Појадок. Пешачка тура во Срцето на Истанбул – Султан Ахмет плоштад, каде што ќе може да се слушне приказната за Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул – Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија – изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители… Факултативно, прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните… Посета на Капали Чаршија- затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини…Ноќевање.
4 ден 31.12 Недела ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ – ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ
Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Потоа, предлагаме факултативна посета на Принцески Острови (Büyükada,Heybeliada, Burgazada…) – архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km². каде живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради честите бродови кои минуваат покрај секој остров. На самите острови е забранета употреба на моторни возила, а како основно средство за превоз се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата на турската воена морнарица…Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија. Дочек на Нова Година на еден од најатрактивните плоштади во областа Фатих или крстарење со свечена вечера и програма на брод. Ноќевање.
5 ден 01.01 Понеделник ПЈЕР ЛОТИ-БАЛАТ-ФОРУМ
Појадок. Напуштање на хотел. Посета на Пјер Лоти, ридот со поглед на Златниот рог во Ејуп. Ридот на Пјер Лоти нуди спектакуларен панорамски поглед на седумте ридови во Истанбул, можност да се вкуси најубавото турско кафе и најубавото Ѓомлезе во градот. Тука ќе ја слушнете и приказната за забранетата љубов на Пјер Лоти и Азизе… Прекрасен излет покрај брегот на Златниот рог, се посетува стариот историски кварт на Истанбул, познат под името Балат, со тесни улички, стари и колоритни куќи – место каде што се снимаат бројни турски серии… Посета на Вселенската Патријаршија, една од четиринаесетте автокефални православни цркви со седиште во Истанбул. Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум, Ikea, Decatlon, Koctas… Tргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Р.Грција со попатни паузи. Пристигнување наредниот ден во утрински часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 229 евра
Цената на аранжманот вклучува:
Цената на аранжманот не вклучува:
ПАКЕТ 1: Панорамски разглед + крстарење по Босфор + Азиски Истанбул + “Sapphire Seyir Terasi” + Пјер Лоти = 95евра
ПАКЕТ 2: Панорамски разглед + крстарење по Босфор + Азиски Истанбул + “Sapphire Seyir Terasi” + Пјер Лоти + Топ Капи + Долма Бахче + Вечера во национален ресторан=220евра
Напомени:
Штип
+389 32 618 999; +389 78 419 995
Кирил и Методи 26, 2000 Македонија
Струмица
+389 34 609 990; +389 77 507 556
Јосиф Јосифовски 1, 2400 Македонија