Book Now!
st*ff


Вила Кристофер e лоцирана во помирниот дел на Ипсос, на 200 метри од плажа, а сепак со многу лесен пристап до главната улица. Оваа вила располага со дво креветни студија кои се опремени со сопствена кујна, тоалет и балко. Во студијата има  клима уред(се доплаќа на лице место 7 евра од ден). Куќата има WIFI но ние не гарантираме за јачината и брзината на интернетот па советуваме да си активирате пакет интернет за во странство. За повеќе информации околу интернетот контактирајте ги вашите мобилни оператори.За локација од вилата до плажа кликнете ОВДЕ


Период 1/2
цена по лице
1/4
цена по лице
10.07.2026
7 ноќи
€199 €199
17.07.2026
7 ноќи
€199 ПРОДАДЕНО
24.07.2026
7 ноќи
€249 ПРОДАДЕНО
31.07.2026
7 ноќи
€249 €249
07.08.2026
7 ноќи
€249 ПРОДАДЕНО
14.08.2026
7 ноќи
€249 €249
21.08.2026
7 ноќи
€209 ПРОДАДЕНО
28.08.2026
7 ноќи
€189 ПРОДАДЕНО
04.09.2026
7 ноќи
€169 €169
11.09.2026
7 ноќи
€135 €135
18.09.2026
7 ноќи
€105 €105
25.09.2026
7 ноќи
€95 €95

 

ЈУНИ И СЕПТЕМВРИ СЕ ПО ЕКСТРА ПРОМО ЦЕНА ПО ЛИЦЕ СО ПРЕВОЗ И ВАЖАТ ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА

ДАДЕНИТЕ ЦЕНИ ВО ТАБЕЛАТА ЗА ТЕРМИНИТЕ ЈУЛИ И АВГУСТ
минимум уплата од 30% и остатокот до 7дена пред поаѓање

ТРЕТО И ЧЕТВРТО ЛИЦЕ ИМА 30% ПОПУСТ


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

- Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
- 7 ноќевања 8 дена сместување
- Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Повратна карта за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
- Туристичка такса (14 евра од студио/апартман за 7  ноќевања,  која се плаќа задолжително во агенција)
- Факултативни излети
- Патничко осигурување
- Клима уред 7евра на ден


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

- Дете од 0 до 3,99 години -Бесплатно (спие во кревет со возрасен)
- Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба на редовна цена. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
- Во двокреветна соба 3-то возрасно лице на дополнителен кревет има 30% попуст на редовните цени
- Во Апартман 3-то и 4-то возрасно лице, на редовно легло има 30% попуст на редовните цени
-За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет
- Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата


НАПОМЕНИ:

1. Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
2. Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1 евро=62мкд)
3. За сопствен превоз цената се намалува за 20 евра (1200 денари) ПО ЛИЦЕ, од редовната цена.
4. Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 5.99 години, во кревет со двајца возрасни.
5. Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
6. Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ULTRA FIRTS, LAST MINUTE и BLACK FRIDAY понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кое се објавени во  ценовникот. Лицата кои веќе го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средствата за разликата во цена.
7.Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
8. При отказ на аранжманот од страна на клиентот од било која причина ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 мкд.
9. Сместувањето во собите е по 14:00 часот локално време, напуштањето на истите е во 09:00 часот локално време.
10. При спојување на последователен термин, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовната цена.
11. По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот/студиото во чиста состојба. Доколку е причинета одредена материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопствениот на вилата.

12.Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума.
Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор