Duration: 11 Sep 2026 - 21 Sep 2026
Price: 1899€
Book Now!

kou


Групно крстарење со COSTA DIADEMA
Европски градови
Термин: 11.09.2026 – 21.09.2026
• ГАРАНТИРАНО ПОАЃАЊЕ •


Внатрешна кабина- 1899€
Кабина со прозор- 1999€
Балконска кабина - 2199€

ПЛАН НА ПАТУВАЊЕ
11.09.2026 Скопје – Копенхаген  

Собир на групата во 02:30 часот рано наутро на аеродромот во Скопје и полетување кон Копенхаген, со едно преседнување. Пристигнување во утринските часови. По завршување на граничните формалности следува трансфер со автобус и сместување во хотел од 3* или сличен.

Откако ќе се одмориме и освежиме, ве очекува пешачка тура низ Копенхаген (траење 2.5 – 3 часа), каде ќе ги откриеме најпознатите знаменитости на градот:

  • Nyhavn – живописната уличка со шарени фасади и чамци, еден од најпознатите симболи на градот.
  • Amalienborg Palace – кралската палата каде можете да ја погледнете свечената смена на гардата (на секој час).
  • Frederik’s Church (Marble Church) – величествена црква со импресивен куполест кров.
  • The Little Mermaid – познатата статуа и симбол на Копенхаген, лоцирана на околу 15 минути пешачење долж брегот.
  • Gefion Fountain – голема и впечатлива фонтана веднаш до паркот Kastellet.
  • Kastellet Fortress – тврдина во форма на ѕвезда со прекрасно зеленило.
  • Strøget Street – најпознатата пешачка улица, преполна со продавници и кафулиња.
  • Rundetårn (Round Tower) – од кулата се пружа прекрасен панорамски поглед на градот (влез околу 5 €).

Во текот на турaта, ручекот и вечерата се опционални и ќе бидат предложени од страна на нашиот претставник, со препораки за локални ресторани и специјалитети.

Совет: Носете удобни обувки и бидете подготвени за релаксирано пешачење низ шармантните улици на Копенхаген.

Враќање во хотелот и ноќевање.

12.09.2026 Копенхаген,  Данска 

По појадокот, одјавување од хотелот и слободно време за индивидуални активности или прошетка низ околината во траење од 2–3 часа.

Состанок на групата во лобито на хотелот во 13:30 часот, по што следува трансфер кон пристаништето.

По пристигнувањето во пристаништето и завршување на сите формалности за чекирање и качување на бродот Costa Diadema, патниците ќе бидат сместени во своите кабини. Потоа следува време за одмор и можност за ручек на палуба 10 во бифето ресторан Corona Blu.

Состанок на групата во 17:00 часот на назначеното место со претставникот (палуба 10), каде ќе се дадат важни информации за крстарењето.

По состанокот, задолжително е учество на Safety Drill вежбата, која сите патници мора да ја извршат пред испловување на бродот.

Потоа следуваат слободни активности на бродот, каде можете да уживате во бројните содржини и забава што Costa Diadema ги нуди:

  • Базени и џакузи за релаксација и пливање,
  • Wellness и Spa центар со третмани за релаксација и сауни,
  • Фитнес центар со панорамски поглед на морето,
  • Театар со вечерни шоу програми и претстави,
  • Казино и дискотеки за забава до доцна во ноќта,
  • Барови и ресторани со разновидна гастрономска понуда,
  • Детски клубови и игрални зони за најмладите патници,
  • Продавници и бутици на бродот за шопинг без данок (duty-free).

Ова е совршена прилика да започнете да го откривате бродот и да уживате во првата вечер на крстарењето.

Ноќевање на бродот.

13.09.2026 Кристијанстад Норвешка

Кристијансанд, Норвешка – шармантен град на југот на Норвешка со околу 85.000 жители, познат по стариот дел Posebyen со прекрасни дрвени куќи од 17 век, неоготската катедрала, како и Sørlandets музејот со уметнички дела од 19 век до денес. Градот се гордее со градската плажа Bystranda, совршена за прошетка и одмор, и тврдината Kristianholm од 17 век, еден од неговите најпознати симболи. За семејствата, особено интересна е Зоолошката градина Кристијансанд, најпознатата во Норвешка.

Од пристаниште до центар: 10–12 минути пешки (500–600 м), без потреба од шатл или автобус.

Состанок на групата: во 09:30 часот наутро на палуба 10 по појадокот.

