Групно крстарење со Costa FORTUNA
КАНАРСКИ ОСТРОВИ со МАРОКО и МАДЕИРА
Термин: 09.04.2026 – 17.04.2026
• ГАРАНТИРАНО ПОАЃАЊЕ •
Ви ја нудиме нашата нова пролетна понуда, која ги комбинира уникатните Канарски острови, шарената Мадеира и егзотичното Мароко.
| ПЛАН НА ПАТУВАЊЕ | |
| 09.04.2026 | Скопје – Лас Палмас Собир на групата на Скопскиот аеродромот , полетување од Скопје – Гран Канарија со едно преместување . По слетувањето и завршените гранични формалности, трансфер со автобус и сместување во хотелот 3* во Гран Канарија. Ноќевање. |
| 10.04.2026 | Лас Палмас, поаѓање во 22:00 часот. По појадокот, заедно со нашиот претставник ќе тргнеме на незаборавна пешачка тура низ историскиот и културен центар на Лас Палмас, најголемиот град на Канарските Острови. Во следните четири часа, ќе ја почувствуваме вистинската душа на островот – низ вековни улици, плоштади, музеи и пазари. Турата започнува во срцето на стариот град – квартот Ла Вегета, каде што архитектурата раскажува приказна стара стотици години. Нашата прва станица е величествената Катедрала Санта Ана, каде готскиот стил се испреплетува со неокласични детали. На плоштадот пред катедралата ќе ги видиме прочуените бронзени кучиња – симболи на градот. Понатаму, ќе прошетаме до куќата-музеј на Кристофер Колумбо (Casa de Colón) – фасцинантен објект што ја раскажува врската помеѓу Канарските Острови и откритието на Америка. Патеката нè води низ Calle de los Balcones, уличка украсена со типични канарски дрвени балкони, совршена за фотографии и уживање во локалната атмосфера. Ќе застанеме за краток одмор и освежување во автентичниот пазар Vegueta, каде можете да вкусите свежо овошје или локални деликатеси, додека го доживувате животот на локалците. Следува посета на Центарот за современа уметност (CAAM) – за љубителите на креативноста, но и како место каде традицијата и модерното се среќаваат. Прошетката продолжува кон улицата Calle Mayor de Triana, трговско-социјално срце на Лас Палмас, каде архитектурата од XIX век се надополнува со модерни бутици, книжарници и кафулиња. Во последниот дел од турата, ќе имаме време за кратко кафе или уживање на тераса под палмите, пред да се упатиме кон следната авантура. По завршувањето на пешачката тура, следи организиран трансфер од хотелот до пристаништето Лас Палмас (Puerto de La Luz), каде ќе се пријавиме и ќе се качиме на бродот Costa Fortuna. |
| 11.04.2026 | Тенерифе, Канарски Острови, 08:00 – 17:00 Со површина од 2034 км², Тенерифе е најголемиот остров во архипелагот на Канарските Острови, а воедно и најнаселениот остров во Шпанија. На нејзина територија се наоѓа и највисокиот врв во Шпанија – Теиде (3718 м). При ведро време, од врвот на кратерот Теиде можете да ги видите сите други острови од групата, како и брегот на Африка. Националниот парк Лас Кањадас дел Теиде е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО во 2007 година. Денес По пристигнувањето на бродот Costa Fortuna во пристаништето на Тенерифе, ве покануваме да ја искористите одличната можност за пешачка тура низ Санта Круз де Тенерифе, со придружба на претставник од нашата агенција. Туристичката прошетка е вклучена во цената и трае околу 6 часа, прилагодена за лесно до умерено темпо и погодна за сите возрасти. По средбата пред бродот околу 09:00 часот, започнуваме со посета на плоштадот Plaza de España, најголемиот плоштад во градот со прекрасни фонтанки и зелени површини. Следува шеталиште низ паркот García Sanabria, каде ќе уживаме во егзотични растенија и мирна атмосфера. Потоа ќе се упатиме кон Mercado de Nuestra Señora de África, пазар каде можете да го почувствувате вистинскиот дух на Тенерифе преку локални производи и рачни изработки. По пазарот следува посета на историската црква Iglesia de Nuestra Señora de la Concepción, позната по својата импресивна архитектура. Ќе продолжиме со шеталиште низ уличките на стариот град каде ќе имаме можност да го видиме Teatro Guimerá, најстарото театарско здание на Канарските острови, како и да се восхитуваме на колонијалната архитектура на Санта Круз. Следна станица е Museo de la Naturaleza y el Hombre, музеј посветен на природната историја и археологијата на островот, каде ќе имаме кратко разгледување. За крај, ќе направиме прошетка по пристанишниот дел, со прекрасен поглед на океанот и модерното пристаниште. Враќањето на бродот е предвидено најдоцна до 15:00 часот. За оваа тура се препорачува носење удобна обувка, капа и заштита од сонце, како и шише со вода. Претставникот на агенцијата ќе биде достапен за сите ваши прашања и информации. Дополнителните трошоци за храна, пијалаци и сувенири не се вклучени во цената. Ова е идеална прилика да уживате во културните и природните убавини на Тенерифе, без грижи и со сигурност дека ќе се вратите на време на бродот. Доколку имате желба за организирана екскурзија со локален водич, кој ќе ве запознае подетално со историјата и културата на островот, ве советуваме да ги разгледате понудите на екскурзии кои се нудат од самиот брод.Top of FormBottom of Form |
