КАНАРСКИ ОСТРОВ
ТЕНЕРИФЕ и ГРАН КАНАРИЈА
Авион/ 8 дена/ 7 ноќевања
05.03 (Четврток) СКОПЈЕ – ТИРАНА - ТЕНЕРИФЕ
Состанок на групата во Скопје во 07.00 часот. Трансфер до аеродромот во Тирана. Полетување за Тенерифе во 13.55 и пристигнување во 18.20 часот. Трансфер до Пуeрто де ла Круз и сместување во хотел. Вечерна прошетка и запознавање на градот. Ноќевање.
06.03 (Петок) ТЕИДЕ
Појадок. Факултативно, излет во Националниот парк Теиде, највисокиот врв на Шпанија и, мерено од морското дно, третиот највисок вулкан на светот. Уживање во фантастичниот поглед од видиковецот Chipeque на „морето од облаци“, возење низ единствените во светот шуми на канарски бор до самиот национален парк, и прошетка по патеки што потсетуваат на површина од Марс — или на некоја друга планета. Враќање во хотелот и можност да гледате прекрасен залез на сонцето, да направите безброј фотографии и да се релаксирате. Ноќевање.
07.03 (Сабота) ЛА ЛАГУНА - САНТА КРУЗ ДЕ ТЕНЕРИФЕ
Појадок. Факултативно, излет во Ла Лагуна — најстариот плански направен град во светот, културно наследство на УНЕСКО. Прошетка низ градското јадро со калдрмисани улици распоредени како полиња на шаховска табла на овој стар универзитетски град. Посета на старата палата Леркаро, во која сега се наоѓа Музејот на историјата и антропологијата, посетa на палатата и седиштето на архиепископијата, како и на црквата Свети Христос каде што се чува распењето Христово — дело на фламански мајстори од XV век. По разгледувањето на некогашната престолнина на Тенерифе, поаѓање кон Санта Круз де Тенерифе, денешниот главен град. Панорамско разгледување на градот, прошетка по главниот градски плоштад и слободно време за уживање на една од најубавите улици на островот. Враќање во хотелот. Ноќевање.
08.03 (Недела) ИКОД ДЕ ЛОС ВИНОС - ГАРЧИКО - МАСКА
Појадок. Факултативно, излет во Икод де лос Винос, Гарачико и пиратското село Маска. Излетот започнува со посета на илјадагодишното Дрво-змеј (Drago Milenario), продолжува низ калдрмисаните улици на градот каде што се произведува познатата малвазие (Malvasía) — канарско вино кое го споменува дури и Шекспир во своите дела. Кратка пауза и дегустација на вино, ликери и други традиционални производи во градчето кое мириса на минати векови, а потоа продолжување кон едно од најубавите места во Шпанија — Гарачико, кое и покрај лавата што го уништи речиси целосно во 1706 година, како феникс воскресна и го украсува својот брег со природни базени формирани од вулканската ерупција. Разглед на знаменитостите изградени од богати семејства со потекло од Џенова, и потоа поаѓање кон местото каде што пиратите го криеле своето богатство — познатата Маска, каде што се криле од освојувачите. Возење низ планински превои кои од своите височини откриваат несомнено едни од најубавите погледи на светот, создадени од фузијата на лава и морски бранови. Пауза во овој природен музеј и потоа враќање во хотел. Ноќевање.
09.03 (Понеделник) ГРАН КАНАРИЈА
Појадок. Факултативно, поаѓање кон пристаништето во Санта Круз де Тенерифе и превоз со ферибот до пристаништето Агаете на Гран Канарија. Разглед на Лас Палмас и прошетка низ старото градско јадро — Вегета (Vegueta): Катедралата Света Ана, куќата на Кристофер Колумбо, улицата Тријана... лавиринт од улички, плоштади и стари цркви, мирисот на минатото испреплетен со вкусовите на различни култури и традиции кои нашле засолниште на овој прекрасен остров. Попладнето поаѓање назад по истата рута, но обогатени со незаборавни впечатоци и искуства. Враќање во хотелот во Тенерифе. Ноќевање.
10.03 (Вторник) ПУЕРТО ДЕ ЛА КРУЗ
Појадок. Слободен ден за плажа и индивидуални прошетки.
11.03 (Среда) ПУЕРТО ДЕ ЛА КРУЗ
Појадок. Слободен ден за плажа и индивидуални прошетки.
12.03 (Четврток) ЛОРО ПАРК - ТИРАНА - СКОПЈЕ
Појадок и одјава од хотелот. Излет во Лоро парк, еден од најдобрите светски тематски паркови. Претстави со делфини, китови, морски лавови и папагали. Рајски градини украсени со растителни и животински видови, пингвини и фламинга. Превоз до аеродромот. Полетување во 19.05 часот и пристигнување во Тирана во 01.25 часот. Трансфер до Скопје.
Цена за рана уплата до 20.12.2025: 1049 евра
За секоја резервација направена во период од 24.11 до 06.12 доделуваме дополнителни 30 евра попуст по лице
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1119 евра
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Автобуски трансфер на релација Скопје-Тирана-Скопје
Авионски превоз на релација Тирана-Тенерифе-Тирана
Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х20х25см) по лице
1 парче чекиран багаж до 10 кг. по соба
Трансфер аеродром-хотел-аеродром
Трансфер до Лоро Парк
Сместување во Хотел Parque Vacacional Eden 4* во Пуерто де ла Круз на база 7 ноќевања со појадок (https://www.parquevacacionaleden.com/)
Локален водич за реализација на излетите
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Туристичка такса 1300 ден. по лице за цел престој-се плаќа во Агенција
Доплата за дополнителен багаж: чекиран багаж - куфер до 10кг, чекиран багаж - куфер до 20кг, *цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање
Национален парк Тиеде (трансфер, локален водич) ... цените до 15.12 ќе бидат објавени
Ла Лагуна, Санта Круз де Тенерифе (трансфер, локален водич) ... цените до 15.12 ќе бидат објавени
Икод де лос Винос, Гарчико, Маска (трансфер, локален водич)... цените до 15.12 ќе бидат објавени
Гран Канарија (треанфер, брод, локален водич) 120е
Лоро Парк влезница 45e
Влезници за локалитетите и карти за јавен превоз
Патничко – здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 26.000 ден.
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Ви Травел