Duration: 29 Nov 2025 - 05 Dec 2025
Price: 1499€
Book Now!
коу-зн


Групно патување до ЛАПОНИЈА — чудесна зимска земја на Дедо Мраз!
Од Скопје
Термин: 29.11.2025-05.12.2025
Пакет аранжман: Авионски билети I  6 ноќевања во хотел 3/4* I Посета на селото на Дедо Мраз   I  трансфери I  Претставник  од агенција со пријавени 16 лица


ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ - 1499€


ПЛАН НА ПАТУВАЊЕ
29.11.2025 Скопје- Рованиеми (Лапонија) – Леви
Состанок на групата:
01:30 часот – 3 часа пред поаѓањето на првиот лет, на аеродромот во Скопје.Патување:

  • Лет 1: OS 764 S
    • Релација: Скопје (SKP) → Виена (VIE)
    • Поаѓање: 04:30 ч.
    • Пристигнување: 06:05 ч.
  • Лет 2: OS 949 S
    • Релација: Виена (VIE) → Рованиеми (RVN)
    • Поаѓање: 10:30 ч.
    • Пристигнување: 14:45 ч.

По слетувањето:
Следува директен трансфер кон Леви – еден од најпознатите зимски туристички центри во Финска. Патувањето трае приближно 2 часа и 30 минути, при што ќе поминете низ снежни арктички пејзажи и мали фински села.
Сместување во хотел и слободна вечер за адаптација и запознавање со околината.

30.11.2025 Леви – Northern Lights Campfire
Појадокот во хотелот е совршен почеток на денот – обилен и свеж, за да се напојувате со енергија пред да започнете со снежните активности во Леви. За љубителите на природа и тишина, препорачуваме зимски прошетки со снежни чизми (snowshoeing) низ неверојатната арктичка природа, каде што можете да уживате во мирот и белината на Лапонија. Во шармантното селце Леви, исто така, може да разгледувате и купувате уникатни сувенири и локални производи, кои се совршен спомен од овој магичен крај.
За оние кои сакаат адреналин, Леви е најголемиот скијачки центар во Финска, со над 40 патеки прилагодени за почетници и искусни скијачи, како и современи жичари. Приближната цена за дневен ски пас изнесува околу 55 € за возрасни и 35 € за деца, а изнајмувањето на комплет ски опрема чини од 35 до 45 €. Достапни се и ски училишта за сите нивоа, кои може да се ангажираат дополнително.
За магично завршување на денот, препорачуваме :
Факултативна вечерна екскурзија – Northern Lights Campfire
Доживејте ја магијата на Северната светлина (Aurora Borealis) во уникатна атмосфера, далеку од вештачките светла на селото. Ќе тргнете од Леви кон специјално избрано место, каде ќе уживате во пикник околу логорски оган со печени колбаси, топли напитоци и домашни пецива.

  • Траење: 3 часа
  • Тргнување: 20:30 часот
  • Операција: Секојдневно
  • Вклучува: зимска облека, трансфери, водство на англиски јазик, храна и пијалоци
  • Цена: 103 € за возрасни / 77 € за деца (4–14 години)

За вечера, имате можност да изберете хотелски ресторан или локален објект каде ќе пробате традиционални фински специјалитети како кремаста супа од лосос (Lohikeitto), традиционална пита со риба и свинско месо (Kalakukko) или задушено месо од ирвас со пире и брусница (Poronkäristys). Просечната цена за вечера се движи од 35 до 50 € по лице, во зависност од изборот и локацијата.

01.12.2025 Леви – Хаски сафари
Појадок во хотел
Започнете го денот со традиционален појадок што ќе ви даде енергија за авантурата што ве очекува.
Целодневни факултативни активности
Хаски сафари – Speed and Relaxation with Huskies and Reindeer
Доживејте ја моќта и брзината на активните хаски кучиња во голем санка управувана од водичот, додека вие уживате во возењето! По возбудливиот 1 км хаски спринт, следува мирно и релаксирачко возење со ирваси низ снежната арктичка природа.