| 12.04.2026 | Фуншал, Мадеира, 10:00 – 20:00 Фуншал е главен град на архипелагот Мадеира, кој се наоѓа на околу 900 километри од брегот на копното на Португалија. Овде природата, традициите, храната и познатото португалско гостопримство одат рака под рака. Регионот е познат по тоа што е богат со неверојатна вегетација, а тука се наоѓа и најголемата и најстара дождовна ловорова шума – Лаурисилва, која е под покровителство на УНЕСКО. Тука се наоѓаат и некои од највеличествените водопади во Европа. Од нив најпознат е Риско. Благодарение на топлата клима во текот на целата година, Мадеира нуди некои од највкусните и најсвежите тропски овошја во Европа. По пристигнувањето на бродот Costa Fortuna во пристаништето на Фуншал, ве покануваме да ја искористите одличната можност за пешачка тура низ главниот град на Мадеира, со придружба на претставник од нашата агенција. Туристичката прошетка е вклучена во цената и трае околу 5 часа, прилагодена за лесно до умерено темпо и погодна за сите возрасти. По средбата пред бродот околу 10:00 часот, ќе започнеме со прошетка до историската тврдина São Tiago, од каде ќе уживаме во прекрасен поглед на Атлантскиот Океан и ќе се запознаеме со богатото минато на ова значајно место. Потоа ќе продолжиме кон стариот дел од градот, Zona Velha, каде ќе се восхитуваме на калдрмисаните улички и насликаните врати кои се вистинска уметничка атракција. Следна станица е Mercado dos Lavradores, живописниот пазар каде ќе почувствуваме локална култура преку свежото овошје, зеленчукот и морските плодови, како и можност за купување сувенири. По пазарот ќе посетиме ја главната катедрала Sé, со нејзината богата историја и уникатна архитектура од 16 век. Нашата тура ќе продолжи со релаксирачка прошетка и одмор во паркот Santa Catarina, кој нуди зелени површини, цветни насади и панорамски поглед кон пристаништето и околните убавини. На крајот, ќе се вратиме преку пријатна пешачка патека покрај морето, уживајќи во свежиот морски воздух, со цел да се вратиме на бродот најдоцна до 15:00 часот. За оваа тура се препорачува носење удобна обувка, капа и заштита од сонце, а вода и останати лични потреби. Претставникот на агенцијата ќе биде постојано достапен за сите прашања и информации, додека сите дополнителни трошоци за храна или сувенири се поединечни. Ова е идеална прилика да го доживеете духот на Мадеира, нејзината историја, култура и природа, без грижи и со сигурност дека ќе се вратите на време за продолжување на вашето патување. Доколку имате желба за организирана екскурзија со локален водич, кој детално ќе ве запознае со историјата и културните знаменитости на Мадеира, ве советуваме да ги разгледате екскурзиите што се нудат од самиот брод. |
| 13.04.2026 | На отворено море Денот на отворено море на Costa Fortuna е совршена можност за целосна релаксација, истражување и забава – без обврски, без брзање, само ти и бескрајниот хоризонт. Утринските часови започнуваат мирно – со прошетка или утринско трчање по палубата, каде свежиот морски воздух и погледот кон океанот ја полнат енергијата за целиот ден. За љубителите на активност, тука се јога или фитнес часовите, како и мултифункционалното спортско игралиште за тенис, кошарка или фудбал. Потоа, време е за уживање под сонцето – опушти се на лежалка покрај базените, нурни се во џакузи или освежи се во некој од базените на палубата, каде музика и коктели ја комплетираат атмосферата. За малку сладост, посети ја гелатеријата или пробај италијанска пица и локални вина во некој од баровите. Во текот на денот, забавата продолжува – учествувај во квизови, бинго игри, кулинарски работилници или едноставно прошетај низ елегантните внатрешни простори на бродот, вклучувајќи бутици, изложби и уметнички простори. Доколку патуваш со деца, Squok Club и Virtual World нудат специјални зони за забава и игра. Кога ќе дојде вечерта, се отвора сосема нов свет – започни со коктел во некој од стилските барови, а потоа уживај во гламурозно шоу во главниот театар Teatro Rex, каде професионални музичари, танчери и акробати те носат низ светот на спектакл. За крај, забава до доцна во ноќта во дискотеката или казиното. Costa Fortuna нуди совршена рамнотежа помеѓу релаксација и динамика, луксуз и удобност – сè што ти е потребно за да го доживееш совршениот ден на море. |