Пешачка тура: од 10:00 до 13:30 часот, каде ќе се посетат најинтересните точки на градот:

  • Posebyen – стариот дел со дрвени куќи од 17 век
  • Kristiansand Cathedral – импресивна неоготска катедрала
  • Markens Gate – главната пешачка улица со кафулиња и бутици
  • Kristianholm Fortress – тврдина од 17 век
  • Bystranda Beach – градска плажа за релаксирана прошетка
  • Baneheia Park – кратка прошетка за панорама (ако има време)
  • Fiskebrygga (Fish Wharf) – модерна зона со ресторани за свежа морска храна

Враќање на бродот: најдоцна до 14:30 часот, за да имате време за ручење на бродот и одмор пред слободните активности.

Слободни активности на бродот: базени, џакузи, wellness и Spa центар, фитнес, театарски шоу програми, барови и ресторани, казина, детски клубови, продавници и бутици на бродот.

14.09.2026 Ден на море 

Коста Диадема, позната и како „кралица на Медитеранот“, е изградена во 2014 година во бродоградилиштето „Финкантиери“ во Италија,со  цена     на изградбата од околу 550 милиони евра. Бродот е долг 306 метри, широк 37 метри, со максимална брзина од 22,5 јазли. Бродот има 19 палуби, од кои 14 се достапни за гостите. Околу 4.000 патници можат да бидат сместени во 1.862 кабини, за кои се грижи екипаж од 1.253 членови. Главната инспирација за внатрешната декорација на бродот била уметноста на италијанската ренесанса и современата поп-арт, така што бродот е горд што прикажува 190 оригинални уметнички дела и 7874 репродукции со тема Kралеви.

Коста Диадема нуди многу содржини на располагање на патниците: седум ресторани, три базени (еден со подвижен покрив), осум џакузи, теретана, спортски терени за кошарка и одбојка, бања Самсара… За најмладите има посебен простор. само за нив игра и забава. За да биде интересен секој момент од крстарењето ќе се погрижи , Емералд театар на три нивоа, Openball Disco  на палубата 11, казино Colden Jubilee  на палубата 5, 4D кино, 11 барови и салони, Country rock club  на палубата 5…

15.09.2026 Ле Харве Франција 

Ле Харве, Франција – шармантен град во Нормандија со околу 180.000 жители и второ по големина пристаниште во Франција по Марсеј. Градот бил тешко оштетен за време на Втората светска војна, но денеска е познат по модерната архитектура, која е дел од листата на УНЕСКОМузејот на ликовни уметности на Андре Малро (MuMa) ја чува втората најголема колекција на импресионистички слики во Франција.

Од пристаниште до центар:

  • Пешки: околу 25 минути (2,5 км)
  • Шатл од брод: повратен билет ≈ 6–7 €
  • Локален автобус: број 8 или 9, цена ≈ 1,80 €

Состанок на групата: 09:30 наутро на бродот по појадокот.

Предлог пешачка тура (10:00 – 13:30):

  • Hôtel de Ville – центарот на градот и општинската зграда
  • St. Joseph Church – импресивна модернистичка катедрала
  • André Malraux Museum (MuMa) – импресионистичка уметност (доплата ≈ 7 €)
  • Les Jardins Suspendus – ботаничка градина со убав поглед на градот
  • Прошетка покрај брегот со кафулиња и поглед на пристаништето
  • Plage du Havre – убава песочна плажа

Враќање на бродот: најдоцна до 14:00 за ручек и слободно време на бродот.

 

16.09.2026 Ден на     море 
17.09.2026 Виго

Виго е најголемиот риболовен центар во Европа и најнаселен град во Галиција, кој често се нарекува „зелено срце“ на Шпанија. Градот плени со своите прекрасни пејзажи, шармантни рибарски села и средновековни предградија. Од Виго можете лесно да организирате посета до митскиот Сантијаго де Компостела, а во близина се и групи прекрасни острови во Атлантскиот Океан, кои нудат совршена можност за кратки излети.

Од пристаниште до центар: пешки околу 5–7 минути – центарот е веднаш пред вас, нема потреба од шатл.

Состанок на групата: 09:30 часот наутро на бродот по појадокот.

Предлог пешачка тура (10:00 – 13:30):

  • Започнуваме со St. Maria Cathedral, која се наоѓа само 10 минути пешки од бродот – импресивна катедрала што го одразува духовниот и историскиот карактер на градот.
  • Продолжуваме кон Porta do Sol Square, срцето на Виго, каде ќе го видиме познатиот споменик „El Sireno“ и ќе почувствуваме живата атмосфера на градот.
  • Следува искачување до Castro Fortress, историска тврдина од која се открива прекрасен панорамски поглед на целиот залив. Искачувањето е лесно и трае околу 15–20 минути.
  • Потоа се враќаме низ O Berbés District, стар рибарски кварт исполнет со традиционални ресторани и локален шарм.
  • На ред е и A Pedra Market, пазар кој нуди свежи морски плодови, особено остриги, каде може да се почувствува вистинската морска атмосфера на градот.
  • Турaта ја завршуваме со Paseo Marítimo, пријатна прошетка покрај брегот со прекрасен поглед на пристаништето и морето.

