ЛИСАБОН И ПОРТО
8ми Март во бисерите на Португалија
06.03.2026 – 12.03.2026
6 ноќи – 7 дена | Лет од Скопје
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
06. Март (петок) СКОПЈЕ – ЦИРИХ – ЛИСАБОН
Собир на групата на аеродромот во Скопје два часа пред лет, во 06:55 часот. Полетување за Цирих во 08:55 и пристигнување во 11:15 часот. Полетување од Цирих во 12:35 и пристигнување во Лисабон во 14:35 часот по локално време. Трансфер до хотел со попатен панорамски разглед (околу 2-3 часа) на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик. Ќе ги посетиме најважните места на градот: Плоштадот Рестаурадорес, елегантната Авенија на Слободата , кружниот тек на Маркиз де Помбал. Првите слики ќе ги направиме во Паркот Едвард VII, најголемиот јавен парк во Лисабон. Потоа заминуваме кон најпознатиот лисабонски кварт – Белем, кој е под заштита на УНЕСКО. Ќе го видиме еден од симболите на градот, прекрасната кула Белем која изгледа како да е изградена од песок, а некогаш служела за одбрана на градот. Разгледот продолжува до уште еден симбол на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век. Сместување во хотелот. Вечерта, слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
07. Март (сабота) ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил)
Појадок. Факултативна екскурзија до Синтра (окоу 8 часа), сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Посета на бајковитата палата Пена, една од најпрепознатливите палати во Португалија, изградена во 19 век во романтизам. Се наоѓа на брдо над Синтра, а поради својот раскош и убавина е под заштита на УНЕСКО. Палатата е препознатлива по јаките бои со кои се обоени терасите и кулите и така претставуваат совршен контраст на зеленилото кое ја опкружува. Патувањето
продолжува до најзападната точка на континентална Европа, Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
08. Март (недела) ЛИСАБОН
Појадок. Oрганизирана посета на квартот Алфама (со јавен превоз), возење со стариот трамвај бр.28, прошетка низ стариот град сместен во тврдината/замокот Свети Ѓорѓи, попатно посета на Катедралата, посета на националниот Пантеон. Следи посета на делот од градот каде се наоѓа мостот 25ти април (сличен на мосот во Сан Франциско). Потоа посета на квартот со вибрантен ноќен живот и розевата улица.... Враќање во хотел, индивидуално со јавен превоз. Факултативно, вечера со ритамот на специфичната португалска музика
Фадо.Ноќевање.
09. Март (понеделник) ЛИСАБОН - Алкобака - Батаља –– Коимбра - ПОРТО
Појадок. Организиран трансфер до Порто. Попатна посета на Алкобака. Посета на манастирот Санта Марија д'Алкобака - основан во 12 век од кралот Алфонсо I. Неговата големина, чистотата на неговиот архитектонски стил, убавината на материјалите и грижата со која е изграден го прават ова ремек дело на цистерцијанската готска уметност. Патувањето продолжува кон Батаља каде ќе го посетиме националното обележје на Португалија, ремек-дело на готската архитектура, класифицирано на листата на светското културно наследство
на УНЕСКО, манастирот Санта Марија да Виторија (14-16 век). Продолжуваме до Коимбра, еден од најважните универзитети во Европа. Посета на Универзитетот со неговата извонредна кралска библиотека. Заминување за Порто. Сместување во хотел. Слободно време за уживање со добро кафе во кафе барот Мажестик. Ноќевање.
10. Март (вторник) ПОРТО
Појадок. Прошетка до улицата Света Катерина. Порто е нераскинливо поврзан со реката Дуоро, каде се наоѓа впечатливиот мост Дон Луис, изграден од ученикот на познатиот Ајфел. Прошетката продолжува преку мостот до градот Вила Нова де Гаја кој изобилува со вински подруми. Можност за дегустација на локалните вина, од категоријата на најдобри европски вина, кои ги прославија Порто и долината на реката Дуоро со своите лозја и винарските визби. Можност за крстарење по реката Дуоро. Ноќевање.
11. Март (среда) БРАГА - ГИМАРАЕШ
Појадок.Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативен излет во северна Португалија. Посета на Брага, главниот град на провинцијата Мињо, која била седиште на Галиција (денес Шпанија) во римско време. Прошетка до познатата катедрала, а потоа посета на светилиштето Бом Исус кое се наоѓа на рид (на височина од 1.315 m) над самиот град и до него се стигнува по величествени барокни скали. Заминување и посета на Гимареш, која се нарекува и лулка на Португалија. Првиот португалски крал Алфонсо
Хенрикес е роден овде во 1109 година, неговата статуа се наоѓа пред палатата на војводата од Брага од 15 век. Прошетка до дворецот Дукал (билетот не е вклучен во цената, може да се купи индивидуално). Враќање во Порто. Ноќевање.
12. Март (четврток) ПОРТО – ЦИРИХ – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до Аеродромот во Порто. Полетување за Цирих во 12:05 часот. Пристигнување во Цирих во 15:30 часот и полетување за Скопје во 18:25 (локално време). Слетување во Скопје во 20:25 часот.

Во цената е вклучено :
Во цената не е вклучено :
Забелешки: