Duration: 03 Jul 2026 - 03 Jul 2026
Price: 899€
Book Now!
фиб


КРСТАРЕЊЕ
Idyllic Greece од Атина
8 дена - 7 ноќи
03.07.2026 / 10.07.2026
Со претставник и вклучени разгледи и автобуски превоз

СКОПЈЕ - АТИНА – КУШАДАСИ – РОДОС – КРИТ - САНТОРИНИ – МИКОНОС – МИЛОС – АТИНА - СКОПЈЕ

1 ДЕН | Атина | Поаѓање за Атина
Состанок на групата и поаѓање за Атина со автобус.

2 ДЕН | Атина | Испловување во 19:00 часот
Од 12 до 16:00 часот чекирање – Бродот испловува во 17:00 часот и започнува незаборавната авантура по Егејот од античкиот град на светлината – Атина. Вечера на брод, Ноќевање и ноќно крстарење кон Кушадаси.

 3 ДЕН | Кушадаси | Испловување во 18:00 часот
Појадок. Пристигнување во Кушадаси во 08:00 часот. Ручек. Може да уживате во прекрасните песочни плажи на Кушадаси. Слободното време искористете го за прошетка по убавото крајбрежје, прошетка и шопинг во големата чаршија, како и дегустација на некои од локалните специјалитети. Можност за факултативна екскурзија посета на  Ефес или некои други. Враќање на бродот и вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Родос.

4 ДЕН | Родос | Испловување во 18:00 часот
Пристигнување во Родос во 08:00. Појадок. Импресивниот пејзаж на Родос, беспрекорно ги спојува драматичните антички и историски локалитети со шармантните модерни ридски села. Тука ќе ја посетите величествената средновековна тврдина на Акрополот во Линдос, сместена на врвот на карпа над кристално чистото Егејско Море, и ќе ги истражите калдрмите и тесните премини во Стариот град, каде што ќе откриете раскошна архитектура со османлиско и италијанско влијание. Ручек. Поаѓање од Родос во 18:00. Вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Крит (Агиос Николаос).

5 ДЕН | Крит (Агиос Николаос) | Испловување во 20:00 часот
Пристигнување во Крит во 08:00. Појадок. Во Крит ќе имате можност да ги видите импозантните ѕидини од 16ти век на тврдината Кулес. Слободно време за посета на малите критски села или палатата на Кносос.  Можност за резервација на некои  факултативни екскурзии. Ручек. Поаѓање од Крит во 18:00. Вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Санторини.

6 ДЕН | Санторини |  Испловување во 22:00 часот
Пристигнување во Санторини во 08:00 часот. Појадок. Можете да се пријавите за неколку различни факултативни екскурзии на овој прекрасен вулкански остров , место кое нуди совршена глетка кон бројните традиционални бели куќи и цркви со небесно сини куполи. Во Санторини може да го искусите медитеранскиот начин на живот опуштајќи се во мирот и тишината на прекрасната островска оаза. Ручек и вечера на брод. Бродот испловува во 22:00 часот.Ноќевање и ноќно крстарење до Миконос

7 ДЕН | Миконос |  Испловување во 02:00 часот
Пристигнување во Миконос во 08:00 часот. Појадок. Организиран превоз до градот. Градот Миконос или Хора мами со својата убавина, космополитски дух и врвен ноќен живот. Познат како „Oстров на ветровите”, препознатлив по своите бројни ветерници од 16ти век. Живописниот остров Миконос е примамлив со своите песочни плажи, кристално чистата вода, културни историски споменици кои можеме да ги видиме и доживееме ако одбереме некоја од факултативните екскурзии. Може да уживате во бројните музеи, кафулиња, барови или во клубовите со целодневни забави. Вклучен ручек и вечера. Поаѓање во 02:00 часот по полноќ. Ноќевање и крстарење до Милос.

8 ДЕН | Милос |  Испловување во 18:00 часот
Пристигнување во Милос во 08:00 часот. Појадок. Вулканскиот пејзаж на островот Милос го прави најегзотичен остров на Егејското море со  извонредни бои и мистика. Овде ќе уживате во најубавите плажи, кои вулканските карпи ги обоиле во црвена, розова и портокалова боја. Можност да дознаете многу повеќе ако искористите некоја од понудени екскурзии. Ручек и вечера на брод. Ноќевање и крстарење до Атина.

9 ДЕН | Атина | Испловување во 17:00 часот
Пристигнување во Атина во 07:00 часот каде завршува ова преубаво крстарење. Појадок. Багажот се остава пред Вашите кабини, го задржувате само Вашиот личен багаж. По појдокот одјавување од бродот и панорамски разглед на Атина а по разгледот во попладневните часови поаѓање за Скопје.


Цена од 899€ по лице
Појадок, ручек, вечера - со вклучени безалкохолни пијалаци


Цени по лице за сместување на минимум 2 лица во кабина:

  • 07.2026 : 899 еур за цена по внатрешна добивате  сместување во кабина со прозорец ( Cat/XB )
  • 07.2026 : 949 еур за цена по внатрешна добивате  сместување во кабина со прозорец ( Cat/XB )
  • Дете до 2 години плаќа 289 еур, а од 02-11 години за сместување во било која кабина, цената е 799 еур;
  • Цени за сместување во еднокреветна, трокреветна или четворокреветни кабини на барање.

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • 7 ноќевања во кабина на најновиот крузер Celestyal Journey
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Атина – Скопје
  • Пристанишни такси и бакшиш за персоналот 289 еур
  • Забава на брод со безброј разни активности и анимации
  • Полн пансион со вклучени безалкохолни пијалаци за време на оброците и ужина
  • Филтер кафе, чај, вода и сокови вклучени во одредено време
  • Основен WI-FI интернет
  • Туристички пратител

Во цената не е вклучено:

  • Медицински услуги
  • Индивидуални трошоци за екскурзии, излети кои се нудат дополнително на бродот и сл.
  • Услуги во спа центарот и услуги за убавина
  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Препорачуваме 1 еур. на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот.
  • Туристичка такса на островите:
  • Во Јули: Миконос и Санторини: 20еур. по лице; сите други пристаништа: 5еур. по лице;

Важна напомена:

  • Чекирањето на бродот е од 12:00 – 16:00 по локално време
  • За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци
  • Индивидуални излети/посети и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 50% депозит, целосна доплата 30 дена пред патувањето
  • За реализација на аранжманот потребно е минимум 30 патници.
  • Цените важат за резервации до 22.06.2026!