| 14.04.2026 | Казабланка, Мароко, 06:00 – 19:00 Казабланка се наоѓа во западниот дел на Мароко и е најголемиот град во земјата. Градот е познат под 2 имиња – Дар ел-Беида и Казабланка. Денес ви нудиме екскурзија (со дополнителен надомест) до Казабланка и Рабат – древната престолнина на Мароко. Во Казабланка можете да ја посетите џамијата Хасан II, која е втора по големина во светот, а нејзиното минаре го држи првото место по висина – 200 м. По џамијата Хасан II, следете ја католичката катедрала на Богородица од Лурд, квартот Хабус и плоштадот Мухамед V – омилено место за прошетка, и за локалното население и за туристите, и, секако, централниот пазар. По Казабланка, ќе се упатите кон Рабат. За време на прошетката ќе поминете покрај плоштадот на Кралската палата – официјалната резиденција на кралот на Мароко, и Чела, напуштена тврдина која датира од 12 век. Конечно, ќе го посетите Мавзолејот на Мухамед V, кој се смета за ремек-дело на модерната архитектура. |
| 15.04.2026 | На отворено море По појадокот со поглед кон морето, овој ден на брод започни го побавно, посветен на себе и на твоите лични моменти. Започни во спа-центарот со третман на лице, масажа или пристап до сауна и парна бања – совршен начин за целосно ослободување од стресот. Потоа, прошетај низ уметничките простори на бродот – Costa Fortuna има богато уреден ентериер инспириран од италијански луксуз и бродови од златната ера на патувањата. Посети ја библиотеката, каде во тишина може да прочиташ неколку страници од добра книга со чаша чај или кафе. Во доцните утрински часови, придружи се на некоја од организираните работилници – тоа може да биде класа по кулинарство, вино или изработка на сувенири. За љубителите на технологија, Virtual World и аркадните игри нудат целосно ново искуство. За романтичарите – избор на филм во кино салата или тивка прошетка низ скалестите палуби. По ручекот, искористи го попладнето за друштвени игри, неформални настани или средба со нови патници на некој од баровите. Доколку си љубител на фотографија, ова е идеално време за снимање убави моменти на бродот и морскиот хоризонт – особено во sunset часот. Вечерта е резервирана за културно и гастрономско уживање – пробај специјалитети во еден од специјализираните ресторани (италијанска паста, морска храна, суши), а потоа уживај во оперски настап, stand-up комедија или пијано лаунџ. За оние кои сакаат подинамична вечер – не пропуштај го темaтскиот танцов спектакл на палубата или ноќна журка во дискотеката. |
| 16.04.2026 | Барселона , Шпанија. Пуштање на бродот по 14:00 часот По симнувањето од бродот Costa Fortuna, започнуваме ново поглавје од нашето патување со трансфер до хотелот во срцето на Барселона. По краток одмор и освежување, во 16:00 часот се впуштаме во магична пешачка авантура која ќе ни открие најголемите знаменитости на градот. Од живописниот плоштад Plaça de Catalunya започнуваме со прошетка по легендарната улица La Rambla, каде што ќе уживаме во уличната уметност, мирисите и звуците на пазарот La Boqueria. Потоа се губиме во шармот на Готската четврт – тесни улички, прекрасна катедрала и плоштади полни со историја. Продолжуваме кон артистичкиот кварт El Born, каде што културата и модерниот дух се спојуваат, со посета на величествената црква Santa Maria del Mar. Кулминацијата на нашата тура е иконичната Саграда Фамилија – ремек-делото на Гауди кое плени со својата уникатна архитектура и светлина. Откако ќе се восхитуваме на ова архитектонско чудо, уживаме во опуштена вечера во близина, во автентичен ресторан каде ќе вкусиме традиционални каталонски специјалитети и морски деликатеси, додека вечерната атмосфера на Барселона нè опива (вечерата со доплата). По вечерата, околу 21:00 часот, со исполнети срца и сетила, се враќаме во хотелот |
| 17.04.2026 | Барселона-Скопје Појадок. Слободно време за индивидуални активности и последни прошетки низ Барселона, по што ќе се упатиме кон аеродромот за попладневниот лет кон Скопје. |
Цената е по лице по основ на двокреветно сместување!
Цени за деца и 3/4 возрасен – на барање!
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Услови за резервација:
Услови за откажување:
ЗАБЕЛЕШКИ: