ИСТАНБУЛ - царската престолнина на два континенти
Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања
* СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА *
05 декември (Петок) СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ (Панорамски разглед Азиски дел)
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 08:45 часот. Полетување за Истанбул во 10:50 и слетување во 14:15 часот (локално време). Панорамски разглед на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар - Кадикој… населби во Анадолија каде водичот ќе ве запознае со културната разликост на европскиот и азискиот дел на градот. Кратка прошетка по сликовитиот дел на градот Ускудар од каде може да се види Моминската кула, Михримах џамијата, Чамниџе џамија... разгледот продолжува преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул... во Европсиот дел на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Сулејманија, Фатих џамија… Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
06 декември (Сабота) ИСТАНБУЛ
(Султан Ахмед плоштад - Топкапи палата - Потонатата палата - Археолошки музеј - Капали чаршија)
Појадок. Факултативно, пешачка тура во Срцето на Истанбул - Султан Ахмет плоштад, каде што ќе може да се слушне приказната за Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул - Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија (индивидуално)- изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители... Факултативно, прошетка по просторииите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец ”Топкапи палата” која ги чува приказните за огромното богатство на султаните... Препорачуваме да ја посетите Потонатата палата Yerebatan Saray, 14 метри под нивото на земјата, и во Византиско и во Османслиско од овие простори се снабдувале домакинствата со вода. Со 336 мермерни столбови, приказната за медузите и нивната положба на која се поставени... Посета на Археолошкиот музеј, склоп на три Музеи кои поседуваат над еден милион предмети кои ги претставуваат сите епохи и цивилизации во историјата на светот. Посета на Капали Чаршија (индивидуално) - затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини... Ноќевање.
07 декември (Недела) ИСТАНБУЛ (Долма Бахче Сарај - Крстарење - Таксим)
Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај - последната резиденција на Отоманскиот султан која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Потоа, возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Посета на главниот плоштад во Истанбул - Таксим со познатата улица Истиклал... Слободно време и можност за уживање на турско кафе или чај во традиционален турски ресторан. Ноќевање.
08 декември (Понеделник) ИСТАНБУЛ -СКОПЈЕ (Вселенска патријаршија - Балат)
Појадок. Факултативно, посета на Вселенската Патријаршија, една од четиринаесетте автокефални православни цркви со седиште во Истанбул. Прошетка покрај брегот на Златниот рог, стариот историски кварт на Истанбул, познат под името Балат, со тесни улички, стари и колоритни куќи - место каде што се снимаат бројни турски серии... Трансфер до аеродром. Авионот за Скопје полетува во 16:15 часот. Пристигнување во Скопје во 15:45 часот (локално време).
За резервација до 25.10.2025 : 419 евра
Цена на аранжманот : 479 евра
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: 145 евра за бр.2, бр.3 и бр.4.
НАПОМЕНА: