Duration: 04 Sep 2026 - 07 Sep 2026
Price: 433 €
Book Now!
фиб


04.09.2026 - 07.09.2026


1 ден

Состанок на групата на аеродромот во Скопје мин. 2 часа пред летот. Директен лет за Истанбул во 11:15  часот. Пристигнување во Истанбул во 13:40 часот.Органииран трансфер со автобус и посета на Таксим Плоштадот, Истиклал улицата и Галата Кулата. Трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден

Појадок. Организиран разглед на Истанбул со посета на Долма Бахче Палата, престој 1 час (влезницата се плаќа). Разгледот продолжува со преминување на азиската страна на Истанбул и посета на плоштадот Ускудар, Моминската Кула, населбата Кузгунџук, позната по колоритните куќи од турските серии и ридот Чамлиџа. Враќање во хотел. Вечерта, ноќно крстарење по Босфор, со вечера, неограничени пијалоци и традиционални и модерни турски претстави (влез 45 € – престој 3 часа). Враќање и сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден

Појадок. Поаѓање кон Еминону – бродската станица за крстарење по Босфор. Двочасовно крстарење со брод кон Црното Море, со поглед на крајбрежјето на Истанбул, Европа и Азија од бродот (влез 15 € – престој 2 часа). Поаѓање кон палатата Топкапи - зимскиот дворец на султанот (престој 2 часа). Посета на Сината џамија Султан Ахмет (влез слободен, престој 30 минути).Поаѓање кон Света Софија (влезницата се плаќа) и обиколка на Хиподромот, некогашен спортски и општествен центар на Византиската империја, денес плоштад Султанахмет. Турата продолжува со организиран превоз со ридот Пиер Лоти и населбата Балат, а завршува со посета на познатата Капали Чаршија. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден

Појадок. Посета на Аквариумот (влез 30 € – престој 2 часа). Посета на трговски центар со слободно време за шопинг. Трансфер до аеродром. Лет за Скопје во 18:35 часот. Слетување во Скопје во 19:05 часот.


Цена на аранжманот 433 евра по лице


  • Вклучено

    • Авионска карта на релација Скопје - Истанбул - Скопје со Пегасус
    • Аеродромски такси
    • Рачен бесплатен багаж 3kg
    • 3 ноќевања со појадок во хотел Comfort Life Istanbul или сличен
    • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
    • Организирани трансфер според програмата
    • Организација на патувањето и претставник на Агенцијата за целиот престој

  • Не е вклучено

    • Сѐ што не е наведено во програмата
    • Влезница за во објектите и културно-историски споменици
    • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
    • Патничко осигурување
    • Такса за престој во Истанбул  2.5 евра по лице по ноќевање

  • Факултативни Излети

    • Крстарење со брод по Босфор 1,5 – 2 часа за разгледување на Европа и Азија 15€.
    • Крстарење со претстава и вечера 45€, вклучува: превоз од хотелот во двата правци, претстава со танчери и диџеј, специјална вечера, неограничени безалкохолни пијалоци. Трае 3 часа.
    • Посета на аквариумот 30 €

  • Напомена

    • Цената на аранжманот е променлива – во зависност од расположливост на места.
    • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или  други настанати околности.