  • Траење: 2 часа
  • Тргнување: 15:40 (понеделник, среда, четврток, сабота, недела) до 4.1.2026
    Од 5.1.2026 понеделник до сабота во 12:40
  • Цена: 185 € за возрасни / 140 € за деца (4–12 години)
  • Вклучува: зимска облека, трансфери, возење со хаски (1 км) со водич, кратко возење со ирваси, топли пијалоци и колачиња, водство на англиски јазик

Враќање во хотел.По возбудливиот ден, вратете се во хотелот за заслужен одмор и релаксација пред вечерта.

02.12.2025 ЛЕВИ-Ден на слободно време / Факултативни активности      

Појадок во хотелот:
Уживајте во појадокот пред уште еден ден на истражување.

Факултативни активности:

  • Риболов на мраз:
    Обидете се со риболов на мраз на замрзнато езеро, традиционална финска забава. Оваа спокојна и мирна активност ви овозможува да ја доживеете арктичката зима одблизу, среде неверојатна природна околина.
  • Просечна цена: 80–100 евра по лице.
  • Возење по снег или скијање во крос-кантри:
    Истражете ја недопрената природа што го опкружува Рованиеми преку скијање со чевли * Слободно време:
    По вашата авантура, одвојте попладне за да се опуштите или да ги посетите атракциите што можеби сте ги пропуштиле во Рованиеми.

*  Факултативна вечера:
Опциите за вечера се достапни во хотелот или во локален фински ресторан, каде што можете да пробате специјалитети како супа од печурки или карелско тесто.

  • Просечна цена: 25–35 евра по лице.

03.12.2025Леви / Santa Claus Village         

*Појадок во хотелот:
Уживајте во појадокот пред уште еден ден на истражување.
Појадок во хотел
Започнете го денот со традиционален и вкусен појадок кој ќе ви даде енергија за сите авантури што ве очекуваат.
Активности
Село на Дедо Мраз
Следува трансфер со јавен превоз до магичното Село на Дедо Мраз во Рованиеми, Финска, сместено точно на линијата на Северниот Поларен Круг. Ова е незаборавно доживување за целото семејство, со снежна атмосфера, топлина и празничен дух.

Бесплатни активности и доживувања вклучени во посетата:

  • Средба со вистинскиот Дедо Мраз – секој посетител има можност за лична средба без претходна резервација.
  • Канцеларија на Дедо Мраз – разгледување на магичното место кое е отворено секој ден од годината.
  • Симболично преминување на Северниот Поларен Круг – секој учесник добива сертификат за ова уникатно искуство.
  • Пошта на Дедо Мраз – можност да испратите писмо со желби за следната Божиќна сезона.
  • Тематски продавници со сувенири – разгледување на автентични фински ракотворби и подароци.
  • Игралишта и снежни активности – лизгалишта, снежен лавиринт и забавни активности за најмалите.

Оваа тричасовна посета е идеална за деца и возрасни, создавајќи магични спомени во срцето на Лапонија.

По завршувањето на посетата:

Следува трансфер со јавен превоз кон Леви, една од најпознатите зимски дестинации во Финска, каде што гостите ќе бидат сместени во хотел.

️ Факултативна вечера

Завршете го денот со вкусна вечера – во хотелот или некој локален ресторан. Не пропуштајте да ги пробате традиционалните фински специјалитети:

  • Lohikeitto – кремаста супа од лосос
  • Kalakukko – пита со риба и месо
  • Poronkäristys – задушен ирвас со пире и брусница

Просечна цена на вечера: 35–50 € по лице


04.12.2025

ЛЕВИ-Ден на слободно време / Факултативни активности      

*  Појадок во хотелот:
Уживајте во појадокот пред уште еден ден на истражување.

Појадок во хотел
Започнете го денот со традиционален и вкусен појадок кој ќе ви даде енергија за сите авантури што ве очекуваат.