Враќање на бродот: најдоцна до 14:30, за да имате време за ручек и релаксирање на бродот пред следните активности.

 

18.09.2025 Ден на море 

Коста Диадема, позната и како „кралица на Медитеранот“, е изградена во 2014 година во бродоградилиштето „Финкантиери“ во Италија,со  цена     на изградбата од околу 550 милиони евра. Бродот е долг 306 метри, широк 37 метри, со максимална брзина од 22,5 јазли. Бродот има 19 палуби, од кои 14 се достапни за гостите. Околу 4.000 патници можат да бидат сместени во 1.862 кабини, за кои се грижи екипаж од 1.253 членови. Главната инспирација за внатрешната декорација на бродот била уметноста на италијанската ренесанса и современата поп-арт, така што бродот е горд што прикажува 190 оригинални уметнички дела и 7874 репродукции со тема Kралеви.

Коста Диадема нуди многу содржини на располагање на патниците: седум ресторани, три базени (еден со подвижен покрив), осум џакузи, теретана, спортски терени за кошарка и одбојка, бања Самсара… За најмладите има посебен простор. само за нив игра и забава. За да биде интересен секој момент од крстарењето ќе се погрижи , Емералд театар на три нивоа, Openball Disco  на палубата 11, казино Colden Jubilee  на палубата 5, 4D кино, 11 барови и салони, Country rock club  на палубата 5…

 

19.09.2026 Малага 

Малага е живописен град на јужниот брег на Шпанија, во регионот Андалузија, кој плени со комбинација од убави плажи, богато културно наследство и медитеранска атмосфера. Градот е родното место на Пабло Пикасо, а стариот град со тесни калдрмени улички и шарени фасади ја доловува автентичната убавина на Андалузија.

Од пристаниште до центар: пешки околу 10–15 минути, нема потреба од шатл.

Состанок на групата: 09:30 часот наутро на бродот по појадокот.

Предлог пешачка тура (10:00 – 13:30):

  • Alcazaba – започнуваме со маварската тврдина од 11 век, со убави градини и поглед на пристаништето. Истовремено, ова е одлична точка за фотографии и прв впечаток од Малага.
  • Castillo de Gibralfaro – продолжуваме кон ридската тврдина со лесно искачување. Од врвот се открива панорамски поглед на градот, Медитеранот и пристаништето.
  • Catedral de Málaga – импресивна катедрала во центарот на градот, која плени со својата архитектура и богатите детали.
  • Calle Larios – главната пешачка улица со продавници и кафулиња, совршена за кратка пауза за кафе или освежување.
  • Стариот град – калдрмени улички со локален шарм, шарени фасади и традиционални продавници, каде може да се почувствува автентичната медитеранска атмосфера.

Враќање на бродот: најдоцна до 14:30, за да имате време за ручек и релаксирање на бродот пред следните активности.

 

20.09.2025 Аликанте,  Шпанија 

Аликанте е приморски град на источното крајбрежје на Шпанија, со медитеранска атмосфера и шармантно старо градско јадро. Градот плени со убави плажи, тесни улички и локални кафулиња, а средновековната тврдина Castillo de Santa Bárbara нуди неверојатен поглед на градот и морето.

Од пристаниште до центар: пешки околу 15 минути, нема потреба од шатл.

Состанок на групата: 09:30 часот наутро на бродот по појадокот.

Предлог пешачка тура (10:00 – 13:30):

  • Castillo de Santa Bárbara – започнуваме со искачување до средновековната тврдина на врв на рид, од каде се открива панорамски поглед на Аликанте, пристаништето и Медитеранот.
  • El Barrio – старото градско јадро со тесни улички, шарени фасади и локални кафулиња, создава автентична медитеранска атмосфера.
  • Explanada de España – прошетка по пешачката улица со мозаици и палми, идеална за кратки паузи и фотографии.
  • Plaza del Ayuntamiento – главниот плоштад со локални кафулиња и живост на градот.
  • Playa Postiguet – кратка прошетка до песочната плажа, каде може да се ужива во морската атмосфера и да се заврши турaта пријатно и релаксирано.

Враќање на бродот: најдоцна до 14:30, за да имате време за ручек и релаксирање на бродот пред следните активности.

 

21.09.2026 Барселона ,Шпанија 

По појадокот, групата ќе има состанок на одредено место на бродот во периодот од 09:00 до 11:00, за да се извршат сите процедури за излегување и гранични формалности. По завршување на формалностите и организацијата со багажот, следува трансфер со автобус до центарот на Барселона, град кој се смета за еден од најатрактивните на Медитеранот.

