Duration: 28 Aug 2026 - 04 Sep 2026
Price: 1678€
Book Now!
fib


Неапол - Соренто - Капри - Амалфи - Салерно


  • Програма

    1 ден (петок)

    Состанок на групата на скопскиот аеродром, 2 часа пред летот. Лет од Скопје за Неапол. Поаѓање во 16:30 часот, пристигнување во Неапол во 18:10 часот. Панорамска прошетка низ градот со посета на главните знаменитости: Duomo di Napoli – катедралата, Royal Palace of Naples, Piazza del Plebiscito – централниот плоштад, Teatro di San Carlo – прочуен театар, Castel Nuovo – средновековна тврдина, и други знаменитости. Сместување во хотел. Ноќевање.

    2 ден (сабота)

    Појадок. Пешачка тура низ Соренто со посета на пристаништето, катедралата, Манастирот Свети Франциск, базиликата Сан Антонио.

    Поаѓање од пристаништето во Соренто,  со фери брод до Капри. Слободно време во Капри за индивидуални активности и прошетка низ островот.  Враќање со ферибот до Соренто. Сместување и ноќевање во хотел.

    3 ден (недела)

    ПојадокОпционално:

    • Поаѓање со брод до Позитано. Пешачка прошетка низ Позитано со посета на црквата Chiesa di Santa Maria Assunta – позната црква со мозаик, и пристаништето.
    • Поаѓање со брод до Амалфи. Пешачка тура низ Амалфи со посета на Катедралата, Museo della Carta – музејот на хартијата, Chiostro
    • del Paradiso – историскиот клостер, и други знаменитости.
    • Се продолжува со брод до Салерно. Пристигнување и панорамска прошетка низ градот со посета на: Castello Arechi – средовековен замок, Cattedrale di Salerno – катедрала, Giardini della Minerva – ботаничките градини и шеталиштето Сместување и  Ноќевање во хотел.

    4 ден (понеделник)

    Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел.

    5 ден (вторник)

    Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел.

    6 ден (среда)

    Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел.

    7 ден (четврток)

    Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел.

    8 ден (петок)

    Појадок. Појадок во хотел. Попладне, трансфер до аеродромот во Неапол. Лет Неапол - Скопјe. Поаѓање од Неапол во 18.45 часот. Пристигнување во Скопјe во 20.15 часот

 


28.08.2026 - 04.09.2026 - €1,678.00


  • Вклучено

    • Авионска карта на релација Скопје - Неапол - Скопје со Wizzair
    • Аеродромски такси
    • Бесплатен рачен багаж со димензии 40 x 30 x 20 cm
    • 7 ноќевања со појадок: - 1 ноќевање во Неапол, 2 ноќевања во Соренто, 4 ноќи во Салерно - Grand Hotel Salerno 4* или сличен
    • Фери брод Соренто - Капри.
    • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
    • Организирани панорамски разгледи на градовите
    • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за време на првите 4 дена (за време на разгледите)

  • Не е вклучено

    • Патничко осигурување
    • Индивидуални трошоци
    • Влез во туристичките знаменитости и музеи
    • Факултативни излети
    • Лифтови, жичари кои се наоѓаат низ градовите за полесно движење
    • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
    • Туристичка такса во Салерно 5 евра по лице по ноќевање се плаќа дирекно во хотел.

  • Факултативни Излети

    Соренто – Позитано → Позитано – Амалфи → Амалфи – Салерно.

    Цената за ова патување со три бродови изнесува 50 евра** Плаќање при пристигнување во дестинацијата

    За лицата кои нема да го изберат ова патување, ќе биде организиран автобуски превоз директно од Соренто до Салерно (по автопатот).


  • Напомена

    • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
    • Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
    • Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување..
    • Амалфиската ривиера е регион кој е со тесни улици, карпест предел , скалести градови. Една од најпопуларните туристички дестинации во Европа.
    • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или  други настанати околности.