КИПАР
АВИОН 5 дена /4 ноќевања
КИПАР е островска држава во Средоземното море, а такму влијанитео на средоземната медитеранска клима и неговата местоположба се причина да на Кипар доминираат сончеви денови преку целата година. Територијално островот е поделен помеѓу Турција – Северен Кипар и Грција – Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Главниот град Никозија или Лефкозија и најголем град на островот е единственот во светот кој припаѓа на двете држави... Поголемите градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Ларнака, големотото шеталиште со палми и соленото езеро со фламингоси се дел од причините да се биде тука... Лимасол, модерен, богат, град кој поради многу нешта претендира да стане економски центар на Кипар...Никозија, антички наречена Ледра, градот кој покрај тоа што припаѓа на две држави, исто така има и две временски зони... интересно е да се биде во град каде што со пасош ќе преминете улица...
1ден 23.10 Петок СКОПЈЕ – ЛАРНАКА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред лет. Полетување за Ларнака во 19:50 ч. Слетувањето е во 23:00 часот. Организиран трансфер до хотел, сместување. Ноќевање.
2ден 24.10 Сабота НИКОЗИЈА
Појадок. Факултативна посета на Никозија. Главниот град на Кипар кој лежи на реката Педиео. Разглед: се посетува Северниот дел на градот, кој се наоѓа во Р.Турција, некогашната црква Аја Софија која е претворена во џамија по име Селими Џамија, посета на делот од градот полн со автентични продавнички, ресторани, пазари, Бујук Хан – затворениот пазар, изграден во 1572 год кој е сеуште одлично сочуван и е главна туристичка атракција. Прошетка по Ледра, денес името на напопуларната трговска улица во Никозија. Прошетка и слободно време за ручек и индивидални активности. Враќање во Ларнака. Ноќевање.
3ден 25.10 Недела ЛИМАСОЛ и ПАФОС
Појадок. Предлагаме факулатитвна екскурзија, посета и разглед на вториот по големина град, Лимасол. Уште наречен и ,,Кипарска ривиера” поради пријатната клима и развиената туристичка инфраструктура. Тука се најлускузни хотели, ресторани, кафетерии, барови, ноќни клубови... На местото на старото пристаниште се протега шеталиштето, во срцето на градот е Средновековниот дворец, пазарот и пристаништето со луксузни јахти... Посета и разглед на Пафос - град на југозападниот брег на Кипар. Населена уште од неолитско време, има неколку локалитети кои се однесуваат на култот на божицата Афродита, чие митско родно место било Стариот Пафос (Куклија). Нов Пафос е модерниот град кој го вклучува пристаништето и античките урнатини, тврдини, театри и вили во археолошкиот парк Пафос. Во 1980 година, Пафос беше вклучен на листата на светско наследство на УНЕСКО поради неговата античка архитектура, мозаици и античко религиозно значење. Избрана е за европска престолнина на културата за 2017 година. Враќање во Ларнака. Ноќевање.
4ден 26.10 Понеделник
Појадок. Полудневен разглед на градот: прошетка низ најпознатата улица со палами “Finikoudes” во строгиот центар на градот, покрај која се наоѓа и прекрасната песочна плажа, Тврдината изградена за одбрана од пиратите, во определен период користена како затвор, а денес е музеј...посета на црквата Св.Лазар во стариот автентичен дел на градот во која се наоѓаат моштите на светецот. Слободно попладне за релаксација на најубавите плажи во Аја Напа. Ноќевање.
5Ден 27.10 Вторник ЛАРНАКА – СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до аеродром, полетување во 09:50часот, слетување во 11:10часот.
Попуст за ранa уплатa до 25.06: 399€
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 449 €
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
Авионски билет Скопје – Ларнака – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
Аеродромски такси
Организиран разглед на Ларнака
Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm
Трансфери аеродром – хотел – аеродром
Сместување во хотел Euronapa Hotel 3* во Аја Напа на база 4 ноќевање со појадок
Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Доплата за чекиран багаж – дополнително информација на 7 дена пред патување
Туристичка такса 990 ден
Факултативна посета на Никозија (трансфер и лиценциран водич) - 45 евра
Факултативна посета на Лимасол и Пафос (трансфер и лиценциран водич) - 60 евра
Доплата за еднокреветна соба 4.900 денари
Патничко осигурување
НАПОМЕНИ:
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
Деца до 12 години во придруба на две возрасни лица плаќаат по 379 евра.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 35 патници.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.