Активности и факултативни понуди

EASY SNOWMOBILE SAFARI INTO NATURE

Запознајте се со омилениот начин на движење низ снегот во Лапонија – возење моторна санка!
Оваа лесна тура е совршена за целото семејство и овозможува вистинско уживање во арктичката природа. По возбудливото возење, се прави пауза за топли пијалаци и слатки закуски во дивината.

  • Траење: 2 часа (возење околу 1,5 час)
  • Тргнување: Секојдневно во 09:30 и 13:30
  • Цена: 138 € за возрасни / 110 € за деца (4–14 години)
  • Вклучено: зимска облека, трансфери, инструкции, моторна санка (2 лица по санка), топли пијалаци, бисквити, водство на англиски јазик
  •  Забелешка: Не е достапно за деца од 0–3 години

Самостојни активности во Леви

Ако не сакате да учествувате во организирана факултативна екскурзија, имате повеќе можности за индивидуални активности:

  • Скијање и сноубординг
    Леви е најголемиот скијачки центар во Финска, со уредени патеки за сите нивоа.

    • Ски-пас: околу 55 € по ден
    • Изнајмување опрема: 35–45 € по ден

ФИНСКА САУНА – ВРЕМЕ ЗА РЕЛАКСАЦИЈА

По снежните авантури, препуштете се на финската традиција на релаксација:

Препорачани локации:

  • Levi Spa Hotel – модерен спа центар со сауни, базени и велнес зони.
  • Tonttula Elves’ Village (Tonttu Sauna) – автентична сауна сместена во природа, идеална за порелаксирано искуство.

Цени:

  • Влез во Levi Spa: 25–35 € по лице
  • Приватна сауна или третман: од 50 € по час
  • ️ Шопинг
    Разгледајте и купете сувенири, локални ракотворби и специјалитети во центарот на Леви.

05.12.2025

Леви-Китала-Скопје

По појадокот следи одјавување од хотелот во Леви и подготовка за трансфер до аеродромот во Китала.Патувањето од Леви до аеродромот во Китала (KTT) трае приближно 15 минути со автобус или автомобил.

Лет 1: LH4561 

  • Трансфер: Лет од Китала (KTT) до Франкфурт (FRA)
  • Поаѓање: 16:10
  • Пристигнување: 18:30

Лет 2: LH1542 K

  • Трансфер: Лет од Франкфурт (FRA) до Скопје (SKP)
  • Поаѓање: 20:20
  • Пристигнување: 22:35

Пристигнување во Скопје:
По пристигнувањето во Скопје, групата ја завршува својата програма.

Со себе понесете прекрасни спомени од волшебното искуство во Финска – земјата на северната светлина, хаските и тишината на арктичката природа.

Крај на патувањето.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

✔Авионски билет Скопје-Ровиенм /Китала-Скопје со трансфер, вклучувајќи аеродромски такси и чекиран багаж 23 кг и ски опрема

✔Трансфери аеродром – хотел – аеродром

✔6 ноќевања во хотел

✔1 Посета на Santa Claus Village со јавен превоз (доколку нема минимален број на патници од 16 луге , не е вклучено но даваме насока за индивидуално )

✔ Обезбедени се сите трансфер во Финска

✔ Претставник  од агенција со пријавени 16 лица.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

✔Трошоци од лична природа

✔Патничко осигурување


УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

Услови за резервација :

✔ Депозит 1 – 125€/7750 мкд од лице при резервација

✔ Депозит 2 – доплата до 30% до 28.08.2025.

✔  Целосна уплата 35 дена пред патување .

✔LEVI SUITES – LEVIN KLUBI 4* е потребно 80% уплата при резервација и истиот износ не е рефундабилен


ПОЛИТИКА НА ОТКАЖУВАЊЕ :

Не важат за ✔LEVI SUITES – LEVIN KLUBI 4*

✔ При откажување до 28.08.2025 – се задржува износот на депозитот.

✔ При откажување од 28.08.2025 до 10.11.2025 –  50% од пакетната цена.

✔ При откажување од 11.11.2025 натаму – 100% од пакетната цена.