БОЖИЌНО ПАТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА и ХРВАТСКА
Организиран превоз од Велес, Скопје, Прилеп
Ден 1.МАКЕДОНИЈА – ЉУБЉАНА 05.12.2025
Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата во 18:00 часот. Поаѓање за Словенија преку Србија и Хрватска. После преминувањето на границата и царинските формалности патувањето продолжува со попатни одмори. Ноќно патување.
Ден 2. ЉУБЉАНА 06.12.2025
Пристигнување во Љубљана во претпладневните часови. Организиран разглед на Љубљана со локален туристички водич: Симболот на градот-Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Прешерневиот Споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн. Слободно попладне за индивидуални активности и прошетки низ двете раскошно украсени улици кои се наоѓаат од двете страни на реката Љубљаница каде се распослани божиќните штандови кои изобилуваат со сувенири со божиќни мотиви, капи, шалови и ракавици, но и со мноштво миризливи колачи и топли пијалоци. Заминување кон Крањ. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
Ден 3. КРАЊ – ПОСТОЈНА – БЛЕД - КРАЊ 07.12.2025
Појадок. Факултативна екскурзијата Постојинска Јама едно од чудата на природата. Посетата на една од најголемите и најпознати пештери во Европа – Постојинска Јама. Турата започнува со возење со електричен воз низ мистичните подземни коридори, а потоа продолжува со пешачка прошетка низ величествените сали украсени со сталактити и сталагмити. Ќе ја видите познатата Концертна сала, како и други природни чуда кои ја прават пештерата единствена во светот. Времетраењето на турата е околу 1,5 – 2 часа. Вклучува локален водич и возење со воз во двете насоки. Температурата во пештерата е константна (околу 10°C), па се препорачува удобна и потопла облека. По возбудливата прошетка низ Постојнска Јама, патувањето продолжува кон идиличното езеро Блед, бисерот на Алпите и една од најголемите туристички атракции во Словенија. Ќе уживате во прошетка покрај езерото со поглед кон познатото островче со црквата „Успение на Пресвета Богородица“. По желба, може да се организира пловење со традиционален брод – плетна до островот и посета на црквата. Неизоставна станица е и вкусната дегустација на прочуената Бледска кремпита, симбол на регионот. За љубителите на историјата, се препорачува посета на Бледскиот замок, сместен високо на карпа, од каде се пружа панорамски поглед врз езерото и околните Алпи. Турата комбинира природна убавина, културно наследство и уникатни гастрономски доживувања, создавајќи незаборавно искуство за секој посетител. Потоа заминуваме назад кон нашиот хотел. Вечера Ноќевање.
Ден 4.КРАЊ – ЗАГРЕБ - МАКЕДОНИЈА 08.12.2025
Појадок. После појадокот заминување кон Загреб. Разглед на Загреб со локален водич (Плоштадот Бан Јелачич, пазарот Долац, Катедралата, Камена Врата, Плоштадот Свети Марко, Кулата Лотршчак и др). Слободно време за уживање во идиличниот Божиќен маркет. Во попладневните часови заминување кон Македонија.
Ден 5.МАКЕДОНИЈА 09.12.2025
Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 289€
Цена за целосна уплата до 31.10.2025 - 269 €
Во цената на аранжманот Е вклучено:
Во цената на аранжманот не е вклучено:
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВНИ ПОСЕТИ :
НАПОМЕНИ: