Price: 689€
Book Now!

фиб

Балон над самовилските оџаци


Ако постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија: карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта, и стотици балони над долините во зори.

29.04 до 03.05.2027

Цена од 689€ по лице, во двокреветна соба · 4 ноќевања со појадок + трансфер


ден1

Скопје, Кападокија Четврток, 29.04

Полетување од Скопје за Истанбул во 08.45 ч со лет TK1004, слетување во 11.20 ч. Патувањето продолжува со лет TK2016 во 13.00 ч, слетување во Кајсери во 14.30 ч. Организиран превоз до хотелот со автобус и сместување. Слободно попладне.

ФакултативноВечера во национален ресторан. Ноќевање.

ден2

Кападокија: Северна тура Петок, 30.04

Појадок. ФакултативноЦелодневен разглед на Северна Кападокија со локален водич (09.00 до 17.00 ч, вклучен превоз, ручек и влезници): долината Деврент, Пашабаг (Долина на монасите), Аванос со посета на грнчарска работилница, музејот на отворено Зелве и тврдината Учисар.

Каменитите форми и „самовилските оџаци“ кај Зелве, црквите исклесани во камен и фреските од 10 век се меѓу најубавите остатоци од византиската уметност, а од Учисар, највисоката карпа во Гореме, се отвора панорама на цела област. Враќање во хотелот. Факултативновечера во национален ресторан. Ноќевање.

ден3

Зелена тура и подземен градСабота, 01.05

Појадок. ФакултативноЦелодневно истражување на „Зелена Кападокија“ со локален водич (09.00 до 17.00 ч, вклучен трансфер, ручек и влезници): подземниот град Кајмакли или Деринкују, кањонот Ихлара, селото Белисирма (древната Перистреме покрај реката Мелендиз) и Селиме, со куќи исклесани во карпите на работ од кањонот, пејзаж како од „Војна на ѕвездите“.

Враќање во хотелот. Слободна вечер. Ноќевање.

ден4

Велигден над облаците ВелигденНедела, 02.05

ФакултативноЛет со балон во раните утрински часови (поаѓање околу 04.00 ч) над уникатните долини и „самовилските оџаци“: најпрепознатливото доживување во Кападокија. Враќање во хотелот и појадок.

ФакултативноСафари низ пејзажите на Кападокија со вклучен ручек. Враќање во хотелот. Ноќевање.

ден5

Кападокија, СкопјеПонеделник, 03.05

Појадок. Во 11.00 ч организиран превоз до аеродромот во Кајсери. Полетување со TK2017 во 15.15 ч, слетување во Истанбул во 16.55 ч. Патувањето продолжува со TK1005 во 18.50 ч, слетување во Скопје во 19.20 ч по локално време.


Во цената е вклучено

  • Повратен авионски билет со Turkish Airlines, Скопје, Кајсери, Скопје
  • 20 кг чекиран и 8 кг рачен багаж
  • Аеродромски такси
  • Организиран повратен трансфер аеродром, хотел, аеродром
  • Придружник од агенцијата во текот на патувањето
  • 4 ноќевања со појадок во Sakli Konak Cappadocia

Не е вклучено

  • Факултативни екскурзии и летање со балон
  • Индивидуални трошоци за оброци и пијалоци
  • Бакшиш за водич
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Дополнителни трошоци во хотелот

Факултативна активност Цена
Северна тура
Деврент, Пашабаг, Аванос, Зелве, Учисар
од €70
Зелена тура
подземен град, Ихлара, Белисирма, Селиме
од €85
Летање со балон
цената зависи од локацијата и е променлива
од €250
Вечера во национален ресторан
со вклучен трансфер
€50
Сафари
по лице, едно возило за 4 лица
€40

Одење · 29.04.2027

TK1004Скопје, Истанбул 08.45 до 11.20

TK2016Истанбул, Кајсери 13.00 до 14.30


Враќање · 03.05.2027

TK2017Кајсери, Истанбул 15.15 до 16.55

TK1005Истанбул, Скопје 18.50 до 19.20 (локално време)


Напомени:

  • Цените се по лице, за сместување во двокреветна соба.
  • Цени за еднокреветна или трокреветна соба и цени за деца се достапни на барање.
  • Плаќање исклучиво во денари по курс 1 € = 62 ден.
  • При резервација се плаќаат минимум 30% од износот, а остатокот најдоцна 15 дена пред патувањето.
  • За реализација на патувањето и факултативите потребни се минимум 20 патници.
  • Агенцијата има право да го откаже патувањето до 7 дена пред поаѓање.