Duration: 05 Sep 2026 - 08 Sep 2026
Price: 399€
Book Now!
fib


Јужна Италија – Апулија и Матера
Бари, Алберобело, Полинјано а Маре, Лече, Отранто, Таранто, Матера, Алтамура, Барлета
Термини - 27.06.2026 - 30.06.2026 , 18.07.2026 - 21.07.2026 , 04.08.2026 - 07.08.2026 , 05.09.2026 - 08.09.2026


1 ден

Состанок на групата на аеродром во Скопје, 2 часа пред летот. Директен лет до Бари со авиокомпанијата Wizz Air во 21:55 часот и пристигнување во 23:05 часот (летови во август 20:55 – 22:05). Пристигнување и сместување во хотел во околината на БариНоќевање.

2 ден

Појадок. Организиран превоз со автобус до Polignano a Mare со кратка посета на стариот дел на градот, стариот римски мост, плажата Lama Monachile и споменикот на Domenico Modugno, познат по легендарната италијанска песна „Volare“. Патувањето продолжува кон Alberobello, град под заштита на УНЕСКО, со посета на традиционалните куќи Trulli. Следува посета на Отранто и Castello Aragonese – средновековна тврдина, како и прошетка низ градот каде се чувствува убавината на јадранскиот брег. Слободно време за ручек. Продолжуваме кон Лече, познат како барокниот бисер на јужна Италија, со посета на Basilica di Santa Croce, црквата Santa Maria, Piazza del Duomo, статуата на Sant’Oronzo, Porta Napoli, замокот и античкиот амфитеатар. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден

Појадок. Поаѓање кон Таранто со организиран разглед на градот: Castello Aragonese – средновековна тврдина, Taranto Cathedral, Ponte Girevole – познатиот ротационен мост, Lungomare – шеталиштето покрај морето и Palazzo del Governo – импозантна зграда од периодот на Мусолини. Патувањето продолжува кон Матера, град под заштита на УНЕСКО, со посета на Sassi di Matera – древни пештерски населби издлабени во карпи, катедралата и црквите врежани во карпите. Матера е позната и по својот традиционален крцкав леб, еден од најпрепознатливите специјалитети во Италија, а токму тука се снимени и сцени од филмот No Time to Die (James Bond 007). Продолжуваме кон Алтамура со посета на Piazza Duomo – главниот плоштад, катедралата на градот и најстарата пекара Forno Santa Caterina, основана во 1306 година, со традиција долга повеќе од 700 години. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

4 ден

Појадок. Поаѓање кон Барлета со организиран разглед на градот: главната катедрала, Santa Maria Maggiore – историска црква, Basilica del Santo Sepolcro и Castello Svevo di Barletta – средновековна тврдина. Потоа продолжуваме кон Puglia Village, шопинг центар каде ќе имаме слободно време за прошетка и купување. Патувањето продолжува кон Бари, со посета на црквата Свети Никола, каде се чуваат моштите на Свети Никола, Castello Normanno-Svevo – средновековна тврдина, Piazza Mercantile – историскиот плоштад и театарот Teatro Margherita. Следува прошетка по шеталиштето Lungomare во новиот дел на Bari, како и слободно време за кафе и шопинг на познатата улица Via Sparano. Трансфер до аеродром. Полетување во 22:40 часот и пристигнување во Скопје во 23:50 часот (летовиво август 22:20 – 23:30 часот).


ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ - 399 евра  по лице


Вклучено

  • Авио билет на релација Скопје - Бари - Скопје со Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж со димензии 40x30x20 cm
  • 3 ноќевања со појадок според програмата.
  • Расположливост за еднокреветна соба е на барање.
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус и пратител
  • Претставник на македонски јазик
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој.

Не е вклучено

  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Влез во туристичките знаменитости и музеи
  • Факултативни излети
  • Останати трошоци кои не се спомнати
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

Напомена

    • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
    • Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
    • Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
    • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати