Duration: 11 May 2026 - 15 May 2026
Price: 379€
Book Now!
fly


МИНИ ОДМОР НА КИПАР
5 дена / 4 ноќевања
11.05.-15.05.2026


Програма

1 ден - 11.05.202 СКОПЈЕ ЛАРНАКА
Состанок на групата на аеродром во 17.00 Полетување за Ларнака 19,10. Приситгнување во 22,20 часот Трансфер до хотел Ноќевање

2 ден  12,05,2026 ФАМАГУСТА и АЈА НАПА
Појадок Факултативна посета на Фамагуста, крајбрежниот град на Кипар  -.Заминување за градот АјаНапа.АјаНапа е можеби нај популарен туристички  центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни пејзажи. Некогашно  мало, рибарскосело, сместено во увала, денес е престижен туристички центар. Друго име му е и„втора Ибица„ за  сите кои сакаат море, спортови на вода и активен ноќен живот. Бројните ресторани, барови дискотеки и тренд клубови работат скоро непрекинато, па се препорачува пред се на помладите,
Патување што Ви дава можност да го посетите прекрасниот крајбрежен град Фамагуста и да одите што е можно поблиску до оградениот и запечатениот дел од градот кој е познат низ целиот свет како „град на духови“. Посетатa на манастирот Свети Барнабас, основачот на кипарската православна црква. Следната станица е стариот центар на градот Фамагуста, за да ги видите венецијанските ѕидови во  стариот дел од градот и посета на готската црква на Свети Никола и замокот Отело Враќање во  хотел. Слободни активности. Ноќевање

3 ден  13.05.2026  ЛАРНАКА –НИКОЗИЈА
Појадок , Факултативен разглед на главниот град на Кипар Никозија Еден град поделен на два со 130,000  жители  , две временки зони , граница и пасошка контрола Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден  час понапред  е посебно искуство Најинтересниот дел на Грчката страна од градот е  наречен LaikiGetonia –( Добар комшија ) исполнет со голем број на продавнички , кафичи , атељеа  и тесни улички, Посета  на  Катедралата на Св Јован , големата палата на Архиепископот Макариос  III  првиот и доживотен претседател на републиката . како и најголемата банка на Кипар за која се кажува дека е во споствеништво на Кипарската православна цркава Слободно врем е за ручек , По ручекот се заминува према зелената линија  и познатиот  зид кој го дели Кипар на Грчки И Турски дел , Враќање во хотел во Ларнака Ноќевање

4 ден 14.05.2026 ЛАРНАКА -ЛИМАСОЛ-ПАФО
Појадок .Факултативна посета на Лимасол и  Пафос . На пат кон Пафос поминуваме низ Лимасол каде имаме пауза во марината  на Лимасол. Прошетка низ  популарната марина и шеталиштето во Лимасол. По пауза продолжуваме помеѓу плантажата со лимон и портокал Фасури  се до  античката грчка тврдина Куриум. По посетата на тврдината поминуваме низ британските воени бази Епископи и пристигнуваме на плажата Афродита каде според легендата божицата на љубовта се родила во морска пена. Пауза за освежување и одмор со поглед на карпата на Афродита и кристално чистото море. Следува продолжување на патот кон градот Пафос, кој има историски споменици под заштита на УНЕСКО, на кој се насликани грчката историја и митологија и првите геометриски зачетоци  од античка Грција. На крајот од посетата, време е за пауза во еден од многуте барови во пристаништето за кафе или ручек по ваш избор.

5 ден 15.05.2026 ЛАРНАКА  -СОЛУН -СКОПЈЕ
Појадок .Одјавување од хотел во 12.00 часот.  Слободно време  Трансфер до аеродромот во  Ларнака 21,00 Чекирање, пасошки и царински формалности.Полетување од Ларнака  во  23,35 часот Пристигнување во Скопје во 01,00часот наредниот ден


Цена за резервации до 15.03.2026 - 359€

Редовна цена - 379€


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Автобуски трансфер  Скопје – Солун – Скопј
  • Директен лет на релација Солун –Ларнака Солун
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm;( дозволено едно парче багаж и ташничка за лични документи)
  • Организирани трансфери: аеродром Пафос – хотел – аеродром Пафос
  • Сместување во хотел на база 4 ноќевања со појадок  во хотел во Ларнака
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 20 cm)– (информации во агенција )
  • Влезници за локалитети и карти за локален превоз
  • Факултативна посета наАја Напа и Фамагуста  со локален водич и трансфер 60€(минимум 15 патника)
  • Факултативна целодневна посета на Никозија ,со локален  водич и трансфер 50€  (минимум 15 патника)
  • Факултативна целодневна посета на Пафос и Афродитина плажа со локален водич и трансфер 60€ (минимум 15 патника
  • Патничко осигурување 180,00 денари

За реализација на програмата  потребно е  група од 25 патника


ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!


  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот
  • Комплетна доплата 10 дена пред поаѓање .
  • Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни непредвидени причини.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.