Price: -15% за резервација со 50% до 15.12.2025 :
Book Now!

Локација - Villa Kety House~Nea Flogita
Кети Хаус, се наоѓа во срцето на Неа Флогита, позади бич бар Разматаш и Гиро стрит фут, на само 20 метри од плажа. Во куќата располагаме со 7 апартмани , лифт за 2-3 лица. Сите апартманите имаат балкони доста се комотни, чисти и реновирани пред почетокот на сезоната, интернетот е бесплатен во апартманите исто така и клима уредите (во секој апартман има по една клима)
Во Близина: Плажа на 20 метри, маркет на само 20 метри и на 50 метри, зелено пазарче 100 метри, Кафе бар на само 20 метри, ресторант, пекара на 10 метри, Лидл на 6 км во Неа Мудања.


Број 15 Апрт 1/4 Приземје (едноспален)
Апартман со спална во која има еден двоен кревет и два единечни( едниот е за дете до 16 години, 80*160 цм.), кјуна и голема тераса. Нови тоалети 2024 реновирани.


Број 16 Апрт 1/5 Приземје (едноспален)
Апартман со спална во која има еден двоен кревет, друга соба еден двоен(мал) и еден единечен , кујна и голема тераса,. Нови тоалети 2024 реновирани. ( нова кујна и промена на распоред на апартманот за сезона 2026 - дополнително нови слики ) 


Број 6 Апрт 1/5 втор спрат (едноспален) Поглед море
Апартман со дневна и кујна со еден двоен и еден единечен кревет, спална со еден двоен кревет, голем балкон со маса и два единечни кревети. Нови тоалети 2024 реновирани.


Број 7 Виви Апрт 1/4 втор спрат (двоспален) Поглед на град
Апартман со 2 спални, една спална со двоен кревет и друга спална со два единечни кревети, собите ги дели шибер-врата. Кујна опремена со сите потребни елементи , балкон и мал тоалет.


Број 9 Апрт 1/5 + екстра кревет трет спрат (едноспален) Поглед море
Апартман со кујна и дневна со еден двоен (120*200) и еден единечен кревет, спална со еден двоен кревет и екстра кревет на расклопување за дете, голема тераса во Г со маса, софа на спуштање и сепаре. Нови тоалети 2024 реновирани.


Број 10 Апрт 1/5 трет спрат (едноспален) Поглед море
Апартман со дневна и кујна во која има еден двоен и еден единечен кревет, спална со двоен кревет, голема тераса со маса и два кревета. Нови тоалети 2024 реновирани.


Број 12 Апрт 1/5 трет спрат (едноспален) Страничен поглед море
Апартман со кујна и дневна со еден двоен и еден единечен кревет, спална со еден двоен кревет, голема тераса во Г со маса и сепаре. Нови тоалети 2024 реновирани.


Локација - Villa Kety House~Nea Flogita


Напомена

  • Лифтот и Wi-Fi ќе бидат активни од 01.06.2026 до 14.09.2026
  • Секој апартман има по 1 мала (за лице ) и 1 голема крпа (за тело)(освен апартман број 7)


РЕЗЕРВИРАЈ


-15% за резервација со 50% уплата  ( валидни до  15.12.2025 )


-20% за термините до 14.06.2026 и 20.09.2026 , 27.09.2026


Наем Мај Мај Мај Мај
Термин 10.05.2026 17.05.2026 24.05.2026 31.05.2026
Ноќевања 7 7 7 7
АPT1B / 4 Лица No.15GF 180 € 210 € 230 € 320 €
АPT1B / 5 Лица No.16GF 230 € 230 € 250 € 360 €
АPT2B / 4 Лица No.7 Vivi 2F-CV 160 € 200 € 220 € 310 €
АPT1B / 5 Лица No. 6SV-2F 230 € 230 € 250 € 360 €
АPT1B / 5+1 Лица No.  9SV-3F 250 € 250 € 270 € 380 €
АPT1B / 5 Лица No.  10SV-3F 230 € 230 € 250 € 360 €
АPT1B / 6 Лица No. 12 SSV -3F 200 € 210 € 230 € 320 €





Наем Јуни Јуни Јуни Јуни
Термин 07.06.2026 14.06.2026 21.06.2026 28.06.2026
Ноќевања 7 7 7 7
АPT1B / 4 Лица No.15GF 420 € 470 € 530 € 580 €
АPT1B / 5 Лица No.16GF 450 € 500 € 560 € 630 €
АPT2B / 4 Лица No.7 Vivi 2F-CV 380 € 420 € 500 € 550 €
АPT1B / 5 Лица No. 6SV-2F 450 € 500 € 560 € 630 €
АPT1B / 5+1 Лица No.  9SV-3F 470 € 520 € 580 € 650 €
АPT1B / 5 Лица No.  10SV-3F 450 € 500 € 560 € 630 €
АPT1B / 6 Лица No. 12 SSV -3F 420 € 470 € 530 € 580 €





