Duration: 05 Mar 2027 - 10 Mar 2027
Price: 259€Промо цена : 239€
Book Now!
нех


Доживејте го шармот на Краков, еден од најубавите историски градови во Европа! Раскошна архитектура, романтични улички, величествени плоштади и богато културно наследство создаваат неповторлива атмосфера. Откријте го градот во кој секој агол раскажува приказна, а секоја прошетка носи ново доживување. Краков е дестинација што освојува на прв поглед и останува во срцето засекогаш!


Термин 05 Март 2027

05.03.2026 • Скопје – Краков

Состанок на групата на паркингот спроти Спортски центар Борис Трајковски во 13.30 часот. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

06.03.2026 • Краков

Пристигнување во Краков во претпладневните часови, панорамски разглед на градот со автобус и пешачки дел… Стариот дел на градот, Срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на Главниот плоштад еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанска улица, Сместување во хотел. Ноќевање.

07.03.2026 • Краков – Wawel – Величка

Појадок. По појадокот одиме на посета на Катедралата на Готскиот Дворец Вавел, изграден по наредба на Казимир III Велики, кој владеел 1333-1370, и се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор. Потоа прошетка низ Еврејската четврт Казимец… Потоа, факултативна посета на рудникот за сол Величка (најстар рудник во Европа) импресивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа и кралската капела од сол како и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, за туристите е програмата на 3-то ниво или 135 метри под нивото на земјата.Враќање во Краков. Слободно време за индивидуални активности.

Вечерта, факултативно посета на национален ресторан. Ноќевање.

08.03.2026 • Краков – Варшава

Појадок.Предлагаме целодневна посета на Варшава  – град каде историјата и модерниот живот се спојуваат во едно.

Главниот град на Полска, е град со богата историја, величествена архитектура и динамичен современ дух. Иако речиси целосно разрушена за време на Втората светска војна, денес е обновена со неверојатна прецизност и гордо го носи статусот на еден од најубавите европски градови. При разгледот ќе прошетате низ шармантниот Стар град, кој е под заштита на УНЕСКО, ќе го видите Кралскиот замок, живописниот Плоштад на замокот, статуата на Сирената – симболот на Варшава, како и прекрасниот Пазарен плоштад со неговите колоритни фасади и бројни кафулиња. Панорамскиот разглед продолжува покрај модерните булевари, Палатата на културата и науката, елегантните паркови и значајните споменици кои ја раскажуваат богатата историја на градот. Варшава ќе ве воодушеви со својот спој на традиција, култура и современ урбан живот. Град кој успеал повторно да се издигне, денес нуди незаборавно искуство, прекрасни глетки и автентична атмосфера што секој патник треба да ја доживее. Слободно попладне за индивидуални прошетки, шопинг. Прошетајте низ живописниот Стар град, плоштадот околу Кралскиот замок и прекрасните украсени улици, каде секој агол изгледа како разгледница. Вечерните часови се особено магични, кога целиот град блеска во празничен сјај.

Враќање во Краков. Ноќевање.

09.03.2026 • Краков – Шиндлеровата фабрика

Плоштадот Bohaterów Getta, Плоштадот Zgody место каде 1941 бил претворен во Краков Гето…место каде се заробети Евреите и пратени во Логори. Денес на тоа место се пставени 70 метални столици во знам на сеќавање на настраданите…Посета на Шиндлеротавата фабрика (факултативно)..Во музејот е претставен  животот на евреите во Краков, пред и за време на војната, може да се види зидот на Краковско Гето, продавници, фризерски салони, фотографии, трамвајот со ознака “Забрането за Евреи”, Шиндлеровата канцеларија со стаклена коцка во која се наѓаат садовите, списокот на спасените евреи и уште многу од тоа… По посета на Шиндлеровата Фабрика заминуваме за Македонија…

10.03.2026 • Краков

Очекувано пристигнување во Македонија на паркингот сптоти спортски центар Борис Трајковски во попладневните часови.


Цена на аранжманот за резервации до 15.12.2026: 239€ / 14.820 евра

Редовна цена: 259€ / 16.060 ден.


Аранжманот вклучува

  • Превоз со модерен туристички автобус
  • Сместување во Хотел 3* во Краков на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Краков
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Не е вклучено

  • Патничко осигурување 250 ден.
  • Туристичка такса 2€ по лице на ден
  • Факултативна посета на рудникот за сол Величка 45€ (пријавување и уплата во агенција)
  • Факултативна посета на катедралата на Готскиот дворец Вавел + Еврејскиот кварт Казимирц - 20€
  • Посета на Шиндлеровата Фабрика 40€ (пријавување и уплата во агенција)
  • Целодневна посета на Варшава - 60€
  • Вечера во национален ресторан - 50€
  • ПАКЕТ ИЗЛЕТИ : 210€
  • Доплата за еднокреветна соба - 3.600 денари
  • Доплата за седиште по избор - 1.240 денари
  • Доплата за седиште по избор - 150€

 НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај. Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај (ранч кревет или софа),четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи (ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.