Барселона плени со архитектурата на Антони Гауди – неверојатните форми на Саграда ФамилијаКаза Батло и Ла Педрера, кои привлекуваат милиони туристи од целиот свет. Градот нуди и шармантен готски кварт и оживена атмосфера на медитеранска престолнина.

За време на престојот, групата ќе има можност за краток разглед или панорамски преглед на градот, со слободно време за фотографии и уживање во градската атмосфера.

По завршувањето на престојот, групата ќе се упати кон аеродромот во Барселона за лет во 16:30 со 1 преседнување до Скопје.



  • Деца до 18г, во кабина со двајца возрасни  – 1299
  • Доплата за 3/4 лице во кабина со 2 возрасни -1499€
  • *Цените на крстарењето се загарантирани и потврдени од нашиот тим.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Повратен авионски билет на релација Скопје-Копенхаген и  Барселона – Скопје со вклучени аеродромски такси (дозволена тежина на багаж 23 кг + 8 кг рачен багаж)
  • Сите трансфери аеродром – хотел – пристаниште – аеродром
  • Прошетки во Копенхаген, Кристијансанд, Ла Харве, Виго, Малага, Аликанте и Барселона (транспорт до почетната точка не е вклучен, јавен превоз/такси околу 5–10 € по лице).
  • Ноќевање со појадок во хотел City Cabin 3*во Копенхаген  или сличен
  • Агенциски претставник  на наш јазик за време на целото патување и крстарење
  • 9-дневно крстарење со Costa Diadema: кабини со туш/тоалет, клима, сеф, ТВ, фен и крпи; полн пансион со разновидни оброци, вода од чешма, кафе и чај за време на оброците, закуски, гала и тематски вечери; базени, џакузи, фитнес центар, дискотека, театар и дневни активности; услуга за утовар и истовар на личен багаж; алкохолни и безалкохолни пијалоци не се вклучени.
  • Пристанишни такси во износ од 200 €

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни екскурзии (Копенхаген, Кристијансанд, Ла Харве , на отворено море, Виго, Малага, Аликанте, Барселона)
  • Лична потрошувачка (алкохол и сите други пијалоци кои ги нарачувате во бар/ресторан, перална, третмани за здравје и убавина, фризерски салон, телефонски повици и интернет)
  • Задолжителна полиса за здравствено осигурување за патување
  • Трошоци за издавање виза (доколку е потребно)

Опција доплата : 

ALL INCLUSIVE (250 € по лице, сите патници во кабина мора да ја изберат): My Drinks за возрасни над 18 години вклучува алкохолни и безалкохолни пијалоци, над 25 видови коктели, вино на чаша, кафе и чај во секој бар и ресторан на бродот  ; за деца My Drinks Young – овошни сокови, безалкохолни, минерална вода, безалкохолни коктели, кафе, чај и тополо чоколадо.


ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОПЛАТА НА БРОДОТ::

• Бакшишите за персоналот на бродот се задолжителни и се плаќаат на бродот: 11-14 евра по лице од ден  крстарење и 5 евра за деца на возраст од 4 до 14 години од ден  (сопственикот на бродот може последователно да го промени износот на бакшишот.)


УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

  • Депозит 1 – 125 € / 7,750 МКД по лице при резервација
  • Депозит 2 – доплата до 30% од вредноста на резервацијата најдоцна до 60 дена пред поаѓање
  • Целосна уплата – најдоцна 35 дена пред патувањето

УСЛОВИ ОТКАЖУВАЊЕ:

  • Повеќе од 60 дена пред поаѓање – се губи депозитот (100 € по лице, вклучувајќи 3/4 патник во кабина, без разлика дали е возрасен или дете)
  • 59 до 30 дена пред поаѓање – 20% од цената на крстарењето
  • 29 до 15 дена пред поаѓање – 50% од цената
  • 14 до 8 дена пред поаѓање – 75% од цената
  • 7 и помалку дена пред поаѓање – 100% од цената

БЕЛЕШКИ И ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТУВАЊЕ:

  • Сите одредби и правила за време на крстарењето се дефинирани според прописите на бродската компанија.
  • Сопственикот на бродот го задржува правото да ја промени програмата за крстарење и други детали поради непредвидени меѓународни околности, прописи за пловидба и превоз на патници по морски пат.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени програмата во случај на непредвидени околности. Промената е дозволена и доколку групата не го достигне минималниот број учесници; во таков случај некои услуги како прошетки, приватни трансфери или екскурзии може да бидат заменети со јавен транспорт или алтернативни активности.
  • Пасошот мора да има важност најмалку шест месеци по враќањето од патувањето.