Наем Јули Јули Јули Јули
Термин 05.07.2026 12.07.2026 19.07.2026 26.07.2026
Ноќевања 7 7 7 7
АPT1B / 4 Лица No.15GF 640 € 720 € 740 € 790 €
АPT1B / 5 Лица No.16GF 680 € 790 € 810 € 870 €
АPT2B / 4 Лица No.7 Vivi 2F-CV 580 € 660 € 680 € 760 €
АPT1B / 5 Лица No. 6SV-2F 680 € 790 € 810 €

870 €

АPT1B / 5+1 Лица No.  9SV-3F 700 € 810 € 830 € 890 €
АPT1B / 5 Лица No.  10SV-3F 680 € 790 € 810 € 870 €
АPT1B / 6 Лица No. 12 SSV -3F 640 € 720 € 740 € 790 €





Наем Август Август Август Август Август
Термин 02.08.2026 09.08.2026 16.08.2026 23.08.2026 30.08.2026
Ноќевања 7 7 7 7 7
АPT1B / 4 Лица No.15GF 790 € 770 € 700 € 650 € 580 €
АPT1B / 5 Лица No.16GF 870 € 850 € 760 € 700 € 610 €
АPT2B / 4 Лица No.7 Vivi 2F-CV 760 € 740 € 660 € 600 € 520 €
АPT1B / 5 Лица No. 6SV-2F 870 € 850 € 760 € 700 € 610 €
АPT1B / 5+1 Лица No.  9SV-3F 890 € 870 € 780 € 720 € 630 €
АPT1B / 5 Лица No.  10SV-3F 870 € 850 € 760 € 700 € 610 €
АPT1B / 6 Лица No. 12 SSV -3F 790 € 770 € 700 € 650 € 580 €






Наем Септември Септември Септември Септември
Термин 06.09.2026 13.09.2026 20.09.2026 27.09.2026
Ноќевања 7 7 7 7
АPT1B / 4 Лица No.15GF 520 € 480 € 420 € 330 €
АPT1B / 5 Лица No.16GF 540 € 500 € 450 € 360 €
АPT2B / 4 Лица No.7 Vivi 2F-CV 480 € 440 € 380 € 320 €
АPT1B / 5 Лица No. 6SV-2F 540 € 500 € 450 € 360 €
АPT1B / 5+1 Лица No.  9SV-3F 560 € 520 € 470 € 380 €
АPT1B / 5 Лица No.  10SV-3F 540 € 500 € 450 € 360 €
АPT1B / 6 Лица No. 12 SSV -3F 520 € 480 € 420 € 330 €






За резервација со “EB” попуст, 100% од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на правење на резервацијата.


  • Цените се однесуваат за наем на апартман за 7 ноќевања (без превоз).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  

  • Секоја промена на веќе потврдена резервација, се наплатува како дополнителен манипулативен трошок од 15 € .
  • Употребата на клима уред во Kety House е бесплатна (каде што е достапен),
  • Доплата за туристичка такса 2 € по соба на ден (се плаќа во агенцијата)
  • Попуст за резервирации на два последователни термина  -5% на вториот термин ( Не важи за цените со рани резерваии)
  • Во апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител.
  • Задолжително патничко осигурување (информации во агенцијата)

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ (секоја Недела):  50 €  (40 € за деца 2-12 год)  

  • Избор на место за седење во автобус е можно, само со доплата од 15 € по патник, не вклучувајќи ги местата од првиот ред.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.(патниците се оставаат на најблиската локација до објектите)
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

Град Место на тргнување Време
Штип Нова Пошта 04:00 часот наутро
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 04:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија бенз.Мак.Оил 04:30 часот наутро
Кочани Основен Суд 03:15 часот наутро
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 03:15 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 05:00 часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 06:00 часот наутро

ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР + 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА

Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 04:00 часот наутро
Битола Спортска сала 03:15 часот наутро

ВАЖНИ НАПОМЕНИ 

  • Секоја промена на веќе потврдена резервација, се наплатува како дополнителен манипулативен трошок од 15 € .
  • За отказ на резервации за 2 или 3 врзани термина 100% пенали
  • При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
  • Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.

Корисни информации 

  • Собите се доделуваат на рецепција (во објектот со пречек од представник од агенцијата) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој објект и според тековната достапност на собите (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
  • Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
  • Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
  • Секоја промена на веќе потврдена резервација, се наплатува како дополнителен манипулативен трошок од 10 € .
  • Секое такво барање за промена на резервација: број на лица, тип на сместување, или термин на патување, мора да биде доставено во писмена форма.

ВНИМАНИЕ!

  • Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, во моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
  • Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.

Услови на плаќање 

  • Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
  • За резервации со рана резервација (рани попусти – EB):
  • 50% од вредноста на резервацијата се уплатува во моментот на правење на резервацијата, или до истекот на периодот на претпродажба “EB”, според понудата.
  • 50% од вкупната вредност на услугите, се доплатува до 21 ден пред датумот на почеток на услугите.
  • За резервации по Општа понуда – со редовни цени (освен EB и LM)0% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
  • 50% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
  • 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
  • Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM),  резервација ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите  :

  • Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
  • Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
    – за отказ  до 30 дена пред патувањето 30%
    – за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
    – за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
    – за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
    – за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
  • За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период, доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

НАПОМЕНА: 

  • За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.

Mожност за летување на 6 месечни рати со iute credit 0% камата