Duration: 30.12.2026 - 02.01.2027
Price: 280€ 
Book Now!
cam*tr


КОПАОНИК НОВА ГОДИНА

30.12.2026- 02.01.2027


Дочек на Нова 2027 Година на магичниот Копаоник ! Почнете ја Новата Година таму каде што зимата е најубава. Доживејте вистинска празнична магија и подарете си незаборавен дочек во срцето на планината – снег, топла атмосфера и поглед што одзема здив!

30.12.2026 Скопје - Копаоник       

Состанок на групата од пред Дрво Декор во 06:00 часот. Поаѓање кон Kопаоник во 06:30 часот со попатни паузи. Пристигнување во Брзече и сместување во хотелот.Ручек. Слободно време за индивидуални активности во Брзече.Вечера.(шведска маса).Ноќевање.

31.12.2026 Копаоник

Појадок. По појадокот за љубителите на зимскиот спорт имаат можност за факултативно посета на скијачките центри каде се познатите кафулиња, салаши и ресторани. Заминување кон Копаоник и запознавање со нивните убавини. Факултативен превоз со шатл-бус до центарот на Копаоник. Во договор со Водичот враќање во хотел. Слободни активности и одмор. Од 21:00 часот започнува Програмата со Свечена вечера, музика и забава со локален бенд до доцните вечерни часови.Ноќевање.

01.01.2027 Копаоник                                                                                                                                            

Појадок. По појадокот,Слободни активности и заминување до скијачките центри со шатл бус. Уживање во убавините на Копаоник.. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време. Во вечерните часови реприза на новогодишната ноќ. Свечена  вечера и музика. Ноќевање.

02.01.2027 Копаоник-Скопје    

Појадок. По појадокот одјава од хотелот и заминување.Попатни паузи за одмор и царински формалности. Во вечерните часови пристигнување во Скопје.

               Термин ►    30.12.2026 - 02.01.2027
               Редовна цена    295  € 

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО                                                                                                 

  • Превоз со високотуристички автобус.
  • Oрганизација и водство на патувањето и пратител
  • 12.2026 - Ручек и Вечера
  • 12.2026 - Појадок и Свечена Вечера со музика
  • 01.2027 - Појадок Ручек и Свечена вечера со музика (реприза)
  • 01.2027 - Појадок
  • Трансфер со шатл бус до скијачкиот центар Копаоник на 01.01.2027

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ НЕ  Е ВКЛУЧЕНО

  • Туристичка такса се плаќа на рецепција 1 € од ноќ
  • Трансфер со шател бус до скијачките центри на Копаоник на 12 / 5€
  • Патничко осигурување – 5 € до 62 години

Деца од 5 до 9 години: Плаќаат  185 € ги користат услугите на хотелот и превоз

Доколку се користи додатна услуга за + ноќевање во хотел – на барање

Посебни услови за осигурување од одговорност на туристички агенции и Клиент- Договорувач на патувањето или носител на пријаваПатникот потврдува дека е целосно запознаен со програмата на патувањето, Општите услови за патување и отказната политика на агенцијата и дека истите ги прифаќа во целост. Сите евентуални барања за отказ, измена или рефундација ќе се разгледуваат исклучиво согласно одредбите од потпишаниот договор, важечките Општи услови и релевантните законски прописи. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е10 дена пред поаѓање.Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 37 патници доколку не е договорено поинаку При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира иститеАгенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени.Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена. Начин на плаќање: со сите можни картици, фактура или во готово.